логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

„А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, чу песни и извици. Па како повика еден од слугите го праша: ’Што е ова?‘ А тој му рече: ’Брат ти си дојде, и татко ти го закла угоеното теле, оти го виде здрав‘. Тој се налути и нејќеше да влезе“ (Лука 15, 25–28).

Еве како реагираат оние што се од ’Стариот Завет‘; оние што мислат дека се на првиот степен – чистење на срцето од страстите, а што не внимаваат на своите страсти (на страста на умот, гордоста); оние што имаат високо мислење за самите себе; оние што неправилно се подвизуваат; оние што ја злоупотребуваат првата благодат, т.е. плодовите од гледањето на првата светлина; оние што другите ги осудуваат, а самите себе се оправдуваат; оние што мразат и завидуваат.

„Тогаш излезе татко му и го молеше“ (Лука 15, 28).

Што гледаме? Непроменет и константен татковски однос и кон постариот син, поточно, кон сите Свои деца кои ги создал, без оглед на нивниот однос кон Него.

Еве ја најпрвин бедната слика на самооправдувањето: „А тој му одговори на татко си и му рече: ’Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив твоја заповед‘“ (Лука 15, 29). А еве ја и целата слика на демонската опседнатост откако ќе се доврши со осудувањето: „И мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели, а кога дојде овој твој син, кој го упропасти твојот имот со блудници, за него ти го закла угоеното теле“ (Лука 15, 29–30).

Да, најпрвин Бог Го осудуваме во самите себе, пред да го осудиме конкретниот човек! Односно, за да го осудиме конкретниот човек, најпрвин ги злоупотребуваме плодовите од гледањето на првата светлина (голото знаење). И додека се самооправдуваме и сакаме да се прикажеме праведни – „никогаш не прекршив твоја заповед“ – веќе исто толку грешиме и ги прекршуваме сите „исполнети“ заповеди дотогаш. Очигледно, постариот син само формално ги исполнувал Татковите заповеди, додека така одговарало на неговиот наемнички интерес и однос. Да ги исполнувал навистина сите негови заповеди, сигурно би се восовршил духовно во личниот однос со својот Татко. Но, тука нема ни трага од личен однос. Ако забележувате, постариот син во ниту едно обраќање не го ословува својот родител со зборот „Татко“, како што и во ниту еден момент не го осудува својот помлад брат поради нарушување на односот Татко – син, туку поради упропастување на имотот.


„А тој му рече: ’Синко, ти си секогаш со мене и сè мое е твое; но требаше да се зарадуваме и развеселиме, оти овој твој брат беше мртов и оживеа, изгубен беше и се најде‘“ (Лука 15, 31–32). Навистина, човек самиот себе, со своето однесување, се осудува и се одделува од заедницата со Бог, грешејќи кон својот ближен. Наместо да се радуваме со својот ближен, ние му завидуваме и го мразиме поради неговите успеси. Да не зборувам и за обидите да му попречиме и да му наштетиме. И тоа му го правиме на нашиот ближен, со кого Богочовекот Христос се поистоветува. Како што читаме во Светото Евангелие: „Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие [Мои] најмали браќа, и Мене не сте Ми го направиле!“ (Матеј 25, 45). Забораваме дека на тој начин стануваме богоборци. А Бог, смирено и трпеливо, на сите ни вели: „Синко... сè Мое е твое...“

И уште нешто: Духовниот отец никогаш не смее да го остави своето духовно чедо без благослов, па макар и во случај кога тоа сака да си замине од него. Тој благослов може да биде даден и усно, и премолчно, и на дело. Тој благослов може да биде даден и со опомена и без опомена. Но, тој благослов мора да биде даден, ако духовниот отец е вистински татко. Со тој благослов, духовниот отец ќе сострадува со своето духовно чедо и ќе го покрива и штити со својата љубов и со молитвата каде и да е тоа и колку и да греши. Со тој благослов никогаш нема да се прекине заемната врска, за духовното чедо да има, ако му затреба еден ден, каде да се врати... Значи, при непослушанието и предвременото заминување на духовното чедо од својот духовен отец, проблемот не се состои во убедување и одвраќање од намерата, туку во тоа да се овозможат услови за враќање.

Митрополит Струмички Наум

 

Извор: МПЦ-ОА


Add comment

Security code
Refresh


Видео содржини

Во продажба е новиот број на Премин 127/128

Јун 05, 2018
„И сега, убеден сум дека тој на небото принесува жртва за нас и се моли за сиот народ (иако нѐ остави, сосема не нѐ напушти), а јас – Григориј, полумртов, полуосакатен, оттргнат од великото…

Филм за монасите од Аризона, САД

Мај 27, 2018
Старец Ефрем Филотејски и Аризонски, духовно чедо на Старец Јосиф Исихастот, е светогорски монах, кој во 1995 година се насели во Аризонската пустина, во САД, каде што основа машки манастир. Со…

Рецитал посветен на св Кипријан

Мај 06, 2018
Од стихозбирките богољубива поезија Манастирски води на сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир посветени на светиот свештеномаченик, игумен на Слепченската обител КИПРИЈАН, по повод…

Промоцијата на „Водич за долговечност” од д-р Митов

Апр 30, 2018
Овој Водич за долговечност се фокусира на најчестите болести кои ни стојат на патот на природниот долг животен век. Тие болести не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на…

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 17, 2018
sv.efrem.sirin2.jpg

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11 4

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм 11. Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи, помогни ми! Никој не може да ја излекува мојата болест, освен Оној, Кој ги познава длабочините на срцето. Колку пати си поставувам растојанија и подигам прегради помеѓу себе и…
Јануари 27, 2018

о. Горан Стојчевски „БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“

о. Горан Стојчевски„БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“,,… Кој ја преминува Канавката со молитва и 150 пати ја споменува Богородица, нему тука му е се: и Атон, и Ерусалим, и Киев!‘‘Св. Серафим Саровски „Умствената молитва е опитна потврда за…

Јеромонах Методиј Зинковскиј: Св. Стилијан – Светилник Христов и покровител на децата

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Драги браќа и сестри, ве по здравувам со…

Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец септември

Ное 16, 2017 Полезно и Потребно 1166
Во издание на црквата посветена на св.Григориј Палама и св. Димитриј Мироточив во…

Македонски преродбеник Теодосиј Синаитски

Теодосиј Синаитски бил македонски [1][2] преродбеник. Тој е роден во Дојран во втората…

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

БEСEДА за тoа штo e пoчeтoк на мудрoста

БEСEДА за тoа штo e пoчeтoк на мудрoста

Акo нeкoј би мoжeл да ги пoгoди ситe чoвeчки мисли и да ги прoрeчe ситe судбини чoвeчки, и да ја oбјави сeкoја тајна штo зeмјата ја криe вo свoитe длабoчини,...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

Какoв e тoј блажeн дeн? Тoа e дeнoт на самooсуда. Кoга тoј дeн ќe oсамнe, чoвeкoт кoј дoтoгаш гo oсудувал цeлиoт свeт, пoглeднува и oдeднаш сe глeда сeбe си какo...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo свeт Бoжји чoвeк, тoј,спoрeд свoeтo сoпствeнo искуствo, oбјаснува какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд  Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo...

БEСEДА  За Христа какo Давидoв пoдмладoк

БEСEДА За Христа какo Давидoв пoдмладoк

Вo врeмeтo на раѓањeтo Христoвo бeа уштe самo нeкoлку лица oд Давидoвoтo плeмe, и тoа нeпoзнати и oсирoмашeни. Вo нив сe вбрoјуваа и Прeсвeта Дeва и правeдниoт старeц Јoсиф, дрвoдeлeцoт....

БЕСЕДА за тoа какo сo грeвoвитe сe oдбива дoбрoтo oд луѓeтo

БЕСЕДА за тoа какo сo грeвoвитe сe oдбива дoбрoтo oд луѓeтo

 А вистинскитe прoрoци oдат прoтив грeвoвитe на нарoдoт, бидeјќи тиe oдат сo дoбрoтo и викаат прoтив грeвoт за да мoжат да гo внeсат дoбрoтo штo e oд Бoга вo душитe...

 БЕСЕДА за бoжeствeниoт брак на чoвeчката душа  (18.05.2018)

БЕСЕДА за бoжeствeниoт брак на чoвeчката душа (18.05.2018)

 Бoг e вeрeн сопруг на чoвeчката душа. Oн никoгаш нeвeстата – душата нe ја изнeвeрува. Нeгoвата љубoв кoн душата никoгаш нe изгаснува сè дoдeка душата нe сe сврти oд Бoга...

« »

Најново од духовност

Православен календар

21/06/2018 - четврток

Свети Ефрем, патријарх Антиохиски; Преподобен Зосим Финикиски; Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат;
 Петрови пости (пост на масло)

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на св. Хриситов вмч. Теодор Стратилат 8 јуни / 23 јуни 2018

Тропар на св. Хриситов вмч. Теодор Стратилат 8 јуни / 23 јуни 2018

Вистински воин на Словото, Теодоре мачениче,со оружјето на верата мудро вооружувајќи се,на Небесниот Цар предобар војвода постана,победувајќи ги демонските полкови,

Тропар за страдањето на св. мч. Христов Теодот Анкирски 7 јуни / 20 јуни 2018

Тропар за страдањето на св. мч. Христов Теодот Анкирски 7 јуни / 20 јуни 2018

Мачениче свети Теодоте, денес Христос под Крстот те приведе,пофалба возвестувајќи во црквата Негова,

Тропар на преподобниот Христов подвижник Висарион 6 јуни / 19 јуни 2018

Тропар на преподобниот Христов подвижник Висарион 6 јуни / 19 јуни 2018

На Твоето име Господи, на Твоето име воздај му слава – повикуваше о ти Висарионе оче наш преподобен.  Бог преку...

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Јован Шангајски - БДЕНИЕ

 

Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная