логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

(Обновено)

КАМБАНИТЕ БИЈАТ ЗА СИРОМАСИТЕ   


Митрополит Американско-канадски Методиј -

metodij.k.point.jpgДа се обидеме вака: трговијата е антитеза на љубовта. Постои село во Индија, а тоа не е осамен пример од Третиот свет, во кое сите возрасни жители живеат со по еден бубрег. Би можело да се претпостави дека се работи за некаков биолошки или антрополошки феномен, или дека ова место на екстремна беда и страдање е восхитувачка персонификација на современиот алтруизам. Но, не е така. Во селото еден ден дошле банкари (и од оние вистинските, и од оние за органи) и во замена за нивните мизерни финансиски долгови, - кои дури и со Сизифовите напори на својот секојдневен труд не биле во состојба да ги отплатат, - им предложиле да продадат по еден бубрег. Така тие ги израмниле сметките и останале на апсолутна нула, или поточно повторно во апсолутна беда. Пак проста математика. Само што по оваа финансиско-соматска трансакција нивните Сизифови маки станале и поголеми, зашто макотрпната физичка работа со еден бубрег е многу потешка. Од друга страна, пак, веројатно заедничкиот долг на селаните, или реципрочно - цената која им била понудена за бубрезите на целата возрасна популација од тоа село не изнесувала повеќе од ручек во некој скап ресторан во една од европските метрополи. Веднаш се наметнува прашањето, колкава е разликата меѓу куповната и продажната цена на тие бубрези или колкав е профитот? Следствено, колку такви села има во Индија, Африка, Латинска Америка и т.н.? Морбидно е (но основано) да се претпостави дека индиските селани би биле среќни кога би имале барем уште еден, трет бубрег, за да можат со него да си обезбедат барем пристоен човечки живот. Парадоксот да биде по очигледен, зарем не мислите дека еден ден во некоја скора антиутописка перспектива и некое македонско село би можело да биде сличен егземплар?
Поентата ми е следнава: донацијата на витални органи е благороден гест на човечка љубов, во таа смисла и нивната трансплантација е благословена работа. Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос. Тоа е став и на Православната Црква и на христијанскиот морал според кој таа се управува. Да се даде од животот свој за живот на својот ближен. Конечно и формулацијата "оригинален акт на љубов" на папата Јован Павле Втори потекнува од истиот христијански етос. Медицинарскиот еснаф треба да се инспирира од ваквите крилатици. Но, ако истиот тој еснаф ги слуша советите на скороупокоениот римски поглавар за трансплантацијата, тогаш треба да ги послуша неговите совети и против чедоморството. Ќе ни ја соопшти ли некој специјалист статистиката по колку неродени деца во минута или секунда се убивани во клиниките ширум светот? Тоа е сигурно многу повеќе од 45 минути, почитувани доктори. Кој прв ќе почне да брои секунди во кои се уништува животот што Бог штотуку ни го подарил? За нив не бијат камбани. Животородната утроба на благословената човечица е унакажена од монструозната идеологија и прагма на демонската хигиена. Но, тоа навидум е друга тема.
Не ме лути само зборот банка. Зборовите можат понекогаш да бидат многузначни. Особено ако имаме некаква намера со нив. Јас не се сомневам во ефикасноста на трансплантациската медицина, ниту во етичките премиси на кои таа почива. Се работи за повик (што е возможно посвесно) да ја испитаме иницијативата од сите аспекти, пред нештата да станат загрижувачки, зашто постои потенцијал да бидат и страобални. Создавањето банки за органи дури и во најцивилизираните општества (што тоа и да подразбира) не поминуваат без криминални испади и скандали. Често самите институции, или банки, како сакате, се директна причнина, поттикнувачи, а и консументи, на парадигматичниот случај од она село во Индија. Искуството учи дека не можеме да бидеме отповеќе претпазливи. Институционализирањето на оригиналниот акт на љубовта може да се претвори (ако тоа веќе и не е реалност) во грозоморно профитирање од маката на најсиромашните социјални слоеви во светот. Од таа преспектива туѓата сиромаштија може да стане мошне уносен бизнис. Луѓе исчезнуваат. Луѓе се раѓаат плански за да бидат употребени. Тоа се случува денес. Човекот е создаден за да биде Бог по благодат, но слободен е да ги надмине и демоните во својата злоба.
Свесен сум за фактот дека има огромен дефицит на витални органи за трансплантација и многу луѓе се измачуваат со секојдневни дијализи и слични третмани. Свесен сум и за тоа дека е страшно секојдневно да се биде сведок на тие страдања и смрт. И јас како исповедник секојдневно гледам отворени човечки срца полни со огромна болка и безнадежност. Во моите молитви и во пастирската служба постојано сум соочен со трудот да им се даде конкретна помош, надеж и утеха на овие страдалници. Како и медицинарскиот, така и свештенослужителскиот повик најтесно е поврзан со човечкото страдање. Опитот ни е взаемен. Во таа смисла Црквата не е таа која се обидува да ги опструира или апстрахира прогресивните заложби на медицината. Насилната смрт од болестите не е природен закон, ниту онтолошка нужност. Христијани сме, не сме фаталисти. Човекот не е создаден од Бога за да биде болен, ниту е предодреден да страда. Болеста е плод на гревот и божествените принципи ниту се менуваат ниту се нарушуваат ако се трудиме да се бориме против гревот и неговите последици. Овие инстанци науката, поточно медицината и ги должи на теологијата.
Фреската од Сикстинската капела на која Микаланџело го изобрази создавањето на Адам, првиот допир на Бога и човекот, е прекрасна метафора за дарот на животот кој има божествен происход и треба да го почитуваме како најголема скапоценост. Она против што се бунтува моето битие потекнува од антиципирањето на злоупотребите на институциите за тргување со органи. Кој ќе ги користи тие банки? Оние што можат да платат? Оние што ќе можат да платат повеќе? И денес мнозина во светот умираат не затоа што нема соодветни органи, туку затоа што немаа пари да ги платат. Величествената победа на животот над смртта ќе биде ексклузивна можност на оние на кои им се достапни благодетите и на ординарните банки. Токму затоа мислам дека терминот бакнка всушност е совршен. Секој друг назив би бил еуфемистичен. Пазарните закони и желбата за профит ќе почнат да му диригираат на оригиналниот акт на љубовта, а тоа не е патот кој го трасира хуманизмот. Можеби ова е темната страна на приказната, но мислам дека наместо создавање сурогат-мотиви, паралелно со ваквите медицински институции повеќе треба да се потрудиме околу подигањето на моралот кај луѓето. Некој е подготвен по својата физичка смрт да ги подари своите органи на оние што имаат потреба од нив. Некој, пак, преку монашкиот подвиг се откажува од својот живот заради љубовта кон своите ближни уште во младоста. Добро е да тежнееме кон секоја добродетел. Важно е љубовта да биде раководно начело во грижата за зачувувањето на животот и здравјето на нашиот ближен. На тоа треба да се научиме: Љубовта е таа што ме чини комплетен, а не сите органи на број. Можам да дадам се од себе, телото да ми се раскине на најситни делови, но ако мотивот не е љубов ништо не сум дал...

Извор: АКПМЕ

 Посети:{moshits}

Мај 2008 лето Господово

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1216
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1763
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1173
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »