логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

3-та недела по Педесетница

„Не грижете се и не говорите што да јадеме или што да пиеме, или во што да се облечеме?
Но барајте го најнапред Царството на Бога и Неговата правда и сѐ ова ќе ви се придодаде“ - Мт. 6,31,33 -


Благочестиви христијани,

Во денешното свето Евангелие, Господ Исус Xристос ни упатува многу значајни зборови. Јасна е и разбирлива оваа Христова порака. Според неа највозвишената цел на нашиот живот е Царството Божјо. Тоа е поважно од јадење, пиење, о6лека... Од сите насушни потреби за одржувањето на физичкиот живот.

Царството Божјо е темата на нашата денешна проповед. Многумина мислат дека оваа тема денес е надмината, несовремена... Во нашево време повеке од луѓето не мислат за некакво царство Божје, туку се борат да создадат на земјата царство на човекот без Бога.

Големитге научни откривања му дадоа и големи надежи и самоуверувања на соваремениот човек. Тој смета дека неговите можности се неограничени. Земјата како да е премногу мала та прави обиди своето царство да го прошири и на другите планети како би постанал космополитски господар на земјата и на небото.

Дали и колку во тоа ќе успееме ќе покаже иднината. Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост и мир, за што човекот и најповеке мечтае.

Според тоа, темата за Царството Божјо за нас христијаните ѐ секогаш современа, а во денешно време уште поважна и актуелна од секоја друга тема. Во што се состои Царството Божјо?
Според св. ап. Павле, царството Божјо не ѐ ниту јадење, ниту пиење, туку: правда, мир и радост во Светиот ДУХ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС особено нагласува дека царството Божјо на земјата ѐ единствената можност и услов за праведен и вистински живот. „Јас сум затоа испратен - вели Господ - за да го проповедам Евангелието за Царството Божјо“. Христовото раѓање, Неговиот живот, страданието, воскресението, основањето на св. Црква сето тоа е со цел да се основа Царството Божјо на земјата. Во Христовото Евангелие најмногу се зборува за Царството на Бога. Најнапред во Господовата молитва во која се молиме: ... да дојде царството Твое како на небото, така и на земјата. И тоа е единствениот начин да се создаде вистински живот, братство меѓу луѓето, љу6ов, мир и радост во животот во кој ќе нема омраза, завидливост, злодела, а за сите ќе има доволно леб, вода, облека... Затоа, понатаму, Господ Исус Христос вели: „Не барајте што ќе јадете или што ќе пиете, или во што ќе се облечете, зашто сето ова го бараат и незнабошците. Знае вашиот Отец небесен што ви е сѐ потребно. Но, барајте го најнапред Царството Божјо и неговата правда, а сѐ ова ќе ви се додаде“.


Браќа и сестри, каков треба да биде човекот за да би влегол во царството Божјо? Одговорот го дава самиот Спасител: „Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно“ - Мт. 18,3 - Човекот, пак, да постане како дете треба целосно да се измени! „Тој што повторно не се роди, не може да влезе во царството Божјо“ - му вели Христос на својот таен ученик Никодим. А човек поново ќе се роди или препороди ако се вистински покае, самиот си пресуди за сите свои лоши навики, гревови престапи и успее да постигне духовна обнова. Царството Божјо ќе го оствариме на земјата ако ги примиме и исполниме начелата на Христовата наука. Сето тоа зависи од нас, од луѓето. Затоа и Христос ни вели дека Царството БОЖЈО е внатре во нас самите.

Бог му дал можност на човекот да изгради подобар и поубав живот, да оствари царство Божјо на земјата. Од човекот не се бара она што тој не може да го оствари. Меѓутоа, многумина одаат, лутааат, го барат својот вистински пат и не го наоѓаат, надвор од Божјото присуство, та затоа и страдаат, се измачуваат, патаат.

Царството Божјо е на земјата, тука во нас и околу нас! Тоа е создадено со самото доаѓање на Христа Господа. Остварено е во лицата на 12-те апостоли и 70-те, на жените мироносици, цариникот Захеј, разбојникот на крстот - кој се покајал, капетанот римски, кој стоел под крстот на Голгота и ја исповедил верата во Христа, а животот маченички го завршил. Царството божјо на земјата го имаат остварено илјадници и стотици илјади маченици и исповедници - свети мажи и жени од Христа па сѐ до денес. И денес царството Божјо постои и делува како невидлива сила во светот, колку и да изгледа тоа неверојатно, зашто целиот денешен живот го негира тоа.

Членови на тоа Царство се сите следбеници Христови иако се во малцинство, но заради нив сонцето Божјо ја грее оваа грешна земја. Тие се вистинските христијани, цврсти и неколебливи во верата и во чинењето добри и праведни дела. Тие малку се забележуваат, не се истакнуваат. Живеат за Бога и за душата своја и имаат мир и радост во Светиот Дух!

Благочестиви, Животот на денешниот човек е исполнет со немир, загриженост, страв. Луѓето се разединети, немаат слога помеѓу себе, љубовта пресушила, земното загосподарило со нивните души. А сето тоа се должи на оддалеченоста на човекот од Бога, од светото Евангелие и неговите заповеди. Само возвишените Христови заповеди можат да ги загрејат и стоплат оладените души на луѓето и го оплеменат човекот.

Само така луѓето ке бидат браќа и синови на Единиот Бог-Отец. Само така може да се оствари вистински живот достоен на човекот кој е слика и налик Божји. Живот христијански, православен. И ние собрани на молитва во нашиот храм, нашите блиски, ние што се именуваме христијани, крстени во светата Црква, треба со сета своја душа, да настојуваме и да се бориме, да го изградиме нашиот живот како дел од малубројните вистински Христови следбеници кои на земјата го оствариле царството Божјо. Ако го воспоставиме Царството Божјо на земјата, тогаш ќе нема потреба од вооружување, од војни, од агенции за безбедност, зашто нема да се браниме еден од друг, бидејки не сме волци, туку сме вистински браќа во Христа Господа, чеда на еден заеднички родител, тогаш ќе завладее и Царството Божјо на земјата, а кое значи да имаме љубов, мир, единство, тогаш нема да го молиме небесниот Отец да дојде царството небесно и на земјата како на небото. Но, прво, сите ние треба да бидеме луѓе во тело а да живееме како ангели Божји. Господ нека ни помага за да го оствариме тоа најголемо начело на Бога и луѓето.
Амин!



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 826
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »