логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопје- храм на св.вмч.Димитриј

31. март 2019. година
Св. Кирил Ерусалимски


Недела Крстопоклона
(III Недела на Великиот Пост)
Марко 8,34-38


О. Жарко Ѓорѓиевски:

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Благочестиви христијани,


Во оваа недела, светата Црква ни дава поука и поткрепа за да истраеме во нашиот подвиг - да истраеме во прочистувањето на телото и душата со пост и молитва. Господ Исус Христос вели: „Без Мене не можете да направите ништо." (Јн. 15, 5), а светиот апостол Павле појаснува: „Се можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи." (Филип. 4, 13). Без Божја помош не би можеле да ги практикуваме добродетелите кои до сега сме ги правеле. Радоста на воскресението и надежта за ветеното Царство Небесно и живот вечен во незалезниот ден на Христовото блаженство, ни даваат сила уште сега, на земјава, да ги совладуваме секојдневните пречки и слободно да газиме боси по трњето на страста и сладостите од овој век, за да стигнеме чисти до изворот на животот. Христовиот пат е тежок и мачен за оние чии срца се прилепени за земното и тој пат не може да го помине секој -многумина се губат и талкаат по прашумите на гревот.

Затоа, светиот апостол Марко ни ги пренесува зборовите Господови, Кој вели: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене." (Мк. 8, 34)
Се прашуваме: Како? Како да го постигнеме ова? Посетуваме храмови, учествуваме на богослужби, слушаме проповеди и прифаќаме поуки на светите оци, и потоа излегуваме во светот, и повторно се прашуваме: Како? Еве денес, евангелистот го пренесува Христовиот начин и вели: „Кој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе..."


Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги тера со сила луѓето да тргнат no Hero, да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат. Потребна е слободна одлука, односно да сакаш да одиш, и да го изодиш до крај патот Христов. Одрекувањето од себеси е самопрегорно предавање на сопствената волја во служба на Бога и ближниот - себежртвата е основното и прво евангелско барање. Барањето за себеодрекување е барање да се одречеме од лажниот себеси, од лажната слика и привид во кој живееме во светот. Себеодрекувањето е преумување, давање на животот нова димензија и смисла. Да го разбереме животот како вистински и единствен пат, еден и неповторлив, a Христос како наш Еден и Единствен Патеводител.

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво. Но, Христос е нашиот пример и Он прв го земал крстот - нашиот, обременет од нашите безумија и тргнал повторно да не направи луѓе. Дошол да биде Патот, Вистината и Животот. Дошол за да биде прв во маките и прв во славата - за да покаже дека невозможното може да стане вистина.

За да се оди по Христа, не е доволно да се одречеме од самите себе. Освен ова, потребно е да сме подготвени за секаква жртва, па дури и да се жртвуваме себеси заради остварување на возвишените начела на Христовиот морален идеал. A токму таа пожртвуваност можеме да ја потврдиме со смирено носење на сопствениот крст, односно со сите неволји, тешкотии и жалости кои не пресретнуваат во животот. He е можно да се оди по Крстоносецот Христос, без својот личен крст. Сите кои одат по Христа задолжително го носат и својот крст. Таквиот животен крст е обременет со секојдневни неприлики и толку многу е сраснат до вистинскиот христијанин, така што, таму каде што е христијанинот, таму е и крстот, а каде што го нема тој крст, го нема ниту вистинскиот христијанин. Според зборовите на свети Теофан Затворник, кој поучува: „Христијанинот сака да се избави од ропството на силниот непријател, а зарем тоа може да помине без борби и страдања? Христијанинот оди спротивно од целиот светски поредок кој го опкружува, и на тој пат има многу неприлики и тешкотии! Затоа, да се радуваме што го чувствуваме крстот врз себе, бидејќи тоа е знак дека одиме по Господа, по патот на спасението, во рајот."
Сознанието дека секој има свој крст е добро и спасоносно за животот на православните христијани, но стравот кај секого дека неговиот крст е најтежок, го прави животот уште потежок, па дури и очаен, па наместо христијански јунаци и подвижници, често пати имаме духовно раслабени личности и морални инвалиди. Но, зарем е можно толку да сме оптоварени? Бог секогаш ни дава крст, кој можеме да носиме, бреме со кое можеме да се справиме. Тежината ја одредува единствено Бог и тоа само, и само, од љубов кон своите созданија. Ние, пак, ако сакаме можеме да го направиме својот крст лесен, само ако сакаме можеме да Го повикаме Господа на помош и Он доаѓа, помага, крепи, охрабрува, исправа на вистинскиот пат и не дозволува да потклекнеме под секојдневните грижи. Само тогаш, носејќи го сопствениот крст, христијанинот пред себе го гледа благиот лик на Спасителот и ја чувствува Неговата силна и милостива десница. Тогаш, стравот исчезнува, трнливиот пат се претвора во рајска патека, а крстот - од товар, се претвора во скапоцен украс на нашиот живот.

Христос вели: „...нека го земе крстот свој и нека оди по Мене!" Да се оди по Христа значи: да се биде со луѓето и меѓу луѓето - да се пројавува на луѓето образот Божји. Тоа значи да се стане призма низ која светлината Божја ќе се разлева на сите луѓе околу нас. Да се следи Христос и да се оди no Hero значи -заедно со Христа да се преживее сето она што Он го преживеал; последните денови од Неговиот живот; отфрлање од народот, шлаканици и плукања, и на крајот маки и смрт на крстот; маките на крстот поради кои извикувал: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Me оставил?" (Мт. 27, 46) Тоа значи доброволно препуштање на волјата Божја, односно ако од нас се бара жртва, да го поднесеме тоа како Авраам кога требало да го жртвува својот син; ако настанат големи катастрофи, да го поднесеме тоа како Ное; ако не снајдат секакви тешкотии, да го поднесеме тоа како Јов; дури и ако не водат на погубување заради Христа, да My благодариме на Бога, како што тоа претходно го правеле илјадници маченици и исповедници пред нас. Бог од нас не бара бесцелно страдање, но распнување на стариот огревовен човек. Co распнувањето и умирањето на гревовното битие со сите негови лоши навики, се раѓа нашето ново, богоподобно битие, или како што вели свети апостол Павле: „Како што се умножуваат Христовите страдања во нас, така се умножува и утехата наша преку Христа." (2. Кор. 1,5)

Да се потсетиме, ако не го земеме крстот и не тргнеме доброволно, како што и Христос Го земал Својот крст доброволно; ако не тргнеме кон сопствената Голгота, ако не страдаме, ако не го умртвиме лажниот живот во нас - нема ниту да воскреснеме. Ако не го поминеме трнливиот пат и не го распнеме огревовениот човек - нема да воскреснеме, ниту да бидеме со Бога.

Да се откажеме од својот заблуден живот, да научиме дека поважно е да се спаси душата, отколку да се добие целиот свет. Само така ќе се удостоиме, според милоста Божја, да го видиме Царството Небесно - големо во силата, неспоредливо во славата, каде што ангелите и светиите дононоќно го прославуваат живиот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух.

Амин.

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

Божествена Литургија вохрамот на св.вмч. Димитриј (31.03.2019)

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019) ...

Жарко Ѓорѓиовски - Беседа за за крајот на светот и за крајот на човечкото живеење...(06.03.2016)  ...

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (10.03.2019)

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 977
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »