логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас (18.11.2017 11:13)

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:

            Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот живот на душата. И како што телото умира ако крвта истече, така и душата се умртвува ако благодатта Божја отстапи од неа.

На првиот степен од нашиот духовен развој, чистење на срцето од страстите, ние сме во постојана борба да го сопреме тоа истекување и губење на благодатта од нас. На првиот степен, нашиот духовен живот е непостојан и често се случува духовно да паѓаме и да стануваме, но во тој процес ние учиме и како да ја задржиме благодатта во нас. Уште учиме како, и кога благодатта се крие од нас, да живееме исто како кога е таа присутна и кога нескриено ни помага. Во овој подвиг, во ова аскетско принудување на самите себе се состои тајната на нашето духовно растење. Расеаноста на нашиот горд и затемнет ум е главна причина за губење на благодатта. Ете зошто свети Никола Кавасила некаде вели: „Затоа се причестуваме на секоја неделна Литургија, односно така често, за да го обновиме Христовиот печат во нашата нестабилна природа“.

            Дури на вториот степен, просветлување на умот, откога ќе го познаеме местото на срцето и ќе го добиеме дарот на умно-срдечната молитва, ние внатре во нас го запознаваме непресушниот извор на Божјата благодат. И бидејќи имаме вистински допир до Христос, престанува процесот на постојано губење на благодатта, исто како што кај крвоточивата жена престанало течењето на крвта. Ја добиваме онаа постојана радост и светлина.

            Значи, треба да го најдеме вистинскиот начин за допир до Христос, затоа што многу од луѓето се туркаа до Него и Го допираа, но Он само крвоточивата жена ја посочи како некој што вистински се допрел до Него. На првиот степен од духовниот раст, вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, но само во рамките на целосрдечно послушание кон духовниот отец. На вториот степен, вистинско допирање до Христос е повеќечасовното молитвено пребивање на умот во срцето и љубовта кон непријателите.

            Вистинскиот допир до Христос ни ја открива тајната на Царството Небесно внатре во нас, во нашето срце, и ни ги открива силата на преобразувањето и радоста на Христовото воскресение. Тајната на Христовото воскресение ќе остане недостапна и неоткриена за сите оние што не го прифаќаат и што го негираат начинот на вистински допир до Христос на секој од степените на духовниот развој; и ним, како на такви што се потсмеваат и не веруваат, ќе им биде забранет влезот и ќе пропуштат да го видат воскресението на душата и телото уште во овој свет и век, исто како што им се случи на оние што не го видоа воскресението на Јаировата ќерка.

            Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 392
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Наместо смирено да Му се заблагодари на Оној, од Кого е секое добро и секој совршен дар; наместо да Му благодари на Бога што му дал можност да ги изврши...

« »