Angelpazitel

МОЛИТВА КОН СВЕТИОТ АНГЕЛ ПАЗИТЕЛ

Ангелу Христов, Пазителу мој свет,
покровителу на душата и на телото мое,
прости ми се што згрешив во денов денешен,
и од секое лукавство
на демонскиот противник избави ме
за со нжаков гнев да не Го прогневам мојот Бог;
туку моли се за мене грешниот
и недостојниот слуга,
и достоен покажи ме за милоста на Света Троица,
на Мајката на мојот Господ Исус Христос
и на сите Светии. Амин! ( Вечерна молитва)

 monah.sosveka.jpg

Молитва кон Ангелот пазител

Свет ангелу, ти кој стоиш пред мојата бедна душа и го гледаш острастениот мој живот, не оставај ме мене грешниот,
ниту отстапувај од мене поради моето невоздржание.

Не му давај место на лукавиот демон, да завладее со мене преку насилството над моето смртно тело, укрепи ја мојата бедна и валкана рака и води ме по патот на спасението.

Да, свет ангелу Божји, пазителу и покровителу на мојата бедна душа и на моето тело, прости ми сè со што те навредив со сите дни на мојот живот, и ако нешто согрешив во изминатата ноќ. Заштити ме во претстојниот ден и сочувај ме од секое демонско искушение, за да не Го навредам со некој грев Бога.

Моли се за мене на Господа, да ме утврди во Својот страв, и да ме покаже како достоен слуга. (Утрена молитва)

  

21.09.2026