V.Ilarion.Sveto.Miro3

Скопје, 18ти април 20220г.-Соборен храм на св.Климент Охридски

 V.Ilarion.Sveto.Miro4

 Велики Понеделник го осветлува почетокот на страдањата Господови.

„Еврејското собрание, без духовни плодови,
Христос го споредува со бесплодната смоква;
Затоа да бегаме од страстите, зашто и ние еден ден и можеле да бидеме проколнати и исушени“.

Во овој свет и Велик Понеделник правиме спомен на блажениот и прекрасен Јосиф и на исушената смоква. Бидејќи одовде добиваат почеток светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, за прв негов образ (слика) се зема Јосиф.(Пролог)

V.Ilarion.Sveto.Miro5

V.Ilarion.Sveto.Miro

 V.Ilarion.Sveto.Miro6

 

 

 

 

 

V.Ilarion.Sveto.Miro8 

Започна свештениот чин на Мироварение

На 18.4.2022 година, Македонската Православна Црква започна со свештениот обред на Мироварение.  Овој чин, којшто нашата Света помесна Црква го извршува по четврти пат од своето возобновување, започна со Литургија на Претходноосветените Дарови на која во присуство и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалчнички г. Иларион.
По Литургијата започна извршувањето на самиот обред Мироварение на кој чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Брегалчнички г. Иларион и на поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф.
Мироварението започна со Водосвет по што во садот беа излиени елејот и виното. Потем, започна читањето на Евангелието коешто ќе се чита во следните три дена. Првото зачело го прочита Архиепископот г. г. Стефан, а следните две ги прочитаа Митрополитите г. Иларион и г. Јосиф, по што со читањето продолжија свештениците од Скопската епархија. По тродневното Мироварение, мирото ќе биде осветено на Великочетврточната Архијерејска Литургија.