логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Архимандрит Рафаил Карелин

   

Астролозите тврдат дека целта на нивното учење е да им помогнат на луѓето да постанат христијани, да се продлабочат и зацврстат во верата. Тие тврдат дека астрологијата припаѓа на природните науки и наоружувајки се со неа, христијаните можат подобро  да ја сфатат да ја проучат и да ја преопознаат својата религија. Значи, повеќемина астролози се залагаат за симбиоза помеѓу Православието и астрологијата.
А ние тврдиме дека тие не можат да постојат заедно: или астрологијата мора да биде осудена како паганско учење и отфрлена или самото христијанство соединето со астрологијата ќе биде изопачено и деформирано.

Што е православно христијанство? –Тоа е пред се непоколебливо чување на апостолското и светоотечкото Предание, верност на содржината и формата која свое потекло води од Божественото Откровение. Православие е чистота на верата и цврстина на преданието.
Веќе во првите векови еретиците-гностици кои се обидуваа да го усогласат христијанството со паганизмот тврдеа дека тие се духовни ‘елитни’ христијани наспроти останатите верници, кои ги нарекуваа профани и кои поседуваа тајни знаења со чија помош може да се сфати длабочината на христијанството и да се дешифрира целото Свето Писмо. Но, вистината за гностиците се состоела во тоа што Христос Го прогласија за еден од космичките еони, Кој слезе на земјата привидно во облик на човек.

Окултистите во нашето време- теософите, антропософите, исто така изјавуваат дека сакаат да им помогнат на луѓето да го сфатат Евангелието подобро од Црквата и завршуваат со тоа што Христос и Луцифер ги прогласуваат за двојници.
Ако човек  праша астролог, кој живее во православна земја од која вера е, најчесто ке добие одговор: “православeн христијанин”. Зошто тогаш Црквата на која тој формално и припаѓа ја негира астрологијата? Веројатно астрологот ќе одговори дека тоа е плод на незнаење и неинформираност, додека најдобрите преставници на Црквата немале ништо против астрологијата.

Тогаш ќе го прашаме астрологот за какви ги смета светителот Василиј Велики или светителот Јован Златоуст - за најдобри преставници на Црквата  или за суеверни и необразовани луѓе. Зошто тогаш тие не се занимаваа со астрологија туку се трудеа да ја искоренат заедно со демонското наследство на паганизмот? Зошто тогаш Црквата нив ги нарекува големи светители и вселенски учители?

Гласот на Православието се Вселенските Собори. На петтиот Вселенски Собор астрологијата беше осудена заедно со другите лажни учења. Познатиот астролог Јован Агирик поради своето погубно учење беше отстранет од Црквата и анатемисан. Ако астрологијата е вистинско учење кое се сложува со Православието зошто тогаш таа не влезе во црквеното Предание? Црквата никогаш не сокри ништо од тоа што и  го пренесоа Апостолите. Ако астролозите историјата на Црквата ја сметаат дека била време на незнаење, необразованост и заблуда, тоа значи дека тие го негираат и самото Православие и создаваат нова религија, спекулирајќи со името Христово кое не им е многу важно. Многу Свети Отци немаа само религиозно образование туку и фолософско. Самата нивна борба против астрологијата зборува за тоа дека тие биле запознаени со ова учење и сведочеа дека астрологијата е една од многубројните непријатели на Црквата.Да се сомневаме во нивната светост значи да се сомневаме и во Црквата,која по зборовите на Апостол Павле е столб и тврдина на вистината (1 Тим 3,16). Значи, астрологијата  за да го оправда своето постоење мора да ја уништи верата во Црквата, да го уништи Православието и да создаде ново учење слично на гностицизмот и теософијата. Астрологијата го дискредитира православното учење, со други зборови го отфрла, заради тоа што дискредитирана религија не може да биде предмет на почитување и на вера. Ако астролозите тврдат дека нивното учење  е ново откровение на Црквата, тогаш пак доаѓаме до противречност. Астрологијата не е ново туку старо учење кое го имаа Вавилонците, поклониците на Астарта-божицата на небото и ѕвездите.

Зошто тоа учење постана популарно во наше време кога гледаме катастрофален пад на моралот, бездуховност и егоцентризам? Дали овие појави не се во меѓусебна врска? Ние овде не се обидуваме да ја анализираме астрологијата како учење, туку сакаме да кажеме дека тоа е исто такво одрекување од Христос како и поклонувањето на идолите. Нека астролозите бидат храбри и нека кажат дека ја прекинаа врската со Преданието на православното христијанство и дека создадоа нова религија со своите женски и машки врагови.

По зборовите на пророкот Осија оние кои истовремено се поклонуваат на Јехова и на Ваал ползат на двете колена (1 Царств. 18, 21). Вистината е една. Таа не може да се промени и да го менува својот облик.
Во Стариот Завет  Бог го казни Авирон кој во светилиштето внесе туѓ оган. (3 Мојс. 16, 12–35).

Православието има своја мистика, тоа е внатрешната Исусова молитва за очистување на умот и срцето од грешни помисли. Православната мистика има љубовен карактер, таа е поврзана со аскетизмот, оваа мистика за цел има вечен живот како вечно Богоопштење и е заснована на љубовта према Бога. На земскиот живот таа гледа како на време на искушение и пат кон вечноста. Христијанскиот мистичар целта на своето постоење не ја утврдува во себе, туку во Бога. Тој умира за себе предавајки ја својата душа на Божествената волја, како би ја добил препородена и преобразена, затоа христијанската мистика е смрт и воскресение на душата. А окултистичката  мистика има  егоистичен и егоцентричен карактер. Таа бара сладострастие, задоволување на страстите, а пред се гордост, а исто така и опивање со демонски чувства, кои човекот ги смета за духовна состојба. Оваа мистика е преполна со грев и страсти, и ако понекогаш, на пример, во системот на јогата се бара вежба споена со воздржување, центар во неа останува самиот човек. Суштината на оваа мистика е служење на сопствените чувства и доживувања, а средствата на кои се потпира мистичарот-окултист  се поседување магиски знаења, сликовито зборувајки тоа се шифрите на пеколот. Човекот кој се утврдува во духовниот свет  преку окултните знаења, а во видливиот свет за потчинување на другите кон својата волја, има агресија како ‘Пророк’ на окултизмот и астрологијата кој се занимава со претскажување обични секојдневни работи бидејки за тоа се интересира неговиот муштерија, а за друго не е ни способен. Во  Библијата се зборува за големо безумие на луѓето кои се одвратија од Бога и почнаа да му служат на златното теле (2 Мојс. 32, 1–8). Плутократијата го потпомага развојот не само на нихилистичкиот материјализам, туку и мистичниот окултизам и морализам кој е лишен од Бога.

Астролозите  премолчуваат многу места во Библијата, каде се осудуваат магијата и окултизмот, вклучувајки го и гатањето по ѕвездите, обидувајќи се да извлечат  бесмислени заклучоци за тоа дека Христовото раѓање зависело од положбата на ѕвездите. Меѓутоа ученикот на Св Јован Богослов, свештеномаченикот Игнатиј Богоносец, за чии посланија дури и рационалистите признаа дека се оргинални, пишува дека Витлеемската ѕвезда за разлика од другите ѕвезди била ангелска сила. Ниту една ѕвезда не можела да застане над Витлеем над местото над кое се роди Христос. Оваа ѕвезда го покажувала патот, ама никаде не се зборува дека таа ја предодредила судбината. Таа беше ангелска појава за исполнување на древните пророштва, а никако елемент на ѕвездената карта. Ниту еден од Светите Отци ова место во Евангелието не го толкувал во астролошка смисла. Астролозите тврдат дека Црквата своевремено, поради незнаење го отфрлила нивното учење, сведочејки со тоа дека тие самите не се во таа Црква. А во која Црква се тогаш? Светиот Дух не може да греши и да лаже. Но, според  мислењето на астролозите, тајните и обредите на Црквата се само историска профанација и дека нема друга варијанта. Кога човековиот живот би можел да биде одреден преку ѕвездена карта на бебињата кои би се родиле во исто време и во ист крај, би имале ист карактер и иста судбина. Зошто тогаш луѓето кои ја здогледаа светлината под разни созвездија, кои се родија во различни земји и на различни меридијани  загинуваат заедно,на пример во бродолом? Зошто двајца близнаци имаат различни  способности, различни таленти, различни карактери и различна судбина?

Астролозите се обидуваат да дадат  контра аргументи и да кажат дека ни двајца близнаци не се раѓаат истовремено, но како тогаш тие не пазат на составувањето на звездените карти на луѓе кои се родени пред  десетина години? Значи ако се следи нивната логика во првиот случај астрологот за да биде звездената карта точна, мора да седи на покривот на породилиштето и да чека детето да се роди (ако помине само минута ке се промени и небесната карта) а во другиот случај знаејки го само приближно местото и денот на раѓањето, тие смело составуваат таблици и го одредуваат според нив човековиот живот. Да направиме едноставен експеримент, да предложиме да се основа ѕвездена таблица на непознат човек и да се одреди неговиот тип и судбина. Грешката е неизбежна, бидејки демонската сила незнае за човековите мисли и не може да учествува во таков експеримент, и ќе залута на ѕвездената карта како дете кое не ги знае поимите на географската карта на светот.

Зошто некои астролошки прогнози некогаш се остваруваат? Обично овие прогнози се даваат во многу неодредена форма така што ситуациите кои се наведени- непријатности, среќавања, победи, порази,  обавезно се случуваат во некои прилики во животот. На пример потполно е возможно ближниот да ме излаже, возможно е и да се добие неочекувана помош, возможно е да се мачам поради болест,а потоа да оздравам и да умрам (ако оздравам нема да се жалам кај астрологот, ако умрам нема да можам да се жалам).

Но ние не сакаме да ја претставиме астрологијата како невина шега. Овде се вклучени и демонските сили кои имаат одредени информации за конкретен човек и незнаејки ја иднината можат само да претпоставуваат  каква ќе биде. Меѓутоа демонот секогаш е лажливец и човекомразец, дури и кога очигледно зборува нешто што личи на вистина. Во Делата апостолски се зборува како опседнатата со бесови слугинка одејки по апостол Павле и неговите сопатници викала:овие се Божји луѓе нив слушајте ги’(Дап. 16, 16–17).меѓутоа апостол Павле не го одобрил ова сведоштво, ‘тој се вознемири во духот’ односно негодуваше како демон сведочи за вистината, и му забрани, после што слугинката престана да ‘пророкува’.

Свештеномаченикот Кипријан Картагински во својата книга "Суетата на идолите" (3. в.) пишува за римските конзули  кои поверуваа на претскажувањата дека ќе победат појдоа во битката и беа убиени и заробени, напротив, конзулот Цезар, кој ги отфрли претскажувањата кои му забрануваа да плови пред зимата во Африка, многу лесно доплови и победи. Во оваа книга Св Кипријан претскажувањата ги нарекува лага, која ја помрачува вистината. Христијанството не признава учење за ‘судбината’ зашто со се раководи промислата Божја, со почитување на човековата слободна волја. Тоа ја негира астрологијата како лажна окултна наука, која тврди дека човекот зависи од планетите, и која човекот не го смета за слободно суштество туку како еден од преметите  т.е. го негира обазот Божји во човекот. Поради тоа Светите Отци на Црквата, а особено Св. Василиј Велики ја разобличуваа астрологијата како паганско учење во кое владеат судбината и неопходноста, каде што нема слободна човекова волја и каде што не постои разлика помеѓу доброто и злото. Црквата не ја прифаќа астрологијата во никаков облик, сметајки ја суштински како еден вид на паганска магија.
Превод: Б.Ч.

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 824
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »