логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Драги мои, сега ќе ви кажам за Божествената Литургија.

Ако се соберат богатствата од сиот свет и се стават во една чаша на вага, а на другата- Божествената Литургија, тогаш чашата на Божествената Литургија ќе ја надмине скалата. Само што човекот не разбира, какво богатство тој има, се додека, тој благослов не му се одземе. За жал, човекот не го цени ни сонцето, ниту воздухот, ниту светлината. Настанува темнина, се одзема воздухот и не може да дише- тогаш човекот разбира и цени, што тој поседувал и што изгубил.

Имајќи можност  да се биде на Божествена Литургија- не одат, а кои одат- стојат расеано, носејќи ги со себе помислите и грижите од својот живот. Зошто е тоа така? Да, затоа што тој не размислува за тоа што е Литургија. Човекот не ја разбира сета длабочина и важност на Великата Тајна која се извршува пред неговите очи.

Меѓу сите чудеса најважна е Божествената Литургија. Поради Божествената Литургија сонцето на небото свети дневно, месечината- ноќе, ѕвездите небесни, кои се илјадници- својата светлина ја даваат и земјата плод дава и потоа ние можеме да се храниме со леб.

Повторувам, земјата само поради тоа принесува плодови: леб и грозје, дека лебот и виното секој ден се принесува на Светиот Престол  при извршувањето на Литургијата. Не нам, не за нас, грешните, покриени со рани, земјата го дава својот плод, за кој не вредиме ние - земјата го дава него за Божествената Жртва и ќе го дава се додека се извршува на земјата Божествената Литургија. Нема ли да има Литургија- сонцето ќе затемни и земјата ќе престане да го произведува својот плод.


Сега ќе ви кажам кој ја изврши Божествената Литургија и кога. Постои на небото Сонце на Правдата- Вечно, од никој не создадено, самоосветлено и ја разлева Вечната Светлина. Сонцето- тоа е Бог Отецот, и од Него, Пресветлото Сонце, исходи Божествениот  Зрак. Тоа е Синот Божји. Тоа е Зрак Божествен, Зрак на Светлината Чудесна. Тој ја запалува на земјата чудесната лампа, не со елеј е наполнета, туку со Својата Божествена Чиста Крв и тоа е токму Божествената Литургија. Првиот пат ја изврши неа нашиот Господ Исус Христос во Сионската горна одаја во часот кога се извршуваше Тајната Вечера.

Светите Отци опишуваат дека првата Литургија Исус Христос ја изврши вака:  Зеде леб, - не, не зема  леб Спасителот во Своите пречисти раце, туку тебе, грешната душа, тебе Спасителот со Своите Пресвети раце те зема, ги подигна очите Свои кон Небото и покажувајќи Му ја на Отецот нашата грешна душа, рече: „ Ја откупувам неа Со Крвта Своја и маките Крстови, и нејзините гревови ги земам на Себе“. Пота Исус Христос рече: „Земете Го, јадете Го, ова е  Телото Мое“, благословувајќи го лебот, како што ја чекаше Својата  смрт на Крстот, го направи на лебот знакот – Крст; потоа, земајќи ја чашата со вино, благослови и ги подигна очите Свои кон Небото, ја подаде на Своите ученици и рече: „Пијте од оваа чаша, тоа е Мојата Крв на Новиот Завет, и правете го ова во спомен за Мене.“

Така беше основана Првата Литургија на Исус Христос на Тајната Вечера. И сега се принесува на Престолот леб и вино, но во Божествената Литургија тие се претвораат во Тело и Крв на Христос. Луѓето, вкусувајќи го Телото и Крвта на Христа, стануваат учесници на Божествената природа, така што во домот на нивната душа влезе Господ и душата стана Божји храм.
О, колку е тоа голема среќа! Господ влегува во грешната душа и ги согорува во неа сите безаконија и душата човекова станува Божји дом. И така, Спасителот ни остави нам како завет: да се извршува Божествената Литургија и да се вкусува Неговото животворно Тело и Крв.
Литургија- тоа е чудесен подарок на Исус Христос.
Литургија- тоа е мост, по кој е можно да се пројде во вечниот живот.

Помнете го овој завет на Исус Христос. Одете по тој златен мост, кој спасува од пропаста на адот. Не ги слушајте, возљубени, оние луѓе кои бегаат од Чашата на Спасителот. Тоа се несреќни, изгубени, бедни луѓе, оддалечени од реката Христова паѓаат во бездна. О, колку се бедни, колку се несреќни тие луѓе кои ја заменуваат Божествената служба за фантазиите  на овој свет, чии грижи во животот ги лишуваат да бидат во Божјиот храм.

Пријатели мои! Љубете го храмот Божји! Тоа е постојано присуство на Бог. Брзајте тука, особено за празниците. Таму Светлината го осветува и укрепува секој човек. Таму Светото Принесување на Телото и Крвта Христови ни ја укрепува, оживува и очистува нашата душа. Притоа Литургијата кај нас се нарекува објед *. Тоа е оброк и празник на кои Господ повикува преку Своите слуги (слуги- тоа се пастири), но многу меѓу нас се такви кои на повикот од Царот не одговараат и не сакаат да го слушат  гласот на Христос и Светото Евангелие;  малку е тоа што самите не одат, но и другите ги вовлекуваат, им се смеат.

О, колку несреќни проклетници лишувајќи се себеси од скапоцениот дар, ја газат во својата заблуденост миризливата роза- Божествената Христова Литургија.
Драги мои, љубете ја Божествената Литургија, сметајте за себе дека сте го изгубиле тој ден во вашиот живот во кој не сте успеале да бидете на Литургија, особено за празник. Свети Јован Златоуст вели дека Божествената Литургија е велик чудесен дар: Божјите ангели ни завидуваат нам, луѓето, на кои им е даден благослов да Го вкусат Божественото Тело и Крв. Тие милијарди слетуваат  тука, каде се принесува Бескрвна  Жртва, и со трепет доаѓаат пред Светиот Престол, закривајќи го лицето и прославувајќи ја Великата Тајна која се извршува тука.
Божествената Литургија е оска на светот: Како што тркалата можат да се движат само околу оска, така и нашиот свет може да се движи имајќи ја Божествената Литургија. Таа е основа на сиот живот во светот. Но, ако тоа не би било, нашиот страшен, грешен свет од нечистотии и беззаконија ќе биде погубен и разрушен ако не се осветува со овие Велики Тајни, страшното појавување на Божествениот Откупител.
Во тој момент се осветува Престолот и храмот и сите кои се молат се осветуваат; земјата, самиот воздух  му дава на човекот сé што му е неопходно за живот само затоа, што на Престолот лежи Светиот Агнец, нашиот Исус Христос, на дискосот и во Путирот во вид на вино и леб. Драги мои, благодарете Му на Господа за тоа, што Он нé удостојува да ја слушаме Божествената Литурија и да Го вкусиме Неговото Пречистото Тело и Неговата животворната Крв.
Те молам Тебе, Господи, за оние кои во својата заблуда не сакаат, не бараат да најдат утеха во спасителните Свети Тајни, но Ти пак, вразуми ги, Господи, и приведи ги кон покајание, за да тие ја познаат спасителната Твоја сила. Амин.

-------------
- објед*- (рус. ручек)-
(руско народно нарекување за Литургија; црковна православна служба која се извршува                    во првата половина на денот, значи до ручек)


Извор: https://ok.ru/group54782310744065/topic/65002957933313

 

 

13-ти ноември 2017 год.

 Подготви: Снежана Корнет

Друго:

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1300
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1841
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1229
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

« »