(Продолжение)

Г л а в а 10

 vozdvizenie.jpg

ПРАШАЊА НА УЧЕНИЦИ И ОДГОВОРИ НА СТАРЕЦОТ ЛЕОНИД

Прашања на младиот послушник Павел Петрович Тамбовцев кон старецот

22. Може ли да се верува на сонови, кои навидум живо ја претскажуваат иднината?

Одговор:Не треба да се верува на соновите, макар тие и да изгледаат верни. Преку вовлекување во соновите многумина биле прелестени (изамамени). Љубомудриот старец Теостирикт, кој го составил „Молебниот канон на Пресвета Богородица," се предал на своите сонови и на крајот се прелестил од нив и погинал. Мудар е оној, кој не верува дури и на најживите сновиденија.

23. Послушникот Павел Петрович Тамбовцев, кој ги поставувал тие прашања, видел впечатлив сон - дека го приковуваат на крст, од што, тој чувствувал неопислива болка, но, потоа таа се претворила во голема сладост. Тој го запрашал старецот Леонид, дали може да верува на тој необичен сон?

О д г о в о р: Преподобниот Варсануфиј Велики пишува, дека бесовите можат да претставуваат ангел или некое друго лице, или самиот Господ Исус Христос - и тоа не само на сон, туку и на јаве. Сатаната е во состојба да се преобразува во светол ангел (2.Кор. 11, 14). Но, ѓаволот, не може да го претстави Господовиот крст. Неговиот поглед не може да ја поднесе силата на светиот Крст, како што пее светата Црква... И така, крстот што си го сонувал претскажува некаква страшна болка, а сладоста - некаква заштита. Колку си поподготвен, толку полесно можеш да ја поднесеш тешкотијата, според зборовите на св. Давид: Се подготвија и не се збунија (Пс. 118, 60). Ако маката те растресла, држи се за правилото: Се збунив и не зборував - онемев и се смирив (Пс. 38, 3). Ако, пак, болката ти е вонредно голема, помни го следното: Долго време се надевав на Господа, и Он се наклони над мене (Пс. 39, 1). Впрочем, нека биде волјата Божја!
Неколку дни по својот впечатлив сон, послушникот ја добил страшната вест, дека татко му се самоубил. По тој повод, тој го запрашал старецот, со што може да се утеши. Старецот му одговорил: „Предај се себеси, предај ја судбината на својот татко на Господовата премудра и семоќна волја. Не испитувај ги тајните на Севишниот! Потруди се да се поткрепиш со смиреномудрие во пределите на умерената тага. Моли се на преблагиот Создател и така исполнувај го долгот на синовската љубов и обврска!"
Послушникот запрашал, како точно да се моли. Старецот му ја дал следната Молитва за оние што се самоубиле:
„Побарај ја, Господи, загинатата душа на мојот татко и, ако е можно, помилувај ја! Неиспитливи се Твоите судови! Не ми ја земај за грев оваа моја молитва! Нека биде Твојата света волја!"
Кон ова, старецот додал: „Моли се просто, без размислувања и предај го своето срце во десницата на Севишниот! Се разбира, не било Божја волја твојот родител да умре од толку тажна смрт. Но, сега тој е целосно во волјата на Оној Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот (Мт. 10, 28), Кој смирува и возвисува, уништува и дава живот, фрла во адот и изведува од таму (спореди, Повторени закони 32, 39). Притоа, Он е толку милосрден, семоќен и полн со љубов, така што, бла-гите својства на сите луѓе се ништо пред Неговата висока благост. Поради тоа, ти не треба да жалиш. Но, ти ќе речеш: „Јас го сакам својот татко и затоа тажам неутешно!" - Вистина е. Но, Бог, бескрајно повеќе од тебе го сакал и го сака. Значи, на тебе останува да ја препуштиш вечната судбина на својот татко на благоста и милосрдието на Бога, Кој, ако благоволи да покаже милост, кој може да Му се спротивстави!"

 

Друго:

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (1)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (2)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (3)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (4)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (5)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (7)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (8)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (9)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (10)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (11)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (12)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (13)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (14)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (15)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (16)

 Optinski.starci.jpg

Издавач: ЃаконијА  2004

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел