логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Слово на Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент, изговорено на празникот Рождество на Свети Јован Крстител, на Божествената Литургија во Бигорскиот Манастир

 

Ваши Високипреосвештенства,

Високопреподобен оче архимандрите,

Драги отци, браќа и сестри,
Епископ Хераклејски г. Климент

Совршувајќи го ова евхаристиско собрание, проникнато од несоздадените енергии на Пресвета Троица, со благослов на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, Ви се обраќам со намера да проговорам за личноста на свети Јован Крстител.

Вообичаено е на роденденот да се зборува за славеникот, и токму овде, од ова место, од почетокот на основањето на оваа свештена обител, па до денес, искажани се најубавите слова за оваа личност. Затоа не ми е лесно да најдам една јадровита мисла за него. Сепак, мислам дека он е великата тајна на заветот, дури и на луѓето од неговото време, кога зборуваат за него, им се измолкнува од секаква профилна категоризација.

Кој е он? Кого сте дошле да видите во пустината? Пророк ли е, или повеќе од пророк? Илија ли е? (Матеј 11, 4-14, Лука 7, 24-30) Дури и начинот на кој иконографски се прикажува е необичен. Се изобразува со крилја. Овие крилја за мене се некој облик на посредување, некаква чудесна мистагогија меѓу двата завета, стариот и новиот. Он е некој вонреден, во смисла на некој што не се вклопува во вообичаените обрасци и категории. Он е сета сила на пустината, и кога зборуваме за него, можеби треба да се потсетиме на зборовите од ангелот кажани на Захариј: Еве, од сега ти ќе онемиш (Лука 1, 20). Еден харизматичен духовник од Запад во овие зборови препознава исихастички монашки императив.

Свети Јован Крстител го доживувам како чудесен плод на јудејската пустина, кој, иако анахорет, кога е потребно, смело е присутен во градот. Ангажирано сведочи и го упатува својот збор на моќниците во светот. Он е виталност на јуродивоста, снажност на Стариот Завет, исушена од подвиг кожа на старозаветните пророци, нивен камшик, несекојдневна „стравичност“ пред светот, еден отклон од вообичаеното, некој што е моделиран по непредвидливот пророчки терк на Илија, Еремија, Елисеја. Како таков, он е очите на целиот Стар Завет што на Јордан ја гледа „тајната, скриена од векови и родови“ (Колос. 1, 26). Свети Јован Претеча Го слуша Отецот, Го допира Синот, Го гледа Духот во вид на гулаб.

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за него во пустината“. Он е Божјата утеха на луѓето што го носеле, и сега го носат товарот на срамната неплодност, блага посета на оние што престанале да се надеваат. Он го почнува својот живот како знак на надеж на безнадежните, како знак на плодното трпеливо чекање, како знак на надминување на законите на природата, како знак на изобилно излевање на Божјата добрина, онаму каде што веќе нема ништо, онаму каде што неплодната старост ги оставила урнатините на животот. Он е изобилна плодност на пустината, благоухан крин во вистинска смисла, непресушна харизма на скриеност, анонимност и повлеченост, пораз на логиката на овој свет, кој живее во антиград, кој самува со Бога, кој, во кенотична испразнетост е поклоник на Света Троица. Он е оган на пустината, прегорен човек Божји. Погледнете го на иконостасот, тој е на иста возраст со Христа, но кога го изобразуваат нашите зографи секогаш изгледа постаро. Тој е оној што се допрел до Бога, што живее во огнот на Синај и сиот прегорел, а не изгорел, и излегол од тој невештествен оган како некој „друг“, „инаков“, подготвен да го крсти Христос во Јордан. Избран да биде совршител на тајната на крштението, разгласител (глас) на покајанието, да биде испратен сведок меѓу луѓето.

Он е тој што е ангажиран од десницата Божја да зборува против неправдата, оној што ја говори вистината, не зад грб, туку во лице и во очи пред моќниците на овој свет. Он е храбар, мажествен, неустрашлив и гине заради својата непоколебливост. Он е образец на невиност, целомудреност, недопрен, сочуван, кој го разобличува блудот на Ирода и на развратната Иродијада.

Он е мистик и мистагог, некој што го гледа Бога и што им помага на луѓето да го доживеат Бога. Он е најголемиот роден од жена (Матеј 11, 11, Лука 7, 28), замислете, тоа за него го вели Христос.

Он е нераскинливо поврзан со Богородица. Секогаш кога ги изговараме зборовите: „Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба“, да се сетиме дека во овие зборови е сета радост на свети Јован Крстител, неговиот екстатичен скок и игра во мајчината утроба. Он е вечен учесник на тој благослов, сотајник на таа тајна уште од утробата.



Он е глас на дејствителната плодотворна девственост. Он е мартир, сведок и маченик, и, на крајот, он е чудотворец до ден денешен.

Плод на неговото чудотворство во Македонија е постоењето на овој свештен манастир, и тоа од времето на неговото основање, од првиот ктитор, Јован Бигорски и Охридски, па сè до последниот возобновител, отец Партениј Бигорски.

Во оваа прилика дозволете да се потсетиме на зборовите на обновителот на светогорското монаштво, старец Јосиф Спилеот, кога првпат го гледа старец Ефрем, како момче што доаѓа на Света Гора, и му вели „Вчера ме посети Претечата и ми рече: Доаѓа едно јагне, прибери го!“ Се сеќаваш, отец Партениј, во нашата рана младост, и ние поитавме на Атос за да се напиеме од живата вода на светоотечкото предание, и да се наситиме од животворното слово на благодатниот старец на Григоријат, игуменот Георгиј Капсанис, кој татковски нè прифати.

Почетокот на деведесеттите години од минатиот век, во светогорската келија Панагија, над Григоријатскиот манастир, и двајцата копнеевме и се молевме празните македонски манастири да се наполнат со монаси и монахињи. Три декади подоцна од тој наш разговор, еве неизгасливо горат кандилата во нашите манастири, се служи литургија во нив, а монашките фиданки пуштија корен, раззеленија, расцветаа и почнаа да даваат плод што смирено го принесуваат пред Бога и верниот народ. Ти, отец Партениј, сè што виде на Света Гора, од отечкиот благообразен поредок на живот, од ламба, полиелеј, етос, типик, неимарство, благолепие… сè пренесе во Бигорски. Та денес, бигорскиот духовен светилник не ни свети само нам, овде, в куќи, и не само во регионот, туку целата православна екумена знае за него. Ова за мене е чудото на Претечата. Бескрајно му благодарам и му се поклонувам за овој дар.

Свети Јоване Крстителе, моли го Бога за нас, за архиереите, за свештенослужителите, за монаштвото, за Црквата, за верниот народ, и за тоа што поскоро да се најдеме во семејството на помесните православни цркви, таму каде што ни е местото.

 

† Климент Хераклејски,

игумен зрзески

 

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/tajnata-na-sveti-jovan-pretecha/

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 714
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

О.Жарко Ѓорѓиевски✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О.Жарко Ѓорѓиевски✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

 Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020 )

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

« »