логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Понекогаш, можеби сте се запрашале, дали вистинското значење на љубовта може да биде сочувано.

Во свет жеден да ја дознае вистината за љубовта, милиони луѓе ги преплавија кината за да ја гледаат филмската верзија на новелата на Е. Л. Џејмс – „Педесет нијанси на сиво”, од нејзината премиера на 14 февруари – Денот на св. Валентин до сега. Да гледаат филм во кој се слави една насилна врска која се нуди како модел за функционална љубов. Злоставување како пример за вистинска љубов? Мажите ги водат своите партнерки да гледаат филм во кој една млада жена е манипулирана и повредувана? Каква порака им испраќа овој филм на милиони луѓе во светот кои што имаат искусено или сè уште искусуваат злоставување во некоја своја врска?

„Педесет нијанси на сиво” е новела која што има продадено повеќе од сто милиони примероци низ светот и се смета за една од најпродаваните книги во историјата на книжевноста. Дел е од масовната култура и најмногу ги привлекува адолесцентите, студентите, но е популарна и помеѓу возрасните. Нема сомнежи дека ја имаат прочитано и голем дел од православните христијани. Новелата ја раскажува приказната за Анастасија Стил и нејзиното богато момче Кристијан Греј, како тие двајца полека тонат во врска која вклучува многу форми на емоционална манипулација и сексуално злоставување.„Педесет нијанси на сиво” е показател за тоа како нашето општество повеќе од било кога ја меша желбата за моќ и контрола со љубовта.

Авантурата која ја доживуваат ликовите во „Педесет нијанси на сиво” на прв поглед, можеби, изгледа забавна и возбудлива, но нејзината крајна цел е празнотијата и очајот. Ако набљудуваме внимателно, „Педесет нијанси на сиво” всушност ни покажува дека спротивно од љубовта, во вистинскиот живот, не е омразата, туку искористувањето на луѓето за своите потреби. Кога зборуваме за љубовта, секоја личност заслужува повеќе отколку празниот свет кој што ни го нуди Е. Л. Џејмс. На прашањето за тоа што е вистинска љубов, православното предание нуди едно поинакво гледиште кое што е многу подлабоко и поубаво, барем според нашите сфаќања.

Ви нудиме три христијански насоки за сфаќањето на љубовта во кои може да размислувате во иднина:

Вистинската љубов не искористува – таа дава. Тоа што православното христијанство нѐ учи за љубовта е доста различно од масовно прифатената идеја за тоа што е љубов. Популарната слика за љубовта се фокусира на тоа што другите можат да направат за нас. Оваа слика е пренесена и во филмот каде што ликовите константно се искористуваат еден со друг и погрешно ги толкуваат таквите дејанија за права љубов. Гледањето на луѓето како предмети за искористување наместо како икони Божји е опасно. Кога мажот или жената ја губат својата внатрешна вредност во очите на другиот тогаш тие стануваат лесно ранливи. Вистинската љубов во православното христијанство никогаш не се темели на искористувањето на другиот за да се чувствувате подобро самите. Мажот и жената не се создадени да се искористуваат еден со друг, туку да снисходат и да се дадат себеси еден на друг. Тоа е основата на здравата љубов и делот од нашето создавање од Бога како негови икони. Свети Василиј Велики ни порачува дека вистинската љубов не е тоа што го правиш во своја корист, туку тоа што го правиш за тој/таа што го/ја сакаш, телесно и духовно.

Вистинската љубов го поддржува целомудрието. Православното христијанство подразбира дека сексот е добар и дека отсекогаш претставувал посебен дар за создавање. Но, како и секој друг дар, може да биде искористен на здрав или болен начин. Учењето на Црквата ни покажува како да го искористиме дарот на сексуалноста на здрав начин. Православието ги нуди некои од најпрогресивните и најздрави совети кога се работи за сексот. Во срцето на сите овие совети се наоѓа применувањето на целомудрието. Модерната љубов вели дека слободата да правиме што сакаме сексуално е здраво. Целомудрието нѐ упатува на тоа дека ќе ја пронајдеме вистинската слобода и вистинската љубов само тогаш кога ќе ја надминеме потребата за разуздана сексуална поради поголемо добро за тој/таа со кои сакаме да бидеме во вечна заедница. Поради оваа причина, целомудрието вели ,,Не!” на сексот надвор од бракот и на нездравиот секс внатре во бракот, затоа што вистинската љубов се стреми кон нешто поубаво отколку самото себично задоволување на страста. Блажениот Августин Ипониски нѐ потсетува дека Целомудрието, или чистотата на срцето, завзема сјајно и истакнато место помеѓу доблестите, затоа што таа самата му овоможува на човека да го види Бога. Затоа што Вистината самата рече: „Благословени да се чистите по срце, затоа што тие ќе го видат Бога”.

Целомудрието ги штити луѓето од тоа да бидат предмети за искористување или пак да постанат нечуствителни за вистинска љубов. Нѐ учи за тоа да сакаме на начин на кој нашите животи ќе добијат на значење. Вистинската љубов ја применува девственоста поради тоа што сфаќа дека позади секое „НЕ!“ коешто Бог ни го дава лежи многу поголемо и поубаво „ДА!” Секоја личност, без исклучок, може да го почувствува тоа „ДА” на вистинската љубов коешто е дар што произлегува од девственоста. Ваквата вистинска љубов е далеку поцврста и поисполнителна од сѐ останато што произлегува од масовната култура. И спротивно на популарното верување, целомудрието води кон здрав сексуален живот.

Вистинската љубов нѐ прави ранливи. Вистинската љубов никогаш не е „сигурна”. Таа никогаш не ја крие искршената реалност на светот. Ако некого љубиме, тоа само по себе не нѐ прави совршени, ниту пак ги сокрива нашите мани. Вистинската љубов нѐ прави ранливи и ги вади на површина нашите најдлабоко скриени слабости, за да ги промени во нешто убаво. C. S. Lewis го има напишано следново: „Да сакаш вистински значи да бидеш ранлив. Кога ќе засакаш некого, твоето срце ќе започне да се извиткува, а многу е веројатно и дека ќе се скрши. Завиткај го внимателно со разни хобија и ситни луксузи; избегнувај ги сите попатни врзувања. Затвори го на безбедно во својот ковчег на себичноста. Но, таму, во тој ковчег, во таа безбедна, мрачна, неподвижна средина, без можност да дише, твоето срце ќе се промени. Тоа веќе нема да се крши. Ќе стане нескршливо, непробојно, непоправливо.”

Православното разбирање на љубовта ни укажува дека таа е патот кој Бог го одредил за нас; за ние да станеме личности какви што Бог би сакал да бидеме. Овој вид на љубов е многу повеќе отколку вљубувањето. Многу повеќе од романса. Многу повеќе од сексот. Вистинската љубов е подвижнички избор да ги живееме нашите животи како дар од Бога. Љубејќи вистински всушност правиме избор да го подредиме секој аспект од нашиот живот кон другата личност. На овој начин, вистинската љубов не е само состојба на ранливост на срцето, туку станува и извор на лекување.

Сетете се на зборовите на Митрополитот Калист Вер: „Во нејзината најдлабока смисла, љубовта е живот, енергијата на Создателот во нас.” Историјата покажала дека оваа енергија има способност да го промени светот и покрај сите тешкотии што владееле. Вистинската љубов има сменето од корен многу животи претходно и може да го прави тоа уште безброј пати во иднина.

Затоа, следниот пат кога некој ќе ви ја спомене „Педесет нијанси на сиво”, со смирение и блага мудрост спомнете им за вистинската љубов според Христа.

Андреј Естоцин

Превод: С.Т.

 

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/pedeset-nijansi-na-hristijanska-ljubov/ .



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1018
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 989
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »