логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

 
Верата е предворје на љубовта, а совршената љубов го изгонува стравот, напишал апостолот на љубовта, светиот Јован Богослов. Но, како човек да научи да љуби кога најчесто живее во амбиент на рамнодушност и себичност? Како да остане спокоен во услови на континуирана борба со страдањата на духот, телесните маки, брзото секојдневие што ги надминува неговите сили, суровата реалност пред која неусетно му исчезнува и најмалата искра на вера во постоењето на вечноста? Како да го надмине најголемиот страв кој го раскинува неговото битие: стравот од смртта? Во својата немоќ со своите природни сили да го реши овој егзистенцијален проблем, човекот се збунува, се плаши, станува сè понесигурен, та како последица на тоа се затвора во себеси и полека го убива она што во себе најповеќе го сака, пропуштајќи го така мигот - можноста да го собере и дарува најдоброто што го поседува и истото да го проектира во иднината, во вечноста.

Што е човечкиот живот без тие мигови на допир со вечноста? Еден здив! Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој; ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото веќе нема да се познава (Псалм 102). Времето брзо и неповратно минува, чиниш летнало! И додека се свестиш веќе настапува чудна тишина и несфатлив спокој - за некого средба со стравот, за друг со животот; за едни крај, а за други, пак, нов почеток. Меѓутоа, ако е тоа така, тогаш навистина е жално и она малку време што го имаме на располагање да го поминуваме на границите на нихилизмот и да бидеме заробени во тие тесни рамки на само она што е проверливо и позитивно дадено.

„А што после смртта? Зарем повторно ништавило, кога веќе во него пребиваме уште овде на земјата?“ „Постои ли Бог, воопшто?“ „И ако постои, зошто не можеме да Го видиме и искусиме?“

Ваквите егзистенцијални прашања отсекогаш го мачеле човечкиот род, просто нема таков што не си ги поставил. Без суштински одговор на нив, човекот е соочен со две екстреми: или како самозатворена монада да живее во паничен страв, или да исчезне и да се слее во еуфоричната динамика, губејќи го притоа својот идентитет; или го минува животот плашејќи се од неизвесното, од загубата, од болестите, од биолошкиот крај, или, пак, спротивно на тоа, ненаситно се предава на стремежот за продолжување на својот живот, избирајќи секакви, најчесто и ризични по здравјето методи, да грабне и оствари што повеќе, тука и сега, заменувајќи ја идејата за верата во вечноста со идејата за само подолг, но духовно сиромашен опстанок. Накратко, човечкиот живот е една шаховска игра против смртта - релативно кратка партија што човекот се обидува да ја игра до недоглед, ловејќи ги краткотрајните мигови на среќа.

Setra.Efimija.man.Rajchica

Но, што е среќата!

Секако, не онаа современа екранизирана претстава на скапите холивудски романтични идеи, засновани на краткотрајните задоволства и конформизмот. Напротив! Вистинската среќа е, всушност, надземна, надумна тајна и средба со Апсолутната Вистина! А Вистината е Личност! Значи, за да биде среќен, човекот треба да ја посака и доживее таа средба со единствениот Дарител на среќата, Оној Кој е нејзин непресушен Извор; Оној Кој победи за да ни покаже како да ги надминеме нашите стравови, бришејќи го со Крвта Своја списокот на гревовите наши; Христос, Кој на смртта ѝ ја одзеде силата. И Неговата сила стана наша поткрепа во немоќите.

И со Христос Вистината, кога-тогаш, сите ние ќе се сретнеме лице в Лице! Подобро порано, за да можеме да вкусиме колку е животот благ.
Знаете, човекот постојано патува, бара, истражува, гледа, слуша, чувствува, искусува, се спасува... Но, може да види и чуе, а да не препознае и прими. Исто како Понтиј Пилат кој на Вистината Му Го поставил прашањето: „Што е вистина?“ Вистината не е нешто, туку Некој, а тоа е Бог! И Него сакаме да Го сретнеме, уште сега, во животот на земјата... Заради љубовта Негова... оти без љубов не се може, не се живее, без љубов нема вистински одговори на погоре поставените прашања.

Овие теми потсетуваат на ликот на витезот Антониус од култниот филм на Ингмар Бергман „Седмиот печат“. Храбар витез кој поминал низ разни потресни духовно-телесни состојби, предизвикани од Крстоносниот поход во кој бил, како и од чумата што ништи сѐ пред неа. Во еден миг се соочува со фактот дека смртта дошла и по него. На пат кон својот дом, живеејќи ги последните денови од својот живот, тој има прилика да сретне разни луѓе: очајни, изгубени, незадоволни, болни, но и такви кои се скромни, едноставни, со љубов и спокој исполнети. Преку нив, всушност, се среќава со себеси: со своите падови и копнежи, со мирот и вознемиреноста, со верата и сомнежот. И тој е слика на сите нас. Слика на нашите внатрешни состојби, на нашата борба за живот исполнет со повеќе среќа. Но, Антониус не е само тоа, туку и јасна претстава за човечките дилеми околу суштинските прашања за потеклото на животот, неговиот квалитативен тек, крајот на нашето биолошко постоење и што после тоа. Всушност, нас не нè мачи самата смрт, туку дали со неа завршува сѐ. Оти во даден момент, сите ние трагаме по Вистината, ја чувствуваме потребата да се познае и искуси Бог. Во тој контекст, Антониус седнува на партија шах против смртта и ја одолговлекува, со сите сили се обидува да си го продолжи животот, за да би стасал дома, да поживее уште малку во амбиентот на љубовта. Тоа најмногу доаѓа до израз во мигот кога, патувајќи, се среќава со едно гостопримливо семејство и разменува со нив неколку суштински мисли за убавината и смислата на животот. Тие мисли го скротуваат, го враќаат на себеси. Всушност, младиот брачен бар, кој живее во сферата на духовната чистота, мирот и љубовта е евидентна спротивставеност на витешкиот скриен очај и огорченост.

Меѓутоа, во сета негова внатрешна агонија, тие се и неговиот потсетник дека нема време за тага, нема време за прашања и испитувања, туку за дела на љубовта. Тие треба да се прават до крај, оти само тие можат да го украсат човечкиот живот со вистинска среќа и неговиот крај со нов порадосен почеток. И уште повеќе, во безграничниот простор на нашиот дух, на нашиот внатрешен човек, тие се реална средба со Бог Кој е Вистина - средба која својата полнота ја доживува во вечноста. Затоа, пред самиот залез на неговиот живот, во мигот кога станува сигурен дека ќе мора да заигра танц со сопствената смрт, како израз на неговата љубов и добрина, го спасува од смрт ова чесно семејство, што е, всушност, последното добро дело извршено од негова страна.

„Седмиот печат“ потсетува и на неколку стихови од една поетска творба што деновиве еден драг пријател ми ја испрати. Имено, во неа се вели: „Брзајте да ги љубиме луѓето, оти брзо си заминуваат...“


Монахиња Ефимија,

Со благослов од својот Старец, игуменот на Бигорската Обител, епископ Партениј

 

 

21ви септември 2020 лето Господово

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная