логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Недела на слепиот



          Бог сака секој човек да се спаси и да дојде до познание на Вистината, секој човек да прогледа. Гледаме дека слепиот не го бара Христос како што гледаме во други примери во Евангелието, каде што луѓето бараат исцеление, туку Бог Го пронаоѓа слепиот, му ги мачка очите со кал, праќајќи го во Силоам да се измие. Со овој акт Бог ја пројавил Својата Божествена волја за исцеление и спасение на секој човек.

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со другите чуда Христови. Насекаде Христос исцелувал само со збор, но нему му ги мачка очите со кал и го праќа да се измие во Силоам. И тоа е клучниот момент за да разбереме што е она што го спречува благоволението – добрата волја Божја, секој човек да гледа, да дојде до познание на вистината, и секој човек да биде спасен, а од друга страна, слободната волја човечка која ја спречува благата волја Божја да дејствува во нашиот живот. Христос можел ниту да пристапи кон него, ниту ништо друго да направи, едноставно да го направи чудото да прогледа, а сепак, Тој му вели: преку ова испраќање сакаш ли да прогледаш? Сакаш ли да се спасиш? Сакаш ли да имаш заедница со Мене?

Господ не е тиранин. Гледате, во секој еден миг во симболиката на Црквата, симболичните богослужбени акти се направени за да се пројави слободната волја. На самиот чин на монашење, епископот, кога замонашува некого, ги остава ножиците, а оној што пристапува да се замонаши мора да ги земе и да му ги даде во рака. Епископот повторно ги остава, а искушеникот повторно ги зема и му ги дава во рака, покажувајќи дека самиот сака потстриг.

Исто така, кога приведуваме некого да стане ѓакон или свештеник, тој прави три поклони, го водат и мора самиот доброволно да пристапи кон светиот олтар. Секој дар Божји, па и Царството Божјо и рајот, Бог нема да ни го даде насила ако не го сакаме.

Овој настан, оваа средба Христова со слепиот човек е значајна за секој еден од нас. Ако направиме споредба со фарисеите, со првосвештениците, кои секојдневно Му служеле на Бог во ерусалимскиот храм, принесувајќи жртви, тие не Го познале Христос, ниту пак, сакале да Го примат, а гледале сè. Бог благоволил тие со својот телесен вид да се родат во овој свет, бидејќи не можело во Стариот Завет некој да стане свештеник доколку имал и најмал телесен недостаток. Ако едниот прст му бил подолг од другиот, тој не можел да стане свештеник. На тој начин се укажувало, пред сè, на совршеноста на духовниот човек. Оној што сака да биде свештеник и да служи во олтарот Божји мора да биде совршен. Пред сè, се мисли на внатрешниот човек. Од друга страна, го гледаме овој слеп човек, кој ништо не можел да види. Се родил слеп во овој свет и ништо не можел да види од блесокот на овој свет, од убавините на овој свет. Но, во првиот миг кога ги отворил очите го видел единственото потребно што треба да го видиме за да си ја спасиме душата. Ја видел вистинската светлина – Богочовекот Христос!

Гледате колку парадоксално! Човек може да живее, да гледа сè и цел живот да се залажува со блесокот и убавините на овој свет, со неговиот лажен сјај, и да остане во духовна темнина и никогаш да не Го види Христос.

Ете, видете ги малите прозори на византиските храмови. Оставаат да продре онолку светлина колку да можеме да видиме и читаме. На тој начин покажуваме дека не ја сакаме светлината од овој свет, туку дека ја претпочитаме несоздадената божествена светлина. Не ни треба светлина однадвор, бидејќи сè што бараме е на литургиското собрание. Овде изгрева светлината од светиот путир, која го осветлува секој човек и му дава светлина на овој свет. Не бараме ништо однадвор. Овде, однатре, од Црквата извира светлина. Тука е Оној што го осветлува светот и Создателот на сонцето. „Додека сум во светот, Јас сум светлината на светот“ (Јован 9, 5), а присуството на Црквата во овој свет е присуството Христово.

И повторно, гледате како Господ не се наметнува. Во мигот кога се случува чудото, Христос како да се сокрива од слепиот човек, па тој не Го гледа. Гледате како Бог остава простор повторно за слободната волја на човекот. Самиот човек да Го побара, да Го препознае. А слепиот, и тоа како Го барал Христос. И не сакал да попушти под ниту еден притисок на првосвештениците и фарисеите.

Како прво, го обвинувале дека во сабота се случило тоа чудо. Велеле дека ако Он е навистина Божји слуга, ако Он е навистина Месија, нема да исцелува во сабота и ќе го почитува Законот Мојсеев. Му велеле, лажните духовни авторитети, гледате: Ти си сиот во гревови роден, Ти ли нас ќе нè учиш? Ние сме свештеници, ние сме Мојсееви слуги (види: Јован 9, 28–34). И, денес го гледаме тоа во Црквата, лажни духовни авторитети. Луѓе кои некако стигнале до мантија и од таму го црпат својот авторитет, а не од својот живот, не од своето покајание, не од својата духовност, не од заедницата се Христос. И за жал има луѓе што ги следат и се привлечувани од лажни духовни авторитети. Но, вистинските духовни авторитети никогаш не зборуваат за себе. Секогаш зборуваат за Христос. Вистинскиот духовен авторитет никогаш нема да слушнете да каже јас сум слуга Христов, мене слушајте ме, мене следете ме. Нема ни потреба од такво нешто. Вистинските духовни авторитети ги препознава човек, ги чувствува. Се чувствува сигурно во нивно присуство. Секој збор на вистинскиот духовен авторитет продира директно во душата, директно во срцето, налик на Христовите зборови. Гледате, Христос ништо не му кажа на слепиот. Слепиот само знае дека му ги отворил очите и почувствувал дека Он е вистинскиот Месија и гледал на било каков начин да Го види, да Го најде Тој што му ги отворил очите. А на оние коишто за себе велеле дека се мојсееви слуги, Мојсееви сведоци, гледате што им кажал: „Дали е грешен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам“ (Јован 9, 28). Кој од вас направил такво нешто?

Затоа, често велам дека нашето одење во црква не подразбира здравје, ниту за нас, ниту за нашите деца. Не подразбира благосостојба, дека секогаш ќе бидеме богати и ќе имаме сè во изобилие. Напротив, штом си Го сретнал Христос, очекувај да почнат неволји и искушенија, оти патот по кој Го следиш Христа е тесен и страдален. Христос во ниту еден миг во Евангелието не нè излажа и не ни вети живот во розеви облаци, барем не овде, на земјата. Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во црква, се подвизуваш и постиш, не треба да ти се случуваат страдања. Исто така, не смееш да мислиш дека оние што грешат и хулат на Бог живеат поубаво. Страдањата и искушенијата се сигурен знак дека си Христов слуга, дека одиш по тесниот пат. Што вели Христос? „Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“ (Јован 15, 20). Ако Христос страдаше, и ако патот кон воскресението и животот вечен поминува низ Голгота и распнување, како очекуваме да не бидеме распнати?

Гледате како веднаш животниот пат на овој слеп човек станува сличен на Христовиот!? Притисоци, испрашување, тормозење секој ден. И на крајот, го исклучуваат од синагогата. И, на некој начин, гледате како Христос цело време се сокрива. Го направил чудото, му ги отворил очите, слепиот Го бара цело време, Го сведочи за да Го види, а Христос таинствено се сокрива од него. Но, слепиот човек не се откажува и покрај малтретирањата на неговите родители. Ги викаат на постојани испрашувања. Дали навистина син им се родил слеп итн., за на крај да го исклучат од синагогата. А дали знаете што значело да бидете исфрлени од еврејското општество? Секој што ќе те поздрави по патот ќе биде, исто така, исклучен. Секој што ќе биде виден да ти даде чаша студена вода ќе биде исклучен од синагогата. Замислете на каков крст бил ставен слепиот човек. И во тој миг кога бил исклучен, осамен и оставен од сите, кај него доаѓа Христос. Му вели: „Веруваш ли ти во Синот Божји?“ (Јован 9, 35). Јас сум Оној што ти ги отвори очите. Слепиот му вели на Христос: кој си ти па да „поверувам“ (Јован 9, 36)? Христос му вели: Јас сум „Кој зборува со тебе“ (Јован 9, 37), а слепиот му „рече: Верувам Господи и Му се поклони“ (Јован 9, 38).

Овде гледаме еден човек што Го претпочита Христос наспроти сиот свет и заедницата со Него наспроти каква било човечка заедница. Што мислите, на слепиот сè уште му било важно дали бил исклучен од еврејската заедница? Тој ја остварил смислата на човековото постоење. И не му било важно што ништо друго немал видено до тој миг од убавините и блесокот на овој свет. Тој Го видел Христос и останал покрај Него да Го гледа засекогаш.

Тоа е смислата на нашето постоење. Христос е исцеление за нашето духовно слепило, за сите нас кои сè уште не сме прогледале и сè уште нашите телесни очи ги заслепува болскотот и лажниот сјај на овој свет, на суетата човечка, на богатството, на убавата облека. Сакаме да се дотераме, да му се допаднеме на овој свет. Сакаме за нас да зборуваат добро. Нека има во нашиот живот и од „доброто“ на овој свет, но не смее нашето срце да тежнее кон тие нешта.

Знаете, Господ секогаш го гледа нашето срце. Он секој од нас различно го благословува – некој од нас ќе биде на раководни функции, некој ќе биде богат, некој ќе биде сиромав; некого ќе го почитуваат во општеството, некого ќе го омаловажуваат и срамат. Секој со својот крст, како што вели народот. Но, не смееме да тежнееме кон славата на овој свет. Знаете, сè што имаме во животот може да стане спасително. Сум ви зборувал многупати дека ниту богатството, ниту славата, ниту честа што ја имаме во овој свет не мора да биде погубна за нас. Но, ако од сите тие нешта нашето срце се исполни со ароганција и во само еден миг почувствуваме дека вредиме повеќе од другите, и со арогантност гледаме кон другите, тогаш даровите Божји и сè она што Бог ни го дал ќе стане погубно за нас. На тоа мисли Христос кога на апостолите им вели „бдејте“ во Гетсиманската градина (види: Матеј 26, 38). Тоа значи да бдееме, да бидеме будни над срцата наши. Да гледам какви чувства имам. Ме пофалиле, сум направил нешто добро, ме унапредиле на работа. Да речам: чекај, што чувствувам во срцето? Дали чувствувам дека сум подобар од другите? Тоа значи да бдеете, тоа значи да се биде христијанин – да внимавате во секој миг што имате во срцата. Ве навредил, ве повредил некој? Тоа не е важно. Што имам во срцето, дали имам горчина и болка, дали го мразам човекот што ми сторил зло? Без тој внатрешен надзор, без таа внатрешна будност, сè друго во нашиот подвижнички живот е циркус. Внатрешниот, подвижничкиот живот е клучен за сè.  Оти гледате, авторитетите и позициите не спасуваат. Оние што биле во олтарот Божји, што ја гледале славата Божја во скинијата, во Светињата на светиите, облакот на славата Божја, отпаднале од Христос. Не само што отпаднале, туку и Го убиле живиот Бог. Го распнале на крст. Исто и денес, не е доволно да имаме духовен отец, да одиме секоја недела на црква и да се причестуваме. Мора суштински да ја оствариме таа заедница, пред сè, во нашето срце. А овде сме апсолутно слободни.

Господ да нè исцели сите од нашето духовно слепило, а почеток на прогледувањето е да се освестиме дека сме слепи, дека ништо не гледаме и дека ништо не знаеме, зборувам на духовен план. Да го прашуваме нашиот духовен отец за сè што го засега нашиот духовен живот и никогаш да не судиме за другите. За ближниот наш, за оние што духовно живеат и се подвизуваат, но и за оние што грешат и гледаме дека секојдневно грешат. Зашто, ако сме духовно слепи и не можеме да расудуваме за самите себе, како можеме да носиме суд за другите?

Да Го преколнуваме Бог да ни даде духовен вид за да видиме само две нешта. Ништо друго не ни треба за спасение. Прво, да се видиме себеси какви што сме, да се познаеме себеси, да ги видиме своите гревови. Да се покаеме за нашите гревови и да плачеме за нив. И втората работа е да Го видиме Христос. Првото секогаш води кон второто. Ништо друго да не видиме во овој живот, оти апсолутно нема никакво значење.



 
Христос воскресе!

 

Божествена Литургија во манастирот во Ново Село (02.06.2019 16:35)



Во Неделата посветена на слепиот, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети Георгиј Победоносец и свети Антониј Велики“, во Ново Село. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

 Извор: http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7098



 

                                                                                                                         



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 714
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

О.Жарко Ѓорѓиевски✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О.Жарко Ѓорѓиевски✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

 Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020 )

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

« »