логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Петтата недела по Педесетница, изговорено во бигорската трпезарија, 21 јули 2019 лето Спасителово

 

Архимандрит Партениј Бигорски

Во денешното Евангелие, мили мои, чувме како нашиот Спасител, нашиот Избавител од ропството на мрачните сили, Господ Исус Христос, исцели двајца луѓе обземени од зли духови, демонизирани (Матеј 8,28-9,1). Денешната евангелска тема, значи, ни говори за најстрашната состојба во која може да западне човек, а тоа е демоноопседнатоста, бесомачноста.

Евангелистот Матеј – а за овој настан ни раскажува и Евангелистот Марко – ни опишува дека кога Господ Христос пристигнал во земјата Гергесинска, која, пак, била во соседство со гадаринскиот крај, надвор од градот, во гробиштата, живееле двајца бесомачни. Тие биле толку лоши, подивени, изопачени и насилни, така што никој не смееше да мине по тој пат (Матеј 8,28). Очигледно, за нив знаел целиот град и сите ги избегнувале како опасни по животот. Биле до толку демонизирани, обземени, обезличени, што нивното јас не ни постоело, едноставно со нив владееле поднебесните духови на злобата (Ефес. 6,12) – демоните.

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја одречат, или да ја игнорираат – мислам на луѓето коишто не веруваат во суштествувањето ниту на ангели, ниту во демони, да не кажам ни во Бога – сепак, неоспорен факт е дека таа постои. Во една прилика, еден доктор, искусен психијатар од душевната болница во Слепче, ми раскажуваше токму за ова. Имено, самиот тој, од своето долгогодишно работно искуство со секакви пациенти, заклучил дека освен душевно болни, има и луѓе кои во себе имаат нешто натприродно, нешто толку силно и чудовишно. Честопати, психичката болест и вознемирувањето од нечистите духови одат заедно, но кај некои присуството, или поточно, обземеноста од нешто натчовечко е очигледно. Кај пациенти кои навидум изгледале крајно немоќни и истоштени, а и реално биле такви, одеднаш, во моменти на афектна состојба, кај нив се појавувала таква агресија, што дури ни десет болничари не можеле да се справат со еден слаб болникав човек! Така, докторот дошол до заклучок дека тие луѓе во таквите моменти се нападнати од некаква натприродна, нечовечка сила, сила од духовен карактер. Колку страшна состојба!

Размислувајќи за ова, се јавува прашањето: зарем добриот Бог би сакал човекот, Неговата највозљубена творба, Неговото чедо, да се наоѓа во таква заробеност од духовите на злото? Се разбира, во ниеден случај! Самиот човек е тој, кој по својата слободна волја и избор, се доведува себеси до таков ужасен стадиум. На почетокот од Светото Писмо се опишува како злиот дух ја излажал нашата прамајка Ева да земе од забранетиот плод, иако Бог претходно беше им рекол на првосоздадените дека ако вкусат од тој плод, ќе умрат: „Не, нема да умрете! Но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови…“ (Битие 3,1-4) Каква лага! Но, ете, нашата прамајка поверувала во тоа и потоа знаеме што се случило. Човештвото западнало во замката на лукавиот. Значи, човекот доброволно му дал право на отпаднатиот ангел, на луцифер, да владее со светот. Затоа и Христос кога дошол да го пресоздаде човештвото, во една прилика рекол: сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор (Јован 12,31). Од каде, пак, ѓаволот станал кнез на овој свет? Кој го направил? Секако не Бог. Човекот по своја сопствена волја му дал право на ѓаволот да владее со овој свет. Од друга страна, Бог не сака да уништи ништо што создал. Он е Создател и на некогаш најубавиот ангел, луцифер, кој отпаднал затоа што се погордеал. Значи, не е Бог виновен, туку нашата слободна волја и избор. Ние сме тие што имаме право да избереме по кој пат ќе тргнеме. По патот на гревот и темнината, или по патот на светлината, како што посведочил Христос за себе: Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот (Јован 8,12). Не дека одеднаш ќе станеме безгрешни и нема да паѓаме, туку дека никогаш нема да се доведеме до таква мрачна состојба на изгубеност, на демонозавладеаност, да не знаеме што правиме. Како луѓе, по своите слабости паѓаме и преку покајанието повторно стануваме. Но, оној кој сосема се оддал на гревот и не му е грижа за спасението на сопствената душа, тој е целосно помрачен и не знае каде оди.


Рековме, значи, дека демонизираноста на двајцата луѓе што живееле во гробиштата е најстрашната состојба. Меѓутоа, не помалку страшно било и расположението на жителите од околните места. Имено, тие откако виделе дека пострадале свињите што биле нивна своина, потполно се помрачиле. Тука треба да забележиме дека, како Евреи, тие не смееле да јадат и да одгледуваат свињи – бидејќи во Стариот Завет свињата се сметала за нечисто животно. Сепак, и покрај забраната, имале токму таков бизнис: одгледувале и препродавале, прекршувајќи го со тоа законот Мојсеев. Затоа Господ им дозволил на демоните да влезат во свињите, како еден вид отрезнување и опомена за гергесинците и гадаринците. Тогаш сите свињи се втурнале и удавиле во морето. Познато е дека ниедно животно не се убива самото себе, но овие, завладеани од бесовите, се издавиле самите. Кога виделе градските првенци дека нивниот приход, или, да се изразам со модерен збор, бизнис, пропаднал, излегле да Го пресретнат Христа и да го замолат да си отиде од кај нив, да не влегува воопшто во нивниот град, да не случајно им уништи уште некој бизнис. Замислете колку бедни биле овие луѓе во душата! Пред нив стоел Оној Кој ги исцелил нивните сограѓани, дотогаш бесни како чудовишта; стоел Ослободителот од мрачното ропство на кнезот на злобата, Лекарот на човечките души и тела, а тие, кутрите, Му рекле да си оди. Не им било ни малку важно што се случило едно такво чудо, што овој Исцелител сигурно би можел да ги излечи сите болни од нивниот град, кои веројатно биле многу на број, туку важни им биле свињите, добивката, материјалното. Го избрале минливото, страстите – чија симболика се свињите, наместо своите ближни и накрај – наместо Господа. „Те молиме оди си од нас. Убаво ни е вака. Ние ги сакаме свињите, задоволствата, страстите, парите… – Ти не ни требаш“. Да не знае човек кого повеќе да сожалува: дали бесомачните, или, „нормалните“ граѓани. Јас повеќе би се сожалил над вториве.

Меѓутоа, немојте да мислите дека само гергесинците и гадаринците Го одбиле Спасителот. Не Му го кажуваме ли и ние истото на Христос и тоа многупати? Не Му вели ли денес светот: „Те молам оди си?“ И со самото тоа, тој запаѓа во најлошата состојба, демоноопседнатоста. Го тераме Христа од себе и доброволно му даваме простор на ѓаволот, правејќи го, свесно или несвесно, кнез на овој век. Да ги земеме за пример производителите на цигари, наркотици, штетни материи… Иако повеќето од нив се свесни дека произведуваат нешто лошо и многу штетно, сепак продолжуваат да го прават тоа. Се прават глуви на гласовите од научници коишто зборуваат дека воздухот, водата и природата општо, се сѐ позагадени, озонот се уништува, неопходен е чист воздух, за планетата што Господ ја создал за нас да може да продолжи да опстојува. И покрај сето тоа, насекаде има фабрики за цигари, за наркотици, се испуштаат радиоактивни материи во воздухот, во водите… Производителите донекаде и да ги разбере човек: заслепени се од страста на среброљубието, па газат по сѐ и сешто само за да дојдат до пари. Но, потрошувачите – што прават тие?! Свесно се убиваат себеси! Ете, на пример, на пакетите од цигарите дури и пишува: „пушењето е штетно по здравјето“, па проследено е и со ужасни слики, од разболени органи како последица од пушењето. А човекот, сепак, го прави тоа. Демоноопседнатост. Нешто сосема неразумно. Знае дека се убива, прво себеси, а потоа и децата негови и сите ближни, а од друга страна вели дека ги љуби луѓето. Како ги љуби? Ако јас ги сакам луѓето, нема да правам нешто што им штети ним. Па и нашето сопствено тело не е само наша сопственост, туку пред сѐ на Господ Кој го создал. Телото е храм на Светиот Дух. Или не знаете, прашува Апостолот Павле, дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе? (1. Кор. 6,19) Кој сум јас да го уништувам храмот на Духот Божји? Уште помалку имам право, пак, да го уништувам животот на другите. Но, гледате каков е човекот, колку бедни сме ние? Многу бедни.

Да Му благодариме на Господа што има толкаво долготрпение, толку голема љубов кон нас! Кога нашиот грижлив Бог и Создател видел во каква беда западнало Неговото најубаво создание, лично Он, Второто Лице на Божествената Троица, накрај дури и стана човек, само за да нѐ приведе кон животот и слободата. Денес во Евангелието ни покажа каква сила има Он над злото. Доколку си со Него, ќе Го имаш Него за помошник и избавител, ќе имаш власт над злото. Самиот Он им рекол на Апостолите: Еве, ви давам власт да газите на змии и скорпии, и власт над секоја непријателска сила; и ништо нема да ви наштети (Лука 10,19). Тоа важи за секој Христијанин кој тргнал по Божјиот пат. Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене – вели псалмопевецот (Псалм 23,4).

Кога човек, било свесно, од безумие, или несвесно, од заслепеност и зачмаеност, се предава на гревовите и на гревовниот начин на живот, тоа неизбежно води кон нарушување, пред сѐ, на душевното, а потоа и на телесно здравје. Најголемиот дел од телесните болести, вклучително, се разбира, и најлошата – демоноопседнатоста, происходат токму од гревот, а навлегуваат преку душата. Сме го слушнале изразот психосоматски болести. Колку само болести и нездрави состојби во наше време лекарите им ги припишуваат на стресот. „Ова ти е од стрес, она ти е од нервози, тоа ти е од напнатост итн.“ Се претпоставува дека дури 60% од болестите на човечкиот организам за причина ја имаат духовната состојба на човекот. Кога еден човек постојано се гневи, полн е со омраза, со завист – таквиот сериозно боледува. Најнапред психички, духовно, а потоа и телесно. Знаете како вели нашиот народ: „Видете го, пожолте од завист, на лицето му се познава колку се јаде себеси“. Луѓето полни со завист и со злоба се препознавани од народот според нивната надворешна физиономија.

Страстите и гревовите ја причинуваат најтешката болест кај човекот: безнадежната тага, или очајанието. Тоа, можеби, е предпоследниот стадиум, прагот кон демонопседнатоста. Очајниот човек е бунтовник против својот Бог. Затоа очајанието во Црквата е окарактеризирано како страшен, смртен грев. Во Стариот Завет, во книгата Мудроста Сирахова, се вели: Не предавај се на жалоста, со мрачни мисли не измачувај се. Срце весело – живот е за човекот, а радоста – животот му го продолжува… Прогонувај ја жалоста; жалоста многумина убила, никаква корист од неа нема (Сирах. 30,22-25). Кој се оддава на претераната жалост, на безнадежната тага, на очајанието, тој се става себеси во рацете на лукавиот. Бог сака да се радуваме на животот: Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие (Јован 10,10) – вели Христос.

Затоа, да го избереме вистинскиот пат, патот на подвиг и борба со гревовите и страстите, заради љубовта кон Бога и кон луѓето. На секоја света Евхаристија Господ Христос доаѓа во земјата на нашето срце, за оттаму да ги изгони бесовите. Да не се покажеме како неблагодарните гергесинци од денешното Евангелие, туку да  се потрудиме да бидеме добри домаќини; да Го примиме во себе нашиот Цар Ослободител. Тогаш сигурно ќе излеземе од состојбата на демоноопседнатост, ќе ја напуштиме земјата Гадаринска и Гергесинска и ќе влеземе во пределите на Божествената радост.

Нека Бог сите нѐ удостои за неа!

 

https://bigorski.org.mk/slova/arhimandrit-partenij/ostrastenosta-pat-kon-demonopsednatost/

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6651
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6452
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5637
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная