ПОКАНА
Почитувани оци, членови на Црковните управи и драги браќа и сестри во Христа, по повод Славата на нашата Црква “Св.Петка Римјанка”, Ве покануваме да не удостоите со Вашето присуство на долунаведените Богослужби и свечености:
- БДЕНИЕ во чест на Св. Петка, кое ќе се одржи вечерта на 07-ми Август (Петок), со почеток во 19,00 часот. На оваа служба ќе има и помазување со чудотворно масло од Св. Параскева.
- СВЕТА ЛИТУРГИЈА, која ќе се одржи на самиот ден на Светителката, 08-ми Август (Сабота) со почеток во 9.30 часот. По Литургијата ќе се осветат врз светите мошти и ќе им се делат на верниците икончиња од Св.Параскева.

- ПРАЗНИЧНА ЛИТУРГИЈА, во Недела, 9-ти Август, со почеток во 10.00 часот, проследена со водосвет, благословување на коливо, сечење на празничен колач и избор на нов кум на нашата црква, а потоа и СВЕЧЕН РУЧЕК и ИГРАНКА, чиј почеток е планиран околу 12.00 часот напладне, веднаш по Празничната Литургија.
Не заборавајте да ја посетите и нашата Црковна книжара која ќе биде отворена во сите денови на празнувањата, по Светите Богослужби.
Славата на една Црква е нејзин втор Велигден! Се надеваме дека ќе не израдувате со Вашето присуство на горенаведените празнувања!