starec.Gavrilo.G.jpg
 
За животот и упокојувањето на старец Гаврил, за неговите поуки и чуда, раскажува Зураб Георгијевич Варази, лекар-хирург, претседател на Одделението за социјални прашања на Грузиската патријаршија, кој бил и личен лекар на старецот Гаврил.
„Ние знаевме дека тој ќе биде вброен меѓу светии. Оној миг кога се случи тоа, си помислив:  обично ние одиме пред иконите на светиите, се молиме, бараме нивен благослов и застапништво, а не ги познававме во текот на нивниот земен  живот. Старецот Гаврил го познавав, дури му направив и една операција. Тој личен однос со светиите е мошне интересен.“
- Со отец Гаврил се среќававме во соборниот храм во Тбилиси, кога тој доаѓаше таму. На меговите гради наместо крст беа закачени иконите на Мајката Божја и на свети Никола. Понекогаш тој проповедаше во храмот, понекогаш гласно говореше за некоја тема, а некогаш плачеше и се молеше. Дека тој се разликува од другите - веднаш забележавме, но и се плашевме од него на извесен  начин. Кога доаѓаше во храмот, сите му приоѓавме да земеме благослов. Честопати при благословувањето ги положуваше рацете врз главата, велејќи: „Нека те благослови Господ Христос“ и ја дршеше главата со рацете.  

Не знаев каде служи, ниту каде живее. Еднаш имал незгода, го скршил колкот, по што се појавиле компликации во вид на крварење во желудникот и едем. Здравствената ситуација му била лоша. Сите говореле дека треба да се доведе лекар, но тој не сакал ниту да чуе за тоа. Еден мој роднина се видел со отец Гаврил  и ме спомнал во разговорот, велејќи му дека сум хирург, дека работам во Патријаршијата, дека сум бил на Света Гора, а потоа го прашал дали може да ме доведе. „Нека е благословено, доведи го“, рекол старецот.
Кој не му е благодарен на лекарот, не е ниту на Бога.
(Продолжува)
 
Подготви: д-р Драган Михајловиќ
 
31-ви март, лето Господово 2014