Скопје, 17-ти мај 2015 год.- храм на св. пророк Илија

 

  За чедата Божји Александар и Станка, кои сега се соединуваатат во брачна заедница и за нивното спасение, на Господа да се помолиме.

- За да биде благословен овој брак, како на оној во Кана Галилејска на Господа да се помолиме.

Господи помилуј

Боже пречисти и Создателу на секоја твар, ти по Своето човекољубие си Ги изменил во жена реброто на на нашиот праотец Адам, си Ги благословил и си рекол: „плодете се и множете се и господарете со земјата“, и со соединувањето си направил од двајцата еден: „затоа ќе го остави човек таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја и обата ќе бидат едно тело“ и “Бог што  составил човек да не разделува“...

Сам Ти Владико Пресвети прими ја молбата на нас, рабите Твои, и како таму, така и овде дојди невидливо со застапништвото Твое, благослови го овој брак и подај им на чедата Твои Александар и Станка мирен живот, долговечност, целомудрие, заемна љубов во мирна заедница, долговечно потомство, во децата благодат и невенлив венец на славата.

 

Во Неделата на Слепиот, кога Македонската православна црква-  Охридска архиепископија, молитвено го прославува споменот на светата маченичка Пелагија Тарсиска  , во храмот на свети пророк Илија, во скопската населба Аеродром,старешината на храмот, свештеникот Бранислав Стојанчов, во сослужение на свештеникот Златко Малинов, протоереј Зоран Стаменковиќ и ѓаконот Гоце Постолски   отслужи Божествена Литургија. Во текот на Литургијата, се соединиа во брачна заедница Александар и Станка.   Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На певницата молитви кон Бог упатиа членовите на прекрасниот хор Хармосини.

 

[youtube height="315" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=jPnlPsgYrpA[/youtube]

 

[youtube height="315" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=tV_abohdZ38[/youtube]

 

 Преминпортал (П.Р/К.Т.)

 

 Се најубаво од Бог.