логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 TVITer172

Бесчувствителност (25.07.2020 15:43)

Минатиот пат говоревме за прелеста на умот и за прелеста на срцето, така што, сега, се надевам дека можете точно да правите разлика меѓу едната и другата прелест. Правењето разлика е битно поради фаќањето на моментот на почетокот на прелеста. Секој нормален христијанин што знае да го фати овој почеток, ќе знае и како да го спречи понатамошниот развој на прелеста.

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги контролира и умот, и срцето, и душата, и телото на човекот. Прелеста може да се развие до илузија, како севкупна атмосфера во која човекот живее. Илузијата комплетно го одвојува својот роб од Божјата реалност и благодат.

 Добар пример за таква демонска илузија, кај нас, се оние, малкумина, кои веруваат дека Македонската Православна Црква – ОА е во некаков раскол, само затоа што се робови на колективните несвесни шеми, односно затоа што тоа на нечиј шовинизам и политика така им одговара. А дали е тоа и Божја Волја, тоа религиозниот социопат не го интересира. Во овој случај точно забележуваме како прелеста на умот постепено, но сигурно доведува до крајна бесчувствителност на срцето, а сето тоа заедно до демонска илузија – како севкупна атмосфера во која тие сироти луѓе живеат и дејствуваат.

На пример, без најмало чувство на грижа на совест, откако со прием на дваесетина луѓе прогласија дека се остварило некакво „единство“, на цел еден народ му забранија причест во нивните цркви (кој претходно беше во единство евхаристиско со нив), само за да ги остварат целите на својата психолошка војна. И, никој од нив не се прашува дали е тоа нормално – да „примиш“ во црква дваесет луѓе, а да „отфрлиш“ два милиона? За вера во Бог Кој Е Љубов, тука не може ни да стане збор... За ѓавол – да. A со ваквото „единство“ уште и се фалат... наместо да се засрамат за отсуството на општочовечки здрав разум и сострадалност.

Самата нивна постојана фиксација на нас е проекција на неосвестената несигурност на нивните позиции и потреба за заедница, за која алармира делот од здравата совест што останал кај нив. Ваквата нивна дилема „porc-épic“ и внатрешен субјективен сплитинг резултираат со понадворешнување на нивните многубројни, расцепени и болни внатрешни содржини кон надворешните „ни криви ни должни“ објекти. Ги бирав најблагите зборови за да ја опишам нивната душевна болест.

Бесчувствителноста е, пред сѐ, прелест на срцето. Кога некој, денес, пишува за бесчувствителноста, не може, а во помала или поголема мера, да не пишува и против самиот себе. Во следниот пасус ќе ви се појасни зошто. Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој учи како да се гледа“.

Бесчувствителноста е главна карактеристика на луѓето со растројство на Божествениот лик во себе. Таквите лица се општопознати како психопати и социопати. Но, се појавува поголема опасност и од активното растројство на личноста, а тоа е пасивната социопатија. Каква е пасивната социопатија, како таа настанува и што е лекот за неа, ќе се обидам да ви објаснам во редовите што следат.

Модерниот човек е просто бомбардиран, преку електронските медиуми, за многу и најразновидни несреќи, најчесто со смртни последици, а тој, просто, нема ни време, ни знаење како тоа да го процесуира во себе, без притоа да претрпи поголеми негативни последици. Бесчувствителноста е една од лошите последици, која кај модерниот човек се појавува како пасивна социопатија.

 Што, накратко, значи пасивна социопатија? Тоа е кога човек активно не прави никакво зло никому, но истовремено е бесчувствителен за страдањето на луѓето околу себе и за сите останати за кои слуша дека многу страдаат; и не помага никому. Пасивната социопатија е најпроширената болест на новото време. Нема човек кој, помалку или повеќе, не е зафатен од оваа болест. Јас би ја класифицирал според концептот дискаунт матрица – како највисоко ниво на дискаунт, односно игнорирање како заштитен психолошки механизам кој, од друга страна, всушност е потиснување; а тоа, пак, е сигурна основа за други психо-соматски болести – само прашање е на време кога ќе се појават.

Единствен лек против оваа модерна пандемија е молитвата за целиот свет. Времето е такво што сите треба да се префрлиме на постојана молитва за цел свет, и тоа треба да ни биде единствената идеја секогаш кога ќе застанеме на молитва. Само тогаш нашата молитва ќе добие сериозност и покајание. Само таква молитва Бог слуша.

Кога застануваме на молитва со свесноста дека Христос ни е покајание и сѐ, тогаш сериозноста и покајанието произлегуваат од таа свесност, а кога се молиме за целиот свет, а посебно за оние кои конкретно страдаат, тогаш сериозноста, покајанието и концентрацијата ни доаѓаат, покрај од Богочовекот Христос, и некако природно, од нашата човечност – што е најдобра варијанта. Но, ова е тема за другпат.

Исто така, битна е и конкретната помош на дело. Сум ви напишал, ако меѓу две одења на црква не сте нашле некого да му помогнете конкретно – а сте можеле, немојте ни да се причестувате; да не испадне, на крајот, нашата вера – како малиот христијанин си го замислувал „духовниот“ живот. Ако не се потрудиме конкретно да помогнеме, ќе останеме обични, религиозни, пасивни социопати.

На многуте информации за несреќи, кои несвесно и постепено нѐ прават пасивни социопати, можеме единствено да им се спротивставиме со молитва за секоја поединечно чуена несреќа, како и со конкретна помош – таму каде што можеме. Исто така, на пример, не треба да гледаме и филмски проекции и информативни емисии кои содржат насилство, затоа што несвесно ја зафаќаме ко божем страната на „доброто“, а последицата е повторно иста – пасивна социопатија. Истото се случува и кога безрасудно ги прифаќаме колективните несвесни шеми и ја заземаме личната, семејната, политичката, националната, „црковната“ и која било друга страна, наместо Христовата, а последиците се истите. Итн., итн.

Лошата навика е главниот проблем и во случај на пасивната социопатија и во многу други бесчувствителности, како – комформизмот, раслабеноста на подвигот, млаката лична молитва, безбожниот или безличен или игнорантски однос кон својот Епископ (иако од односот кон Епископот им зависи целиот живот на луѓето – знаеле или не, сакале или не), безверниот и ладен однос кон Светата Литургија и Светата Причест (кога би ја служеле во полна благодат, не би можеле ни да ја довршиме), итн. На лошата навика ќе ѝ се спротивставиме со добра пракса.

Пресвета Богородице, спаси нас!



Митрополит Струмички Наум

 

Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7306

 

 TVITer172



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 842
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »