логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Многу ми е мачно, што денес луѓето ретко ги читаат житијата на светителите. Тие одиграа (а и денес играат) огромна улога во мојот живот, зашто се извор на вера и надеж. Кога човек чита за светителите, сфаќа дека напишаното во Евангелието е точно. Дека Евангелската историја продолжува и Христос навистина е со нас и ќе биде со нас до крајот на светот. Дека Светиот Дух го променува човекот и го прави великолепен.
    Сега не живееме во време, кога е модерно да си православен. Но, и покрај тоа, секој непредубеден „трагач“ лесно ќе забележи, дека никоја религија, философија или идеологија не родила такви луѓе, какви што има во Црквата. Не зборувам за чудата, кои човек може да ги направи со себеси. Веднаш ми го изнесуа како аргумент тоа, дека во источните религии луѓето можеле да си ја прободат главата од крај до крај и да останат живи... И други слични нешта, како, на пример, да си ја ставаат ногата над вратот. И досега се чудам, што ќе му е на човек да си ја прободува главата и да си ја качува ногата над неа? Категорично не сакам таков човек за пријател... Не, не зборувам за тоа!
    Православната Црква постојано раѓа луѓе, во кои има чудесна, потресна љубов. Љубов, во која нема ни капка егоизам и самоистакнување. И таа љубов навистина прави чуда. Зашто Глава на Црквата е Бог. И зашто Тој е прекрасен во Своите светии. (Пс. 67, 36).
    И токму затоа ми е мачно. Се однесуваме така, како житијата да се само истории од едно минато време. „Сега работите стојат поинаку – велиме. – Ние живееме во време на мали подвизи“. Еднаш го прашале св. Серафим Саровски зошто свети луѓе има сè помалку. А тој одговорил, дека Бог е еден и ист, во секое време, но се намалила решителноста. Решителноста да го сакаме Бога и ближниот се намалила за сметка на едно „комфортно христијанство“. Како да сме го откриле најудобниот пат за Рајот. Како претходно таму да оделе пеш, а денес има автомобили, автобуси, па дури и возови-стрели.

А старец Пајсиј и преподобниот Порфириј како еден човек велат, дека кога човек навистина ќе го засака Бога, тоа заликува на една божествена лудост. И јас мислам, дека нема поточна дефиниција за житијата на светителите. Ние не сме како нив, зашто сме премногу нормални. Во најлошата смисла на тој збор.
Нашата „нормалност“ се изразува во тоа, што постојано мислиме на тоа, што е корисно за нас. Во божествената лудост, човек се заборава себеси од љубов. Видете што вели ап. Павле: „Би се молел самиот да бидам одлачен од Христа, за моите браќа по плот“ (Рим. 9, 3). Каков човек? Да сака да го замени сопственото спасение, за спасението на оние, кои му ја посакуваат смртта... Ќе речете: „Ама, тоа е ап. Павле, а сега нема такви луѓе.“ Нема ли? Раскажуваат како старец Пајсиј страдал заедно со луѓето, кои доаѓале кај него. Им сочувствувал во болкитие и затоа заборавал на себеси и своите болести, постел прекумерно и се молеле: „Христе мој, остави ме мене, не ме земај во обзир. Помогни им на луѓето, кои страдаат“. Така ги исполувал зборовите на св. Исак Сирин, дека „Божјата љубов се наоѓа во одрекувањето од себеси“.

Преподобниот Порфириј Кавсокаливит пак, на крајот од животот бил болен од рак. Имал големи болки, но и покрај тоа, не пиел седативи. Претпочитал да трпи заради Христос. „Некој ќе каже, дека тоа е лудост, но мене ми се допаѓа таа лудост. Не го терам никого да го прави истото“ – велел тој. Љубовта е посилна од секоја болка.
Но, некој ќе се спротивстави: „Таквите луѓе се единки“. Добро, и што да правиме тогаш? Да стоиме со скрстени раце и да чекаме Христос да направи сè. Тоа љубов ли е? Нели Господ вели: „Кој не го земе крстот свој, и не врви по Мене, не е достоен за Мене“. (Мт. 10, 38). А нам ни е страф да не си го расипеме раетот и затоа философираме. Но, не се стремиме ниту да Му угодиме на Христа, ниту сакаме да учествуваме во болките на ближните.

Кога св. Антониј бил млад, тој ги слушнал зборовите на Христис: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по мене“. (Мт. 19, 21) Ги гледате овие зборови: „Ако сакаш да бидеш совршен“. Преподобниот поверувал, ги исполнил и се нарекол голем пред Господа. А ние? Ние живееме во едно време сиромашно со духовна амбиција... Што да одговориме: „Е... дури совршен – не... Можеби сакам да сум добар, совесен... Но не, совршен звучи премногу ангажирачко“.
Еднаш, кога уште бев ученик, еден пријател ме праша зошто кога момчињата се враќаат од касарна, веќе не се истите, чиниш како да немаат веќе мечти. Сега можам да му одговорам – зашто таму пораснуваат, повторно во лошата смисла на зборот. Сфаќаат, дека човекот може да живее и без мечти, без совршенство. Некако си се помируваат. Успеваат да најдат удобен пат во животот, кој не е совршен, но е помалку болен. Токму тоа не го правеле светителите. Свети Мина отишол насред некој незнабожечки празник и ја изобличил бесовската збирштина. Додека го измачувале и му предложувале да се откаже од Христа, тој одговарал: „Не ме баравте, сам дојдов“. И ги победил мачителите. Истото е со сите Христови страдалници.
 Свети Нектариј Егински, кои преку целиот живот страдал од современите мачители – интриганти и клеветници, наспроти сè, претпочитал да се моли за нив. Сметал, дека е подобро тој да страда несправедливо, отколку тие да си го добијат заслуженото. Или пак нашиот современик – старец Ефрем од Катунакија, колку многу години се покорувал на еден старец со тежок карактер. Знаете ли какво мачеништво е тоа? Колку се мачи душата при секоја несправедливост, додека не се очисти. Но папа Ефрем не го сменил старецот, и така добил венец на светоста од Господа.

На светот постојат многу навреди. Според мене, една од најтешките е да кажат на некого, дека е компромисен човек, то ест, онаков, кој прави компромиси со својата вера, заради удобства. Светителите токму затоа се велики, затоа што не правеле компромиси со себеси. Имале желба да стигнат далеку. Не треба да се враќаме многу наназад, за да видеме грамадни примери во таа насока. Старец Јосиф Исихаст имал вакво видение – ликови на монаси, свештеници, мирјани подготвени за борба со огромно множество бесови. Старецот раскажувал, дека во предните редови имало многу малку луѓе. А тој почувствувал голема омраза кон бесовите и посакал да застане во првиот ред. Подвизите, кои старецот ги извршил докажуваат, дека тој навистина бил меѓу оние „во првиот ред“. Кој го терал? Никој! Направил сè од љубов, но со тоа ја променил целата Света Гора. А на почетокот, некои го мислеле за опрелестен. Дури подоцна, сите разбрале каков светител е. Плотската „разумност“ често ја критикува божествената лудост.

Ние самите избираме да сме малечки садови. Зашто малечката љубов е удобна. Преку неа можеш да го соединиш несместливото – Исусовата молитва и смартфонот, богатите гозби и постот, надуеното однесување и богословието, удобниот живот и подвизите. Некој ќе рече: „Јас ја немам нивната сила“. Да, и јас ја немам, и јас сум никаков претставник на 21 век. Но, големата победа на светителите не е заради нивните телесни подвизи, туку заради огромните души и нивната способност да се жртвуваат, каат и понижуваат.

Намерно дадов примери од современи праведници. Зашто сум убеден, дека и тие сега ликуваат со соборот на сите светии во Царството Небесно. И затоа што примерот нивни покажува, дека стремежот кон совршенството е достапен и сега. Само треба да се сетеме какви сме биле пред касарната (што и да значи тоа). Треба да се сетиме на детската амбиција, која се раѓа од чистата љубов. Соединета со зрелото познавање на Господовите заповеди, таа и за нас може да даде чудесни резултати. Доволно е да имаме решителност да се оставиме себеси и да се „разболиме“ од божествената лудост на светиите. 
Свештеник Владимир Дојчев

Извор: http://pravoslaven-sviat.org/2014/07/28/%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BB%D1%83%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82/

Подготви: Златко Дивјаковски

21-ви септември 2015



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…
Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 197
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 303
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 507
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…