timotej.cvetnici.jpg

timotej.cvetnici1.jpg

Неделата пред Светлото Христово Воскресение во Православната црква се нарекува Цветници, бидејќи на тој ден литургиски православните верници си споменуваат за влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, во оние дни кога го изврши спасението на светот и човечкиот род.

timotej.cvetnici2.jpg
Во Дебарско-кичевската епархија традиционално Владиката Дебарско-кичевски празнувањето на Цветници го прослави во Кичевското архиерејско намесништво во манастирот „Св. Богородица – Пречиста”.

За празникот се отслужи света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, Кичевскиот архиерејски намесник протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протоереј Војне Ристески, свештеник Игор Никовски и ѓакон Димче Азески.


timotej.cvetnici3.jpgВладиката кон верниот народ се обрати со празнично слово, во кое рече: „Денешниот празник ни го опишува настанот кога нашиот Господ Исус Христос одеше во Ерусалим за да ја прослави последната Пасха, пред Неговото страдање и смртта, и да ја утврди новата Пасха, на која Агнецот Божји ќе ги земе гревовите на светот и ќе се жртвува. Во непосредна близина на Светиот град во селото Витанија, Тој ќе преспие кај неговиот пријател Лазар, а утредента ќе се упати во Ерусалим. од градот пак многу народ излегол за да го пресретне поздравувајќи Го со восклици: Осана! Благословен е Оној кој доаѓа во името Господово.

Огромна маса на народ беше излегла да Го пречека Оној за Кого некои веќе знаеле по нешто некои слушнале, дека проповеда досега неслушнато, јасно и длабоко учење, и дека прави чуда со силата Божја. Но тие сеуште не знаеја дека Тој доаѓа во Светиот град да ја исполни волјата Божја, и да се принесе на благопријатна жртва за избавување на целокупниот човечки род.

Ние верниците и кои сме се воспитале во нашата православна вера, имаме научено од Светото Писмо, всушност од Неговата проповед, за Неговото доаѓање во светот како Спасител, знаеме дека треба да пострада, да умре, и да биде распнат за нас луѓето, и така во самите нас да биде распнат стариот Адам, за да се облечеме во Новиот според образот на Исуса Христа.

Исус Христос дојде на земјата, за нас страдаше и беше погребен. Како ние треба да Го пресретнеме?
Одговорот е јасен и едноставен: Со радосни и торжествени восклици: Осана! Благословен е Оној кој доаѓа во името Гоисподово!...
По причестувањето со Словото Господово – беседата на светиот Владика, верниот народ во голем број пристапија кон Светиот Путир соединувајќи се сите заедно и едни со други со Спасителот Господ Исус Христа во исполнувањето на сопственото спасение.

timotej.cvetnici4.jpg

timotej.cvetnici5.jpg

По завршувањето на прославата на Цветници во манастирот „Света Пречиста”, Владиката заедно со своите соработници се упати во кратка посета на манастирот „Св. Ѓорѓи” Победоносец во селото Кнежино, кое се наоѓа над излетничкото место Крушино во Кичево. Во овој манастир престојува расофорната сестра Доротеја, и во тек е ревитализација на овој прекрасен манастирски копмплекс.

 timotej.cvetnici7.jpg

timotej.cvetnici8.jpg

timotej.cvetnici6.jpg

Известува свештеник Игор Никовски


Посети: {moshits}