“Како да се објасни Бог?“ е текст напишан од малиот Danny Dutton од Калифорнија, кој има само 8 години и оди во трето одделение. Овој текст е неговата домашна задача на тема “Бог“.Тој започнува вака:

 

Една од најважните работи на Бога е создавањето луѓе. Тој постојано создава нови луѓе, за да ги замени оние кои починале, така што на земјата постојано ќе има доволно луѓе да се грижат за овдешните работи. Но, тој не прави возрасни луѓе, туку само бебиња. Мислам дека тоа е така бидејќи тие се помали и полесно се прават. На тој начин,тој не мора да си го троши своето драгоцено време учејќи ги да одат и да зборуваат. Тоа им го остава на татковците и мајките.

Втората важна Божја работа е да слуша молитви. Многу лоши работи се случуваат насекаде, па затоа луѓето се молат да не им се случи нешто страшно, навечер пред спиење. Бог нема време да слуша радио и телевизија, бидејќи тој треба да слуша и гледа се што зборуваме и правиме. Мора да има многу врева во неговите уши, освен ако тој не знае некој посебен начин да ја исклучува. Бидејќи тој знае се, нема потреба да го трошиме неговото време и да бараме нешто од него, што мама и тато рекле дека не можеме да го добиеме.

Атеисти се луѓе кои не веруваат во Бог. Мислам дека во моето маало не постојат такви, или ако постојат не сум ги видел во нашата црква.

Исус е син на Бог. Тој се симнал на земјата за да ги убеди сите оние кои не веруваат во Бог дека грешат. За тоа морал да прави разни чуда, како одење по вода.

Исус бил многу добар и кога го распнале тој сепак им простил. Му рекол на татко му и тој да им прости, бидејќи тие не знаат што прават. Потоа останал на небото да му помага на татко си. Нешто како секретарка, само многу поважно.

Ако не верувате во Бога, ќе бидете многу осамени, бидејќи вашите родители не можат насекаде да одат со вас, како на пример на кампување, но Бог може. Добро е да знаете дека тој е постојано некаде наоколу. И кога сте исплашени од темнината и кога ќе ве фрлат поголемите деца во длабока вода, тој е тука и нема да дозволи да ви се случи нешто лошо.

Но, не трeба само да мислите што Бог може да направи за вас туку и вие за него. Не пропуштајте да одите во црква, само зашто сакате да одите на плажа. Сонцето и онака го нема на нашата плажа до пладне. Одењето во црква го прави Бог среќен.

Јас верувам во Бога и тој е задоволен. Тој ме пушти на земјата и може да ме врати назад во секое време.

 

 

 

 

  • 6-ти август 2016 год.