(Продолжение)

Г л а в а 10

ПРАШАЊА НА УЧЕНИЦИ И ОДГОВОРИ НА СТАРЕЦОТ ЛЕОНИД

Прашања на младиот послушник Павел Петрович Тамбовцев кон старецот

9. Какво средство да употребувам против помислите, кои ме тераат да го осудувам својот ближен, кој тешко ме навредува... така што... јас го губам својот душевен мир?

О д г о в о р: При појавување на осудувачки помисли кон ближниот кој ти нанел навреда, кога суровата бура на мислата те тера во одмазда, спореди ја својата болка со болката на Спасителот на светот. Тој, како безгрешен... доброволно ги претрпел најголемите болки. Дотолку повеќе не ли сме должни да ги поднесеме навредите ние грешните, кои ја заслужуваме казната? Ние исто така, должни сме да се обвинуваме себеси. Преку оружјето на самоосудувањето ние ќе се бориме со вознемирителот на нашиот дух... А оној што не навредува, ние треба да го почиту-ваме како наш благодетел. Тој не е ништо друго освен орудие преку кое Бог го устројува нашето спасение... А, кога ќе навикнеме да се самообвинуваме, тогаш задолжително ќе напреднеме во внатрешното обвинување и нашето срце, со помошта на Севишниот, може да стане, во духовна смисла, меко и кротко. Тогаш човек станува сад на благодатта и на духо¬вниот мир. Тогаш душата ќе почувствува таков спокој, каков што ние не можеме да вкусиме кога сме во состојба на навредени... Непријатностите тогаш ќе ни се чинат радосни.


10. Кога никаква света мисла и претстава не дејствува врз раздразнетото срце и тоа останува бесчувствено, што треба да направам, за да го омекнам?

О д г о в о р: Човек треба да се осами, да се самопринудува кон молитва и кон изливање на својата душа пред Бога. Кога ќе поослабнат брановите на бесчувствието, тогаш побарај ја причината за тоа студенило. Ако тоа изникнало од некоја страст, оддалечи ја таа страст од себеси. Ако, пак, бесчувствието се вселило во нас од некакви непознати причини, моли Го Вечниот со Својата благодат да ги одбие сите причини на неверието и злите породи на нечувствието.

11. На кој начин се стоплува оладената душа?

О д г о в о р: Со Божјото слово, со молитва, со смирение, со благодарно чувство кон Бога при сите промени, кои се случуваат не само во надворешните, туку и во внатрешните наши состојби.

12. Како можам да се избавам од суетата?

О д г о в о р: Ако истрајуваш во послушноста и искреноста, ако не бараш постарите браќа да се согласуваат со твојата волја... Ако наполно ја простреш на земјата пред Бога својата ништожност, ќе можеш, со Неговата сесилна благодат, да се избавиш полека од суетата. Таа страст неретко продолжува од младост до длабока старост и дури до самата смрт. Таа ги прогонува не само страстните луѓе, кои се трудат да напредуваат, туку, понекогаш и совршените. Затоа, над неа е нужна особена будност. Само Бестрастниот Творец може да ја искорени. О, колку е тешко да се избегне тој отров, кој ги уништува плодовите и на најзрелите добродетели!

13. Кога ги читам книгите на Светото Писмо, ги подвлекувам поучните реченици. Треба ли да го правам тоа и дали е полезно?

О д г о в о р: Мојот старец, кому јас - со Божја помош - се покорувам повеќе од 20 години, ми го забрануваше тоа. Потцртувањата што си ги направил на незабележителен начин ги оставаат трагите на високо-умието... Тоа е докажано од опит. Кога Бог на мирот ќе го озари твојот ум со вистинска светлина, тогаш и без подвлекувања ти ќе паметиш каде и за што е напишано и со каква цел. Од благодатта просветлениот разум, ќе ти покаже во Светото Писмо се што е нужно за твоето спасение... Но, ти читај ги светите книги со срдечна простота и моли Го Семудриот да ја нацрта Својата света волја во твојата душа. А, кога ти ќе ја исполниш смирено, тогаш ќе бидеш богомудар во Господа.

14. Кога ќе видам дека некој нов послушник врши нешто небрежно, треба ли да Го поправам?

О д г о в о р: Ако ти си должен да бдееш, пред се, над себеси, ако немаш благослов од игуменот да ги поправаш другите, ако сознаваш, дека самиот робуваш на страстите, не се занимавај со работи и случаи, кои не се твоја работа! Молчи! Секој пред својот Господар стои или паѓа (Рим. 14, 4). Но, потруди се да не бидеш соблазна за другите. Лекару, излекувај се сам!(Лука 4, 23).

75. Во сабота треба ли да го исполнувам своето ќелијно правило (поклони)?

О д г о в о р: Да, со исклучок на празниците и на оние дни, кога има бдение. Поклоните во сабота да бидат појасни (т.е., со преклонување - стоејќи прав и допирање на земјата со рака, а не земни поклони, при кои се допира челото до земјата).

16. Ако сум негде испратен по послушание и немам време за ќелијно правило, како да постапувам?

О д г о в о р: Ако си испратен некаде и изнемоштуваш, успокој се! Остави го правилото, смири се и не се вознемирувај! Кога послушанието е умерено, потруди се да го исполниш своето правило и од ова ќе добиеш не мала полза. Така постапувај до 10 часот навечер. Штом тоа време поминало, внимателно прочитај ги вечерните молитви и успокој се, откако ќе си ја кажеш Исусовата молитва, додека заспиеш, та да бидеш готов за утрената и за продолжување на послушанието за следниот ден. Ова се однесува само до послушаниците.

17. Многу сакам да се поправам, но се повеќе се вовлекувам по своите страсти. Што треба да правам, за да ги победам?

О д г о в о р: Ти сакај, а Сесилниот Бог ќе ти даде според твојата срдечна желба. Зашто, почеток на добродетелите е внатрешното расположение и сакање на доброто во Господа. Човек сам не може да ги победи своите страсти. Тоа е дело на Севишната десница, дејство на Божјата сила. Од нас се бара само тоа - цврсто да ја пазиме дадената од Бога света желба и по неа да се трудиме да достигнеме до страната на бестрастието. Тогаш Севишниот, без сомнение, ќе го изврши подвигот на оној кој сака. И така, ако сакаш да воскреснеш од гробот на страстите, секогаш насочувај ја кон тоа внимателно својата мисла, грижа, постојано дејствување и ревност. Надевај се на Бога, Кој може да ја покаже Својата сила во нашите слабости преку Својата благодат (2. Кор. 12, 9) и ќе се спасиш.

 

Друго:

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (1)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (2)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (3)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (4)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (5)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (7)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (8)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (9)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (10)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (11)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (12)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (13)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (14)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (15)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (16)

 

 Optinski.starci.jpg

Издавач: ЃаконијА  2004

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел