логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Архимандрит Рафаил Карелин

Во болницата умре старец. Дијагнозата на неговата болест беше слична на судска пресуда со која е изречена смртна казна. Неговото име беше познато по целиот свет но никаква човечка сила не можеше да го спаси. Единствената помош која неговите колеги лекари можеа да му дадат беше доза морфиум во вената од која тој повеќе не ќе може да се разбуди. Но, во тоа време докторите, исто така атеисти, потсвесно сфатија дека животот и смртта припаѓаат на Божјата одлука, а не на решението на луѓето, затоа им преостана само беспомошно да го гледаат пациентот како тоне во агонија. Пациентот имаше рак на вилицата и јазикот. Тој старец запамтен како чесен рабин, цел живот се обидуваше да докаже дека човекот има само сексуална природа, дека религијата, културата, и искуството се само контрола над неговите гени, дека љубовта на родителите и децата едни кон други е само потсвесна желба за родоосквернување. Во неговите академски лекции и научни дела, се наоѓа многу богохулење и презир спрема човекот.  Како да го имаше собрано целиот талог на злото и гревот, кое човештвото го создаде од своето постоење и сето тоа го нарече ‘наука’. Светот беше спремен да го прими неговото учење. Луѓето далеку од прашањата на психијатријата, со восхит ги читаа неговите книги, бидејки во нив наоѓаа апологија на демонизмот и на сопствените гревови.Тоа учење не  беше причина за морална катастрофа на човештвото, но доведе до вриење на злото, донесено во декадентната култура на 20-от век. Германскиот философ Шпенглер ја напиша книгата ‘Заоѓање на Европа’. Ако би можеле да нацртаме слика со такво име тогаш еден од главните ликови на таа слика би бил и тој старец, кој умираше од рак на јазикот.Тој како да стана духовен отец на науката на 20-от век за човекот. Стана следбеник на демонскиот суд на сексуалниот ѕвер. Веројатно го претпоставувате името на пациентот-тоа е Сигмунд Фројд. Ако културата во изминатите два века беше ‘фаустовска’ култура, кога човекот ја отфрлаше вечноста поради минливите моменти, кои не може да ги запре, тогаш културата на 20-от век можеме да ја наречеме ‘фројдовска’ култура-со  тоа исмевање на се што е свето  и кое сеуште се чуваше во човекот. Човекот е изгубен, главното во животот се состои од два силни инстинкти-секс и убиство-совеста,  со која е човекот оптоварен како во првобитниот хаос. Фројд повеќе не може да зборува, тој објаснува со покрети на прстите, јазикот му е изеден од болеста како на црв. Се зборува дека најголем ужас е да се видиш самиот во гроб. Тој себеси се гледа како распаднат мртовец. Метастазите на раката веќе го покрија неговото тело како пајакова мрежа, на лицето му се појавија гангренозни чиреви, образите му потемнеа, од устата капе плунка, целото негово тело околу себе шири неподнослива миризба. Околу него нема роднини, никој не може да му пријде поради миризбата, која како да се шири од гроб. Фројдовото лице го прекриваат комарци, кои ги привлекува миризбата на гнојот-тој не може да се одбрани од нив. Тогаш неговото лице се покрива како покривач со газа. Изгледа поради неговата миризба и сатаната се воздржува да му пријде, за да му ја земе неговата душа. Агонијата продолжува. Фројд имаше омилено куче од кое никогаш не се одвојуваше. Сега и тоа не издржувајки ја миризбата побегна од собата, тоа беше последен удар за Фројд: остана сам со себеси, односно со тоа што остана од него. Секогаш се плашеше од смртта, но сега немо ја повикуваше со своите очи. Се зборува дека поголема доза на морфиум би ставила точка на историјата на неговата болест.


Фројд-тоа е еден од лошите символи на нашето време. Неговата смрт исто така е символична:таа како да го олицетворува распаѓањето на таа култура, која е изградена на секс и крв,  и култ на изопачено насладување и насилство. Таа миризба на загноеното тело има име “разврат”. Но тој веќе почна да ги труе како гангренозни чиреви сите пет континенти.


Богохулниот јазик на Фројд  се распадна во устата на својот сопственик, се претвори во гној кој капеше од устата и се враќаше во неговот грло. ФРОЈД, КОЈ ГО ПРЕДИЗВИКА НЕБОТО, УМРЕ КАКО НЕМОЌЕН ЦРВ НАПУШТЕН ОД СИТЕ. Но и самата смрт на Фројд има симболично значење, би рекле пророштво за тоа каков крај може да очекува човештвото.

Превод: Б.Ч.

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1011
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 976
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »