логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.trubaПатот кон вашиот манастир е натапкан од стотици млади луѓе, кои доаѓаат да се исповедаат. Чувствувате ли, според она што откриваат, дека кај нив нешто се изменило во однос на љубовта?
- Би рекол, дека ние монасите, многу подобро ги познаваме луѓето, отколку што тие се познаваат себеси. Тоа е затоа што не ги гледаме површно, туку одвнатре. Затоа моето мислење е следното: Кај денешната младина има огромен духовен потенцијал но, тие немаат компас. Младите луѓе, пред сé, не знаат што е всушност љубовта. Ја мешаат со вљубувањето. Не умеат да ја доживеат.

 

ЉУБОВТА НЕ Е ЧУВСТВО, ТУКУ СИЛА

    Јеромонахот Пантелејмон - Шушња е роден во Тимишоара, Романија. Завршил Факултет за уметност на Западниот универзитет (Universitatii de Vest) во својот роден град.
Денес тој служи во Манастирот Оаша (Manastirea Oasa), во подножјето на планината Шурјану, блиску до градот Сибиу. Јеромонахот Пантелејмон е великолепен иконописец и фотограф но, и исклучителен собеседник, чии што слова се напоени со благодат...
* * *
Зошто ни е така неопходна големата љубов? Како да ја пронајдeме и да не ја загубиме? Зошто љубовта поминува? Што да направиш, ако не одговараат на твоите чувства? Како да ја преживееш маката од несподелената љубов? И воопшто, постои ли потполна љубов? Како посветувајќи го животот на другиот, да не се изгубиш себеси?

3.angeli.so.truba


Патот кон вашиот манастир е натапкан од стотици млади луѓе, кои доаѓаат да се исповедаат. Чувствувате ли, според она што откриваат, дека кај нив нешто се изменило во однос на љубовта?


- Би рекол, дека ние монасите, многу подобро ги познаваме луѓето, отколку што тие се познаваат себеси. Тоа е затоа што не ги гледаме површно, туку одвнатре. Затоа моето мислење е следното: Кај денешната младина има огромен духовен потенцијал но, тие немаат компас. Младите луѓе, пред сé, не знаат што е всушност љубовта. Ја мешаат со вљубувањето. Не умеат да ја доживеат. Гледаат различни филмови и живеат според шаблон. Сите мечтаат за големата љубов, како на кино. На готово, со беспрекорен партнер, кој би ги разбирал, што и да се случи. И не разбираат зошто со нив не се случува тоа.
Љубовта од книгите и од филмовите е утопија, во реалниот живот таа не постои. Тоа се чувствува кај сите кои доаѓаат да се исповедаат - тоа е непрестано трагање, желба да искусиш длабока, совршена љубов.


Зошто имаме таква силна потреба да се реализираме во големата љубов?


- Трагајќи по љубовта, дејствително трагаш по Бог. Но, не си свесен за тоа. Дури и да не си примерен христијанин но, секој пат, кога љубиш и си љубен, ти на некаков чудесен начин чувствуваш, дека таму во љубовта, е вистината. Ти ја бараш Љубовта цел живот, таа ти е неопходна, дури и во случај да се затвориш, како повеќе да ја нема во тебе, ти безусловно ја чувствуваш, осеќаш, чиниш како сé да е кажано но, и покрај тоа повотрно почнуваш од почеток. Те привлекува и цело време се трудиш да ја достигнеш, затоа што чувствуаш, дека таму се полнотата и среќата.

Љубовта е основата нанашето постоење. Бог е љубов и сé на овој свет жедува за љубов.  Бог создал сé по својот образ и подобие, според Свој образец, образец на Троичните односи. Ние сме создадени како луѓе, за да учествуваме во радоста на своите односи во Бог и со Бог. За да искусиме љубов. За да бидеме заедно. Затоа и се вели: Рајот - тоа е општење со сите, адот - неможност да љубиш повеќе .

Макар и Бог да е во нас, ние и покрај тоа чувствуваме, дека без некој до себе сме несовршени, незавршени. Потребен ли е некој друг, за да бидеме среќни?


- Бог ги создал луѓето незавршени токму заради тоа, за да имаат потреба еден од друг. Ако Тој не беше создал совршени, тогаш ќе си бевме самодоволни. Се разбира, има луѓе, кои даваат повеќе и луѓе, кои даваат помалку но, не треба да се сопреме само на односите со еден човек, треба да се научиме да ги љубиме сите луѓе, да го заслужиме плодот од односите со сите, не само со партнерот во својот живот. Секој човек е потенцијален дар за нас, со кои можеме да се збогатиме.

3.angeli.so.truba


Ние мечтаеме - речиси сите - за големата љубов, која продолжува цел живот. Но, сепак реалноста покажува, дека љубовта умира и тоа почесто, отколку што ни се сака да веруваме. Зошто се гасне љубовта?


- Таа умира, бидејќи во тоа равенство, недостасува Бог. А тоа означува, дека ние нема со што да се надополнуваме, за да ја возродиме нашата љубов. Без Бог нема почеток, кој генерира љубов. Човекот е ограничено сушество. А благодатта го прави бескрајно длабок. Благодатта е од Бог. Свети Јован Златоуст рекол, дека непреобразените односи се распаѓаат. Тие се потрошуваат.
Без благодат човекот е паднат. Истото е и со љубовта - таа гасне, ако не добие одговор. Ако ја насочиш кон Бог и луѓето, таа добива одговор од бескрајноста на Бог. Ако ја насочиш кон себеси, кон своето тело, кон материјата, таа ќе се потроши, оти тие нешта се ограничени. Затоа венчанието е неопходност. Венчанието е сврзување на двајцата со трет: со Бог, Кој е бескраен.


За жал, тоа што се венчаваш во црква, не ти гарантира потполна среќа...


- Треба да се научиме да го гледаме Бог во другиот. Не треба да се однесуваме кон човекот како кон нешто веќе завршено. Секоја личност е бескраен извор, кој не е осигурен од неуспеси.
Преку љубовта, со Божја помош, ние можеме да ги надминеме неуспесите, за да може другиот да ú даде од на својата суштина, вложувајќи го сиот морален  и духовен потенцијал, како и потенцијал на својата љубов. Затоа секој човек е многу повеќе од она, што го гледаме.
Љубовта доаѓа и активира во другиот нешта, за кои тој дури немал знаење, дека ги поседува.
Ти имаш потреба од другиот, кој би ти ја дал мерата. Во односите меѓу две души човек постојано се развива. И веќе не може да се насити, да се досадува, да го претвори тоа сожителство во рутина. Затоа што секој го провоцира другиот да се развива. Секој расцветува како цветна пуполка, потоа како цвет и тоа цветање е бескрајно.
Многу луѓе како да се неспособни за длабоки чувства. Тоа е така, бидејќи, кога требало, не биле љубени, за да расцветаат. Бидејќи сето тоа е невозможно без Бог. Како и без усилбата на секој да го активира во другиот Неговиот потенцијал, Божествената благодат. Треба да го сакаме - со Бог во себеси - Бог во другиот.

 

3.angeli.so.truba


Како треба да љубиме тогаш? Каде грешиме, оти цело време е потребно да почнуваме одново?


- Ние не умееме да се предаваме себеси. Ние немаме навика на себедавање. Современото општество ги учи луѓето да обрнуваат внимание најмногу на своите желби, да се сакаат пред сé себеси, да се стремат кон сопствената реализација. Љубовта тоагш се претвора некаков приклучок, кој одговара на нивната сопствена среќа. "Јас имам кариера, дом, храна и своја љубена!" Бидејќи ние не љубиме вистински, ако не се обидме да излеземе од себеси и не започнеме да се вежбаме во самопредавњето, да ја тренираме својата сила да љубиме.

Да љубиш, значи да гравитираш како планета околу самореализацијата на другиот. Да мислиш, како да помогнеш на другиот, како да го сретнеш, како да го успокоиш, како да го заштитиш од тешкотиите, како да го израдуваш, како да му подготвиш вкусна храна, кога е уморен. Треба да се учиме да живееме со другиот и за другиот.
Љубовта означува многу дејствија, многу постапки. Намерите, мислите сами по себе не означуваат ништо, ако недостасуваат дејства. Светот е полн со намери. Извршувајќи различни постапки, ти се проверуваш самиот себеси - дали можеш да љубиш вистински....Тоа е Љубовта - да даваш, дури кога сиот си исцрпен, кога не ти останале никакви сили. Да немаш никакви оправданија, зошто да даваш.
Кога даваш од оние нешта, кои ти се прекумерни, кога ти е добро и лесно ти е да даваш - тоа не претставува ништо. Додека кога веќе не можеш но, сепак сакаш да направиш нешто за другиот, во тебе избувнува енергија, која не си ни претпоставувал дека ја имаш. Добиваш сила од Бог, и правиш повеќе од она, што си мислел, дека можеш да направиш.
Предавајќи се себеси кога немаш сили, тогаш ти дејствително се сврзуваш со другиот и му даваш можност и тој да се раскрие и во својот ред и тој да дава. Во љубовта треба да го даруваме она, кое што го немаме прекумерно. И тогаш, како во Евангелието, тоа ништо се преобразува и лебот и рибата, достасуваат за сите.


До кој степен може да се предаваш себеси, така што да не се претвориш потполно во нула?


- Самопредавањето е доброволна постапка, тоа не е зависност од другиот, не е ропство. Од тебе не се бара да го извршуваш. Преку самодавањето јас не  се самопонижувам, туку се пронаоѓам себси и повторно се збогатувам преку битието на другиот. А само присвојувајќи - јас се самоликвидирам. На некои луѓе поудобно им да дозволат да бидат поробени. Мажите се однесуваат лошо со нив, тие страдаат но, се плашат да изберат друг пат, претпочитајќи ја сигурноста. Тие доживуваат апсурдно страдање, кое дури не ниту спасително. Тоа е некаков облик на леност. Тие се откажуваат од одговорносста за своите решенија и претпочитаат само да исполнуваат но , на тој начин тие жени никогаш нема да се развијат, да еволуираат.


Не сите имаат невообичаена љубов. Тоа ли е нашата вина? Да ја доживееме големата љубов - зависи од нас или е таа дар од Бог?


- Кај Бог има јасна насока за секој. Нема совпаднувања. Да сретнеш конкретен човек, тоa зависи од вољата Божја. Но, тоа како реагираме на таа средба, зависи од нас. Секој човек, што го сретнуваме по својот пат, е дар од Бог, и ние секој пат треба да се прашаме: "Зошто Бог ми определил да го сретнам тој човек? Што можам да направам сo тие односи? Што треба да разберам? Каква корист да имам?"
Но, не треба да го мешаме вљубувањето со љубовта. Кога Бог ти го испратил вљубувањето,тоа уште не значи дека Он ти ја пратил и големата Љубов. Вљубувањето е капар од Бог. Ако го потрошиш разумно, тогаш повеќе никогаш нема да достигнеш до големата Љубов.
Возможно е, во прв момент љубовта да не ти се стори голема, но  ако работиш врз неа, таа се повеќе ќе разрастува. Љубовта не е чувство, туку сила. Бог не е плот но, сепак се нарекува Себеси Љубов. И така - љубовта не е плот!
Се разбира, и таа - плотската, влегува во љубовта но, не како посебна целина. Љубовта, тоа  огромната сила на човекот, добиена одозгора, сила, која секој поединечно треба да ја ослободи и да ја култивира. Јас велам "да ја ослободи", оти пред сé ние се сакаме себеси, и тогаш љубовта е затворена во нас, таа се движи во круг. Таа љубов е егоистична, таа е свртена кон себеси, наместо да биде слободна и да не бара ништо во замена.

Вистнската љубов секогаш ли е слободна?


- Да, вистинската љубов ја утврдува слободата на другиот. Не се труди да го владее. Но, тука се допушта најголемата грешка, односно кога едниот се обидува да го промени другиот, да го преобрази по свој вкус. Кога љубиш, треба да излезеш од себеси во смисла да се погрижиш да го почувствуваш другиот, да го разбереш другиот, да го видиш светот со неговите очи. Ако ја ограничиш неговата слобода, кај него ќе проработи инстиктот за самозачувување. Тогаш тој ќе се затвори во себеси. Ќе се чува од тебе, ќе почувствува, како да го газат.
Во односите треба да има равновесие меѓу зближувањето и дистанцираноста. Треба да се чува тајната патека. Не е добро да се вовираме во сите аголчиња во душата на другиот, да се смачкаат цветчињата со багер. Грубоста и наглоста ќе ја уништат тајната другиот.
Тој опит на излегување од себеси понекогаш е болен: тоа значи дека треба да ја напуштиш безопасната ситуација, да излезеш од комфорот на сопствената способност на суштестување да ја примиш способноста на суштествуање на другиот. Но, само така ти ќе можеш да ја рашириш, да ја збогатиш и да ја преобразиш љубовта во пат на познанието. Ако останеш во себеси, тоаш ќе останеш многу сиромашен. Уште повеќе, во извесен момент ќе се покаже, дека си се одвратил од себеси и се претвораш во самотник.


Тогаш дали треба да ја зголемуваме толерантноста во љубовта?


- Ние треба да ја практикуваме различноста, а не  толеранциајта. Толерантноста е некаква снисходителност кон она, што не ти се допаѓа: ти претпоставуваш, дека другиот има некакви недостатоци, кои великодушно ги прегрнуваш со внимание. Т.е. толерантноста претполага гордост. Меѓу другото, во љубовта, на тебе не ти е дадено правото да сметаш дека твојот начин на живеење е подбар од оној на другиот, ти не треба да бараш од другиот да се промени, туку треба да бараш од себе да трпиш и да го поткрепуваш другиот.
Во љубовта не треба да се грижиш за своето сопствено благо, туку треба да се предаваш себеси во служба на другиот, твојата грижа треба да биде неговото развивање како личност. Неговата цел не е да те украсува, не да прави така, да се чувствуваш поубав и подобар. Правилно доживеаната љубов, во секој случај менува сé околу себеси кон подобро. Тоа што јас потполно се предавам себеси, што се жртвувам, го побудува и другиот да се поправи себеси, да се осознае, да се промени кон подобро.
Архимандритот Теофил (Перејан) вели, дека љубовта никогаш не е пресметлива и дека љубовта секогаш пресметува. Како да го разбереме тоа? Нели таа никогаш не пресметува, што дава, за да го привлече вниманието на другиот: "Ете гледај, колку јас направив за тебе, а сега и ти менe дај ми исто толку". Во истото време таа постојано пресметува, колку добива, за да може да даде повеќе. Таа љубов е вистинска.


Понекогаш, колку и да правиш за другиот, тој останува индиферентен и не дава за тебе ниту парче љубов. Како да сфатиме, кој заслужува толку да му дадеме се од себеси?


- Во природниот ред на нештата: не влегувај во односи, додека не си уверен во нив. Потенцијалот на чувствата, љубовта треба дa се пазени, додека не најдеш човек со кој дејствително се сложувате, си одговарате еден со друг пред сé духовно, а не плотски.
Кога нормалниот човек ќе сретнe друг нормален човек и се жртвува себеси докрај, тој ќе го "победи" другиот со својата љубов, дури и другиот помалаку да љуби. Љубовта на едниот, со својата настојчивост, може да ја спаси љубовта на другиот. Знам многу случаи на чудесно востановени односи, кои доскоро биле на границата на распадот, а после тоа станувале поздрави и подлабоки отколку порано. Луѓето треба да се научат да ги ценат кризите.
Но, тука има една замка. Ако ти се сопреш на човекот, ризикуваш да загубиш сé. Но, ако секогаш во твојот ум е Бог, наоколу ти ќе најдеш доволно луѓе, кои заслужуваат да им предадеш сé, без да се плашиш, дека ќе изгубиш. Ниту еден човек, сам по себе, не заслужува да му предадеш сé. Затоа што  човекот не е крајната реланост но, Бог Кој е во него - Е. Всушност преку човекот, ние се даруваме себеси на Бог.

 А која е смислата на семејниот живот?


- Односите, семјниот живот се само рамка, во која ние се пројавуваме себеси, се усовршуваме. Ние се вежбаме во љубовта, во способноста да излеземе од себеси, за да станеме прозрачни, за да може Бог да се пројави Себеси во нас со полна сила, а ако достигнеме до взаемното проникнување, еден во друг, ние ќе можеме да љубиме уште повеќе. Само ако се вежбаме во отвореност, ќе се претвориме во садче, кое може да прими многу повеќе отколку другиот. Тогаш јас, со неговото посредување, ќе можам да го сместам во срцето сецелото Божјо создание.


Дали постојат души, како втора половина? Луѓе, со кои се се случува моногу полесно?


- Постојат но, тие се малку. Не постои само еден единствен човек, со кој ти е судено да бидеш заедно. Во светот има и други со кои вие би можеле да си одговарате многу добро. Тоа, што си сретнал еден од нив, и на неспознатлив начин, љубовта ви се истрошила, не значи, дека за цел живот ќе останеш сам. Исто така, и тоа што си сретнал душа, твојата втора половина, не гарантира, дека љубовта ќе ви трае долго. Ако луѓето не одат едeн кон друг, љубовта е невозможна. Совпаѓањето на половинките е само искра. Таа не гарантира дека чувствата ќе бидат вечни. Ти не го заслужуваш она, заради кое не си се потрудил! ( се смее.)
Обратно, често се случува, дека имено таа љубов се исцрпува побрзо, затоа што таму сé
 е во ред и никој не полага никакви усилија. Се постигнува некакво задоволување, доколку другиот одговара на моите потреби, а јас на неговите и тогаш секој се сака себеси, со посредување на другиот.


Така се раѓаат љубомората и чувството за сопственост?


- Љубомората е љубов кон себеси со посредувањето на другиот. Ако ти си љубоморен, ти не го љубиш другиот вистински, а сметаш, дека имаш права над него но, на кој некој посега. Се боиш, како секој момент некој ќе дојде и ќе ти го одземе но, никој нема право да го "конфискува" другиот од тебе! Тоа е порочна љубов со љубомора и страдание, кое што го заслепува човекот и го лишува од расудување, односно демонска љубов. Таа "по своему" маѓепсува, таа е многу емоционална, завладеана е од извонреден еротизам но, предизвикува неизмерно многу страданија, ја обезвреднува личноста. Ти сметаш, дека си се жртвувал, страдајќи но, всушност си збркан, обземен од гнев и од страв.
Вистинската љубов, Божествената, утврдува, а не разрушува. Таа е како јасно небо. Во неа нема тревожност и магли.


Денес се повеќе луѓе ја избираат слободната форма на љубов. Веќе не се женат, а понекогаш дури не живеат заедно, но покрај тоа се сакаат и живеат во хармонија. Грешно ли е да се постапува така?


-Љубовта, која не вклучува одговорност и жртва, не е вистинска. Таа љубов е  условна, незрела. Во дејствителност, во тие случаи луѓето не достигаат до љубовта, туку остануваат во фазата на вљубувањето. Ако нештата не стигнат во венчавка, тоа значи, дека Бог бил ислкучен од равенката. Без Божествена благодат човекот е конечен и неговата љубов ќе продолжи само извесно време. Оние кои го избрале то ј пат сакаат таква љубов, во која ништо не треба да се изгуби, туку само да се печали. Тие сакаат да земат нешто, што лесно се добива и секогаш останува слободно, до оној момент, додека не се појави нешто попривлечно.

Кога имаш несреќна љубов, ти често си мислиш, дека би можел да најдеш некого, кој повеќе ќе те љуби, повеќе ќе те разбира...


-Тој поглед е последица од техничкиот начин на мислење. "Продуктот остарува се разбира во оној момнет, кога ќе излезе подобра верзија" ( Се смее.) Т.е. тој излегува од употреба. Но, луѓето не излегуваат од употреба, тие постојано се равиваат. Неопходно е односите кои постојат да се усовршуваат, за да станат подлабоки. Дури и да се појават возможности за подобри односи, дури и да познаваме луѓе кои ни се чини дека повеќе ни одговараат, ние не треба да го изоставиме другиот. Не е неопходно да започнуваме по илјадити пат, бидејќи така нема да стигнме да крајот.
Не можеш три години да бидеш лекар, после тоа три години да бидеш актер, а после уште три години да почнеш да тренираш, за да станеш фудбалер. Треба да одиш напред. Затоа и ти се случува беспаќе, во кое си западнал во односите со другите, најнапред е твое и  потоа на другите. Бог  го определил тоа беспаќе за тебе, за да се надминеш себеси, за да еволуираш. Кога ќе го смениш човекот до тебе, ти бегаш од себеси, бегаш од своето усовршување. Истиот проблем ќе се појави повторно но, во друг вид, независно кој е до тебе.


Зошто верноста е толку важна? Јас познавм луѓе, кои велат, дека ги љубат своите партнери, иако од време на време ги изневеруваат но, тврдат, дека тоа нема никакво значење, оти во тие врски не станува збор за чувства.


- Тие се во заблуда. Тоа е многу лошо - да ги исползуваш другите за своите плотски потребности. Реално гледано, ти се исползуваш себеси. Ти си во застој. Без верност ти не можеш да достигнеш до подлабоки нивоа во општењето. Човек може да се развива само низ верноста. Меѓу другото, ако ти си дозволиш некакви алтенативи, тоа значи, дека ти не си во состојба да ја надминеш  препреката, туку просто сакаш да ја заобиколиш.
Ако се откажеш од алтернативите, тогаш ти веќе не се колебаш, ја надминуваш кризата и гледаш каков потенцијал има во тебе, и во другиот. Така што си добил повеќе, си станал побогат, отколку порано. Си достигнал друго ниво на љубовта - таа љубов е прочистена и многу длабока, и не се однесува само на некаква телесна привразност, вљубеност.
Малата услилба означува мал развој, тоа означува дека беагаш од својата самореализација. Видете, ништо не се случува без жртва, без Принципот на Крстот. Жртвата на Крстот е прозорец кон Воскресението. На нас, не ни се дава ништо, ако ние ништо не жртвуваме.
И во љубовта исто така е жртва. Ти го жртвуваш своето " јас", за да го приближиш кон себеси, јаството на другиот. Тоа е откажување од себеси. Жртвата придава длабочина на секакви односи. Таа ја зајакнува љубовта.
Да се вљубиш е лесно но, да љубиш е тешко. Бегаш ли од Крстот - бегаш од Воскресението, бегаш од радоста, бегаш од вистинската љубов! Не оди без Крст. Без Крст патот е лесен и удобен. Но, бидејќи не умееме да страдаме со радост, да го исполнуваме страданието со смисла, во реалноста ние бегаме од животот. И се, што добиваме е "втора рака"  - sedond hand. Се што чувствуваме е бледо.


Зошто љубовните страднија е едни од најболните?


- Затоа што човек, кога љуби, се раскрива себеси и станува длабок. Токму тогаш тој прима удари токму во срцевината на своето битие.
Ако љубовта му била заедно со Бог, а другиот сепак си отиде, Бог не останува должен. Тој доаѓа и ја исполнува таа празнина, оти не ги го љубел само оној кој си отишол, туку и Бог во него. Ти можеш да бидеш навистина скршен после разделбата но, само ако во тебе го немало Бог.


Понекогаш, после голема љубов, нам не ни останува дух да врвиме понатаму, да ја раскриваме својата душа поторно. Како да ги излекуваме раните, нанесени од љубовните страданија?


- Отец Теофил (Перејан) вели, дека страдањето е голема тајна. Ти можеш да си ја објасниш теоретски детално но, срцето продолжува да те боли, а секој надворешен совет си останува и понатаму надворешен. Само Бог може да залечи такви рани, ако смета дека е неопходно.
Исто така некои рани и не треба да бидат излечени. Понекогаш се случува, дека твоето срце може да понесе бескрајни многу откриени рани. Способноста на човекот да страда е многу голема. Не е неопходно да бараме раната да се затвори потполно, за да заборавиме сé. Неуспесите во љубовта не треба да не уништуваат емоционално. Ти можеш да понесеш и други односи  и со рана во срцето. На некаков начин Бог ти дава сила да љубиш повторно. Треба да се врви напред, да ја имаш смелоста да се отвориш повторно да примаш ( рани ) повторно. Не треба да сопираш.

На некои луѓе како да име дадено само да страдаат, цел живот...


- Треба да се разбере, дека тоа е како игра меѓу тебе и Бог. Во страданијата всушност се крие љубовта на Бог кон тебе. Тогаш ти наоѓаш смисла во секое страдание. Без Бог сé
 завршува апсурсдно. Најмалато страдание те удира по нозете. Ти веќе ништо не разбираш и стигнуваш дотаму, што почнуваш да мислиш за крајот. А со Бог и најмалото страдание е исполнето со смисла и секогаш е придружено со радост. Не трeба да се заборава дека Бог те љуби и те испитува.
Те испитува, зошто сака да ти даде нешто. Но, по некаква цена! Треба да го заслужиш тој дар, треба да се издигнеш на ниво, на коешто можеш да го примиш Неговиот дар. На следното ниво на играта. Во секој случај, дарот е многу поголем од страданието, низ кое што минуваш, за да го достигнеш.
Бог не може да ни дава без препреки, затоа што тогаш би не задушил со Своајта љубов, ќе го подели нашето битие, нема да ни дозволи да расцветаме. Бог кога не љуби, не искушува... Затоа што сака да ја извлече од нас чистата суштина.


Како да направиме да бидеме среќни?


- Треба да ја бараме вистината на љубовта, да ја бареме со сите свои сили. Не треба да ја бараме на површината, туку да се предадеме потполно, на сите луѓе и преку нив на Бог. Да се предаваме низ целиот свој живот. Вистинската среќа постои. Тука, на земјата.
Среќата, не е даденост, не е лесна печалба, не е вкалеменост, која наеднаш се струполува врз тебе. Статичната среќа би не смачкала со својата страшна досада. Среќата се заработува, таа треба да се заслужи, секојдневно. Среќата е постојано искачување, динамика, која преку цело време се адаптира на нашите потреби. Среќата е усовршување, развиток.

3.angeli.so.truba


Источник: https://pravoslaven-sviat.org/2016/10/10/lubovta-ne-e-chuvstvo-a-sila/


превод од бугарски: Маја Белева

20ти септември 2020 лето Господово

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная