Zvonko.sv.Vasa10

 Скопје, 24ти ноември 2020 лето Господово-

храм на Рождетвона Пресвета Богородица

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (24.11.2020)

Zvonko.sv.Vasa10

На 24ти ноември  2020 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Црква молитвено се прослави споменот на :

 vozdvizenie.jpg

Светиот великомаченик Мина

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Солунјаните 1:10-12;2:1-2

10.     кога ќе дојде Он за да биде прославен во оној ден среде Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.
11.     Затоа и се молиме секогаш за вас, да ве удостои нашиот Бог за звањето и да се исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата,
12.     та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него по благодатта на нашиот Бог и на Господа Исуса Христа.
1.     А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање при Него, ве молам, браќа,
2.     да не се поколебате лесно во мислите свои и да доаѓате во ужас било преку духот, било преку словото, или преку послание, како да е од нас испратено, како божем настапува веќе Христовиот ден.

Zvonko.sv.Vasa10

Во дваесети и четвртата недела по Педесетница, на  24ти ноември   2020 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави  споменот на  Светиот великомаченик Мина, во храмот на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Љупчо Велјановски    отслужи  Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  Во текот на Литургијата отецот произнесе беседа.

 Zvonko.sv.Vasa10

 Zvonko.sv.Vasa10

 Поука на денот: Свети Теофан Затворник
Само немојте да мислите дека подвигот на молитвата е некоја тешка и замрсена работа. Кога е гладно, детето оди и и вели на мајката: „Дај ми леб“. Му треба ли за тоа остроумност и спретност? Така е и со молитвата кон Бог. ...Доверувај Му ја секогаш својата потреба на Господ, во простотата на срцето.

 Zvonko.sv.Vasa10

 Zvonko.sv.Vasa10

Zvonko.sv.Vasa10

 Преминпортал(к.т.)