Чудни се патиштата Господови! Никој не знае каде ке го однесе животната судбина.

Ова е една приказна за нашиот иселеник Борис-Боро Матето-Ѓуров од Велес. Веднаш по зваршувањето на Втората светска војна, го напушта родниот град Велес и заминува за Словенија да изучува технички науки зашто тоа е неговата желба уште од детските години. По успешното завршувње на школувањето се врака во Македонија полн со знаење и елан за работа и набргу  се вработува во Металскиот завод Тито. Системот на владеењето и работата како и не прифакањето на иновации го приморува младиот и талентиран Борис да бара предизвици на друго место. Со тешко срце ја напушта родната земја и во 1952 година тргнува низ светот.

Десет години подоцна, во Аргентина во Буенос Ајрес, се запознава со прекрасната Катарина родум од Книн.Љубовта ја крунисуваат со брак и го започнуваат заедничкиот тежок и трнлив пат. Во 1970 година пристигнуваат во Канада за по многу кус период да се доселат во С.А.Д. во градот Бафало. Таму Борис се вработува во рафинерија и е доста почитуван како вреден работник и познавач на својата струка.

Желбата и знаењето дека може да одпочне со свој бизнис созрева кога во 1982 година се доселуваат во Лос Ангелес-Калифорнија.
Додека Борис работи во рафинерија, Катарина во домашната гаража по инструкции на сопругот ги произведува првите комресорски вентили. Додека вентилите се печат, Катарина го подготвува ручегот, го средува домот и ги надгледува двете деца што Господ им ги подари во нивната брачна заедница. По некогаш и двајцата не го забележуваат ни денот ни ноќта кога поминале, зашто порачките мора да се достават на време. Вредните раце на Катарина и дарбата со која Бог ја обдарил не мируваа и кога и требаше одмор, таа го поминуваше во изработка на уметнички скулптури, се со цел да се заработи долар повеќе и да се одпочне со свој бизнис.

Со Божја помош, желбата им се исполнува и денес во нивната фабрика К-Б Делта, каде се произведуваат вентили за плински компресори на машини лично конструирани и направени од Борис Матето, работат над 60 души. Нивните производи се барани во : С.А.Д. Канада, Кина, Русија, Индија, или скоро насекаде во Светот.
До се ова како што и самите велат е дојдено со многу труд и Божја помош, па затоа и достоинствено се оддолжуваат на Бога за се она што им дал.

Народната мудрост вели:  Не е богат оној што има туку оној што дарува. Раководени од ова, а и од вербата дека Бог им умножува на оние што даруваат, скоро и да нема повик за помош, а од нивна страна да не е помогнато.Ќе наброиме само неколку од поново време. Богато се одповикаа за помош на опожарениот манастир Св. Јован Бигорски во Дебар. По повод катастрофалните поплави до Црвениот Крст на Македонија испратија 50.000 долари, а она што и ме предизвика да ја напишам оваа приказна е донацијата од по 1.000 долари за секое семејство без разлика на верата или нацијата на загинатите полицајци во Кумановската битка кои ги дадоа своите животи на браникот за слободата и доброто на нашата татковина Македонија.

Покрај ова, тие се и нај големите донатори и помагачи како членови на нашата Македонска православна црковна заедница при црквата Успение на Пресвета Богородица во Лос Ангелес.
Накусо речено, тие се две тела со едно големо христијанско срце.

За Преминпортал: (Н.Н.)