3.angeli.so.truba

Споменот на Богоносецот- Охрид

2 јануари 2021 година – храм Света Троица- Охрид

3.angeli.so.truba
Каде прво да побрзаме, во Витлеем каде земјата Му подготвува пештера на Оној што доаѓа од Дева да се роди, или во Рим каде богоносецот телото на својот Христос како жртва благопријатна му го принесува?
Од која глетка повеќе да се насладуваме?

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

Во недела на светите Праотци кога се празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец и Свети праведен Јован Кронштатски, отец Александар Димоски отслужи Божествена Литургија, во велелепниот храм на Св. Троица.
Отец Александар не поучи со неговото боговдахновено слово: „ Времето пред Божик е благословено време. Да се подготвиме достојно за него, за да го пречекаме така, како што им доликува на Христијаните, да не тежнееме кон последните времиња и чекање на антихристот. Ние треба да го бараме Христа, а каде ако не на секоја света Литургија која е апокалиптичен настан бидејќи ни се открива целиот Христос, преку светата Причест.
Секоја Литургија го претставува животот, од создавањето до крајот и средбата со Бога!


3.angeli.so.truba


3.angeli.so.truba

Kаде што е љубовта, таму е и Божјата благодат, добрина, мир и изобилие.

Христијанинот е подготвен да претрпи сѐ само да не ја изгуби благодатта,

која за него е највозвишеното добро.
Свети Јован Кронштадски

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

За Преминпортал прилогот го подготви

Дејан Блажески

 

Јануари 2021 лето Господово