логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Трет и последен дел од „Тајната на Пресвета Троица

Иконата на преподобниот Андреј Рубљов претставува највозвишен иконографски израз на богословието на Света Троица. На оваа икона символично е претставена Троица, според старозаветниот расказ поврзан со историјата на Авраам и тројцата гости кај Мамврискиот даб, нешто што во христијанската традиција се доживува како старозаветно пророчко укажување (навестување, објавување) на Света Троица (Авраам среќава Тројца, а се обраќа како кон Еден: „Господи…“, види 1Мојс 18 гл.).

Иконата е насловена „Авраамово гостопримство“. На едно ниво оваа икона ги претставува тројцата ангели, седнати под дрвото на Авраам, но на друго е видлив израз на она што Светата Троица претставува: што е природата на Бога и како ние Му пристапуваме. „Читањето“ на образот се одвива одлево надесно, каде Ги гледаме Отецот, Синот и Светиот Дух. Секоја Личност има различна боја на облеката. Духот има небесно-сина и светло-зелена боја (Духот на создавањето се движи на небесата и водите, диши на небото и земјата, сè преку Него живее). Синот има најтемни бои: црвено-кафеава (земјена) и сина (небесното), во Него се соединуваат небото и земјата, двете природи (Божјата и човечката) се присутни во Него и златен појас на десното рамо, бидејќи Божеството го преобразува Неговото земно битие. Отецот, на некој начин, ги има сите бои кои се менуваат со светлината, нешто што не може да се дефинира и е неописливо. Така и треба да е, никој не Го видел Отецот, но видението на Него го исполнува универзумот.

Имаме движење во правец на часовникот. Отецот Го благословува Синот (недефинирано гледа или кон Синот или кон Чашата, која е символ на искупителната Жртва: „ова е Мојот возљубен Син…“), Синот Го слуша Отецот и укажува кон Духот (Он Го испраќа). Ние сме повикани да го завршиме кругот. Тоа е патување: Треба да одговориме на Духот Кој укажува кон Исус (Патот), а Он кон Отецот, во Кого сите нешта наоѓаат исполнување. Тука се три нешта: карпа, рид (над Духот), дрво (над Синот) и куќа, дом (над Отецот). Духот нè возведува на ридот на молитвата, патот нè води кон Исус и кај дрвото. Дрвото засолнува од горештина и е место на безбедност. Тоа е над Синот и Жртвата на трпезата. Поради Жртвата дрвото процветува. Дрвото на смртта (Крстот) е преобразено во дрво на животот. Дрвото е на патот кон домот, домот на Отецот, кој е целта на нашето патување („во домот на Мојот Отец има многу места на живеење, одам да ви приготвам место…“). Тоа е почетокот и крајот на нашите животи. Вратата е отворена за патниците, а прозорецот отворен за Отецот да го види блудниот син што се враќа и да го пречека. Тројцата се претставени како патници, но зошто оние што имаат крилја би патувале? Бидејќи Бог нè придружува нас на нашето патување.

Трпезата е во централниот дел на иконата; очигледно е жртвеник на кој е положено Јагнето Божјо. Од една страна е прикажано гостопримството на Авраам, а од друга страна, гостопримството Божјо кон нас. Тука е Евхаристијата во која ние учествуваме и во која уште сега, во овој живот, го предвкусуваме животот на Царството Небесно, кое претставува љубовна заедница (мистично соединување) со Бог Света Троица. Приносот на нас верните на Бог Света Троица во Светата Литургија се случува во Светиот Дух преку Синот на Отецот. Како што е и двигот во иконата.

Во иконата е запечатена онаа Божествена љубов што царува во Троица и чија највозвишена пројава е искупителниот подвиг на Синот. Крсната жртва на Бог Син е исто така подвиг на љубовта на Бог Отец и Бог Свет Дух.

Тајната на Троица не може да се спознае со разумот, но може некако да се дојде до некоја претстава во молитвениот живот, кога преку молитвата општиме со Личностите на Троица, носители на Едната суштина. Рековме дека ние се обидуваме да Го спознаеме Бога, затоа што во вистинска смисла тоа не е возможно. Св. Григориј Богослов вака го објаснува ова: „Не успевам да го замислам Едното, а веќе ме озаруваат Тројца; не успевам да ги разделам Тројцата, а веќе се вознесувам кон Едниот… Кога со умот ги спојувам Тројцата, гледам една Светлост, бидејќи не можам да ја разделам или измерам едната соединета Светлост“.

Нашето познание на Бога се случува не преку постигнување на Неговата суштина со разумот, туку преку соединувањето со Неговите енергии. Кога се причестуваме со Бога, било преку молитвата, а особено преку светите тајни (Причеста), ние преку Христа, во Кого Божјата Личност ја примила целата човечка природа, се соединуваме и со Божеството, и на тој начин ние Го спознаваме Него. Но, тоа е само делумно и претставува само почеток, но во Вечноста уште посовршено ќе се причестуваме со тој Вечен Живот, со Самиот Бог.

На празникот Духовден го празнуваме конечното објавување на Света Троица во човечката историја, кога Светиот Дух слегнал врз апостолите, т.е. во Црквата (затоа овој празник се нарекува и Троица, а се поздравуваме со Бог се јави). Се забележува извесна хронологија во објавувањето на тајната на Пресвета Троица во човечката историја: Отецот се пројавува во Стариот завет, Синот во Новиот, а Личноста на Светиот Дух во Црквата по Педесетница.

И така, ние ја исповедаме Светата Троица: Еден Бог, а три Личности, Отецот, Синот и Светиот Дух, Троица во Единица и Единица во Троица, Едносуштна и Неразделна.

Прв дел Втор дел

Подготвил: Георгиј Глигоров

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 726
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

« »