логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Во подготвителната недела пред Великиот пост, неделата на блудниот син, Бигорската обител со бдение и Божествена Литургија го продолжи духовното приближување кон светите денови на посното очистување, подарено на верните како некое бесценето богатство од неисцрпните ризници на Црквата Христова. Освен покајничките и трогателни песнопенија, дополнителен порив кон тоа приближување за нас беше и смиреното слово на нашиот старец и игумен, Архимандрит Партениј:

„Позната ни е добро на сите, мили мои, денешната парабола од Светото Евангелие – параболата за блудниот син. Во неа, на еден едноставен и сликовит, но во исто време и многу трогателен начин, ни е прикажано враќањето на грешниот човек при Бога. И уште повеќе: тука доаѓа до особен израз неизмерната, неискажлива, надразумна љубов Божја кон грешникот. Во овој блуден син ние треба да го видиме, всушност,  секој човек, од Адам па до денес, бидејќи, како што е речено: „нема човек што ќе живее а да не згреши“. Така што, праведен човек во апсолутна смисла не постои, освен, се разбира, совршениот Богочовек Христос. Следствено, во блудниот син треба да се препознаеме и лично самите себе.

Светото Писмо ни свидетелствува како нашиот прататко Адам отпаднал од Бога и тој гревопад преминал во наследство на неговите потомци. Целото човештво, значи, се струполило во понорот на гревот и се нашло, како што денес Христос опишува, во туѓа, далечна земја (Лука 15,13). Во текот на целото богослужение, особено на бдението вчера, провејуваше една тивка тага за несреќното странствување на човекот во туѓата земја; за тоа како се погодил со некој лош човек, т.е. ѓаволот, којшто го искористувал и злоупотребувал… Од една страна, знаеме дека целата земја и сѐ што неа ја исполнува, е Божјо создание; уште на првите страници од Библијата, каде се говори за Божјото светостроителство, читаме дека сѐ што Бог создал е убаво и добро. Од каде, пак, тогаш таа далечна земја, во која има само несреќа, страдање, грдотија и беда? Секако, таа далечна земја ја означува духовната состојба на апостасија, отуѓеност на човекот од Бога, односно неприродното состојание на човечкиот дух. Бидејќи најприродно за човекот е да живее во заедница и постојано општење со Бога – единствено тогаш тој е задоволен, среќен, се наоѓа дома, во својата Татковина, имајќи Го Бог за свој Татко и Господ. Меѓутоа, со оглед на тоа што човекот од Бога е создаден слободен, тој, по своја сопствена волја може и просторот каде што живее да го претвори во нешто туѓо, далечно, неприродно за него. Кога човекот се оддалечува од Бога, тогаш и целата природа се сменува, се расипува, станува дива и непријателски настроена кон него. Всушност, со гревопадот на првосоздадените, настрадала и целата природа.

Но, и покрај сето тоа, Бог не го оставил човекот да страда во пропадливост, туку испраќал пророци, учители, проповедници, а накрај проговори и преку Својот единороден Син. Всушност, тоа и го означува угоеното теле од приказната – Спасителот Исус Христос, Кој се даде Себеси на заколение за светот, за храна на духовно прегладнетиот човек. Вчера на вечерната, во една од стихирите, светите отци напишале: „Храни ја мојата душа со милост и простување, затворајќи ме во Твојата небесна житница и спаси ме!“ Овие зборови ме натераа да размислувам колку е потребно за човека да биде во непрестајна заедница со Бога, бидејќи само тогаш имаме полнота во сѐ, целосна реализација на нашето битие. Само тогаш човекот може да се нарече вистински човек. А овдешните, земни радости и приврзаности, лажните наслади, страстите што нѐ обземаат, накрај неминовно нѐ оставаат испокрадени, пусти; кога ќе поминат тие, се чувствуваме изгубени и несреќни. Бог, пак, е милостив, Он е љубов – трпеливо го очекува нашето покајание, очекува да се вратиме при Него, за да нѐ нахрани во Својата небесна житница, со изобилната Му добрина. Слушнавме како утешително започна синаксарот – четивото што се чита по шестата песна од канонот на утрената – како еден охрабрувачки повик кон сите оние што паднале во многу гревови, да нѐ очајуваат: „Ако си блудник како мене, биди храбар, оди! Зашто вратата на Божјите добрини се отвори за сите“. Гледате, светите отци, кои се труделе да се уподобат на Синот Божји, знаеле колку е потребно Црквата постојано да го повикува човекот на враќање кон Бога, без да очајува. Зашто, за човек кој многу греши, кој ја опустошил својата душа со преодни наслади, постои голема опасност да се оддаде на најлошата страст – очајанието и во таа безнадежност и мрак, да се откаже од секаква помисла за поправање, та прекумерно да потоне во гревот. Токму таков е повикот што денес ни го упатува Црквата преку параболата за блудниот син – да се разбудиме, да станеме и да се вратиме при нашиот Отец небесен, во прегратките Негови, секогаш отворени со љубов за нас. Нема да нѐ срамоти, нема да ни се одмазди, тоа не Му е својствено. Гледаме од параболата како милостивиот татко воопшто не го укори својот грешен син за стореното, туку самиот, кога беше уште далеку, го виде… и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива (Лука 15,20).

Да не Го жалостиме, мили мои, нашиот небесен Отец, Кој тагува за нас и нѐ очекува. Ние сме тие коишто треба да кажеме: „Ќе се вратам при својот Отец, каде што има храна во изобилие“. Ние треба да кажеме, затоа што единствено со нашата слободна волја можеме да се вратиме при Отца. Бог не е насилник над нашата слобода, нѐ создал слободни, и го почитува тоа. Затоа само го чека мигот, искрата на нашата желба за соединување со Него. И ќе притрча кон нас, ќе нѐ поткрепи, ќе нѐ благослови, ќе нѐ облече во убава промена, ќе ни даде прстен – печат на Неговото татковство, ќе ни стави обувки за да можеме лесно да го газиме злото од овој свет.

Да не ја претвораме оваа убава Божја планета во далечна земја. И природата го очекува нашето покајание, како што пишува Св. Ап. Павле: А и тварите со нетрпение го очекуваат прославувањето на синовите Божји… Оти знаеме дека сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега (Рим. 8,19, 22). Да си дојдеме на себеси и да тргнеме кон Бога, бидејќи со Него е најубаво. Слушнавме во проповедта пред малку, како владиката Николај Охридски кажува дека само Божјата љубов е поголема од мајчинската. Јас би додал дека таа не може дури ни да се спореди со нешто земно – љубовта Божја е над сѐ.

Да ни даде Господ сили да си дојдеме при себе и да повикаме кон Него: Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници (Лука 15,18-19).

Да сте благословени сите!“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Извор: Бигорски манастир

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1011
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 976
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »