логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Уште на самиот почеток од својот живот во Црквата, јас никако не можев да разберам во нејзиното учење едно прашање, кое потоа не ми даваше мир многу години.

Ако Бог е Љубов, тогаш како може грешниците после смртта толку страшно да се мачат во пеколот?

Јас лично не ги прифаќам илустрираните слики со ѓаволи, кои ги горат луѓето во тави, ги варат во котли и ги набодуваат на вили, зашто знам дека тоа е само алегорично прикажување на пеколот. Но, со признавањето на пеколните тави, самиот факт на измачувањето на несреќните луѓе кои попаднале во пеколот, не станува појасен. Писмото вели дека Бог е Љубов? Значи, Он ги љуби сите- сите- сите на светот, вклучувајќи ги и грешниците во пеколот. Инаку, каква е таа љубов едните да ги љубиш, а другите не многу? Но, од друга страна, како е можно да се дозволи оној кој го љубиш да страда и да се мачи, притоа толку страшно?

Ете такво е прашањето... Во црквената литература, која тогаш ми беше достапна, одговор не најдов: беа деведесетите години, во Црквата многу малку се издаваа книшки, во поголем дел тие беа составени во стилот „Што советувате, отец?’’ А ако во нив се наоѓаше одговор, тогаш тоа беа студени, правни одговори, кои не му даваа храна на срцето.

Па, еве, да речеме, прочитав некаде дека велат „луѓето згрешија против Бог и бидејќи Бог е бесконечен и вечен, тогаш и казната треба да биде бесконечна и вечна’’. Или дека „адот е место, каде се исполнуваат праведните барања на светиот и праведен Бог, се донесува задоволување на божествента правда’’. Да простите, каде е тука љубовта?

Што може да биде ‘‘праведност’’ и “правда’’ во односот со оние кои ги љубиш? Впрочем  љубовта е токму највисоката форма на неправедност и пристрасност кон личноста која ја љубиш, не обрнувајќи внимание на нејзините недостатоци.

Во принцип, таквите одговори воопшто не ми се усогласуваа. Јас ниту душевно не се расправав со нив . Едноставно ги оставив заедно со прашањето што ме мачеше на најоддалечената полица на мојата свест и чекав кога Господ на некои непознати начини за мене ќе ми го открие тоа што јас толку сакав да го разберам. И еве, конечно, ги прочитав зборовите на еден од светите отци, кои, иако не го објаснија целосно ова сложено прашање, но барем внесоа во него некаква јасност. Еве што пишува преподобниот Јован Дамаскин:

„Бог и на ѓаволот секогаш му достава добро, но тој не сака да прифати. И во идниот век Бог на сите ќе им дарува добро, зашто Он е извор на доброто, на сите ја излева добрината и секој учествува во доброто, онолку колку што самиот се подготвил себеси да прими. Затоа, тука, имајќи желба за други работи и постигнувајќи ги, ние барем некако се насладуваме, но таму, кога Бог ќе биде сè и во сè (1Кор.15:28), и нема да има ниту храна, ниту пиење, ниту било какво телесно задоволство, нема неправда, оние кои повеќе немаат вообичаени задоволства, но исто така и оние кои уште сега не прифаќаат од Бога, неизбежно ќе страдаат, не затоа што Бог ја создал казната, туку затоа што ние самите себеси си подредивме казна, исто како што и смртта Бог не ја создаде, туку ние самите ја навлековме на себе.’’

Некој може да каже: „Па што? Всушност, пеколното мачење од ова објаснување не станува помалку болно’’. Така е, се разбира. Но, за мене ова прашање беше болно поради некоја друга причина. Всушност, ако Бог ги мачи луѓето во пеколот, или барем ги остава без Негово присуство и внимание во овие маки, тогаш ... како да живееш тогаш, имајќи таков Бог над себе? Со вакво разбирање, целата проповед на апостолите за Бог е Љубов се претвори во празен звук за мене, контрадикторен збир на добри фрази со кои се опишува нешто неразбирливо.

Но, ако според зборовите на свети Јован Дамаскин, Бог им дава добро на сите, дури и на грешниците, дури и на ѓаволот, но тие не сакаат да ги прифатат ... тука проблемот преминува веќе во сосема друга гледна точка: „... секој учествува во доброто, онолку колку што самиот себе се подготвил да прифати’’.
Ако во земниот живот не научиш да се радуваш во она што Бог ти го дава , значи дека ќе страдаш по смртта од отсуството на задоволствата кои не се од Бог. Повеќе или помалку е јасно, иако не сосема, се разбира ... Постојат  прашања и за таква слика на пеколот.
Но, да ги оставиме, додека сé уште лежат таму на далечната полица. А јас, наместо да ги барам одговорите на нив, подобро да се подготвам во воспримање на доброто кое Божјата Љубов го излева на сите нас и во овој век и во идниот. Се надевам дека сé уште ми остана време за тоа.


протоереј Александар Ткаченко


Извор: http://pravoslavie.ru/116493.html

 

14-ти декември 2018 лето Господово

Подготви: Снежана Корнет

 

Друго:

Снежана Корнет - „Избор" (I) ...

Старец Ефрем Филотејски

Схимандрид Кирил Павлов - Поука

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА И НЕГОВОТО УЧЕЊЕ

ОСАНА, СВЕТ ГОСПОД САВАОТ

ДЕНОТ НА СПОМЕНОТ НА СВЕТИТЕЛОТ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ

Смоленска икона на Богородица наречена “Одигитрија’’

ПРАЗНИК НА ИКОНАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА „РАДОСТ НА СИТЕ НАЖАЛЕНИ’’ (06.11.2018)

 ДА БИДЕМЕ КАКО ДЕЦА КАЈ ПРЕСВЕТАТА- за тоа како подвижниците Ја почитуваа(2)

  Кого го покануваме во својот дом

ДА БИДЕМЕ КАКО ДЕЦА КАЈ ПРЕСВЕТАТА- за тоа како подвижниците Ја почитуваа(1)

Митрополит Лимасолски Атанасиј: Бог никогаш не го турка човекот...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

Седум разгорувања на духот

СОВРЕМЕНИ ЧУДЕСНИ СВЕДОШТВА ПОВРЗАНИ СО ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all&start=20

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all&start=40

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 655
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »