3.angeli.so.truba

ВО ДЕЦАТА ТЛЕЕ ВИСТИНСКИ ВУЛКАН

Tлее вулканот од прашања без одговори. Едно дете во пубертет е под постојан притисок, бидејќи прашањата што го мачат, останале ‘’да висат’’, со нејасни одговори. Децата сакаат вистински и јасни одговори, а не полу-одговори. Одговорите како „Затоа што е така“, „Затоа што така велат свештеникот и Црквата“ не се задоволителни. Детето во пубертет е повикано да најде одговори на прашањата што излегуваат на површината и влијаат на се во неговиот живот почнувајќи од неговото тело, душата до наједноставните работи.

3.angeli.so.truba


Потребен е хируршки пристап со голема претпазливост, вештина и љубов. Тоа е исто како, кога  му приоѓате на заробениот лав да му ги одврзете оковите за да може сам да оди по патот на слободата. Младите луѓе имаат празнини, тие ја читаат книгата на животот со страници што недостасуваат. Се обидуваме да откинеме неколку страници, но на овој начин ја лажираме нивната животна приказна. Се обидуваме да ги учиме децата, но не разбираме дека многупати тие нè учат со своите прашања, а понекогаш нè исправаат пред нови предизвици и ќорсокаци.
Во денешно време,младиот човек има потреба од некој во кој целосно ќе има доверба. Потребен му е вистински став за секое прашање, а неговите прашања да бидат задоволени со сеопфатни одговори. Младите се чувствуваат сами, танцуваат  залудно со сопствените страсти, се восхитуваат од нив, бидејќи кога сакаат да разговараат со нас, имаме работа и сопствени преокупации, па нивната рана продолжува да крвари. Ранетиот ќе умре, а потоа прашањето „Зошто?“ ќе не опкружува како отровна змија. Родител со голема буква „Р“ е оној кој станува огледало на светоста за плодот на својата љубов и кој го води по патот на искуството, автентичноста и осветувањето.
Ајде да најдеме време за нашите деца. Да не стоиме пред нив или зад нив, туку до нив. Да бидеме нивни сопатници на патот кој сами ќе го изодат со Христос како нивен патеводител. Да бидеме и ние таму со нив.
Да ги возљубиме нашите деца, како што таткото во параболата го возљуби блудниот син. Да им дадеме љубов што е „долготрпелива, полна со добрина“, љубов што „не завидува, (…) не се возвишува себеси, не се гордее, не прави беззаконија, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, но се радува на вистината; се простува, во се верува , на се сè надева, сè претрпува “(1. Кор. 13: 4-7).

Автор: о. Спиридон Скутис
Превел: Симеон Стефковски
Извор: Богоносци.бг

 3.angeli.so.truba

18ти јануари 2021 лето Господово