3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

БОЖИКНА ПРИКАЗНА

Една вистинита приказна зборува за семејство во кое, мајката и синот биле христијани, но таткото не бил. Секој Божик, тие заминувале на црква, на божикна богослужба, додека таткото останувал дома и си читал весник. Тој не бил зол човек, но едноставно не можел да прифати дека Бог дошол на овој свет, во форма на мало бебе. За него, тоа било премногу тешко за прифаќање.

И така, и тоа божикно утро, додека сопругата и синот биле во црква, тој си седнал покрај каминот и почнал да си го чита својот омилен весник. Одеднаш слушнал тропање на прозорецот. Кога се свртел, забележал дека едно врапче, упорно се залетува и удира во стаклото на прозорецот, обидувајќи се да влезе во топлата соба.

Човекот се сожалил на премрзнатата птица и решил да излезе надвор и да се обиде да ја внесе внатре, на топло. Но кога и пришол на птицата, таа исплашена, почнала да бега од него и само повеќе се повредувала, удирајќи во блиските грмушки. Иако премрзнато, врапчето никако не сакало да биде фатено од големиот човек.

По неколку безуспешни обиди да го фати врапчето, кое упорно бегало од него, човекот исфрустрирано извикал на глас: „глупава птицо, толку ли не разбираш дека сакам да ти помогнам. Кога би знаела дека сакам да те внесам на топло, не би бегала од мене“. Тогаш направил мала пауза и пак почнал да размислува на глас: „Ех, ако би можел само да станам и јас малечка птица како тебе и да ти помогнам да разбереш...“.

И токму во тој момент се огласиле камбаните на црквата, потсетувајќи ги жителите дека денес е Божик, ден кога Божјиот Син се роди како човек. Наеднаш на човекот се му станало јасно. Паднал на колена, и плачејќи, во молитва извикал: „Боже прости ми, јас не разбирав, јас не разбирав“.

Да, токму тоа се случи на Божик; Божјиот Син зеде човечка форма и стана како еден од нас, за да може да ни го пренесе Божјиот план за спасение, за да знаеме како може повторно да се помириме со Бог. Можеби и за тебе тоа било несфатливо, но ако оваа приказна ти помогнала да разбереш, не е доцна и ти во молитва, да извикаш кон Бог.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

За Христовото доаѓање на овој свет, апостол Павле го запишал следново:
„Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос: Тој, иако по Својата природа е Бог, не ја искористи Својата еднаквост со Бог за да приграби нешто за Себе. Напротив, се откажа од тоа и стана слуга, се роди во човечко тело и живееше како човек. Како човек, Тој се понижи, остана покорен и по цена на Својот живот, и понизно умре распнат на крст. Затоа Бог Го воздигна и Му даде име поголемо од секое друго име“ (Филипјани 2:5-9).

 (Порготви:  Снежана Корнет)

Јануари 2022 лето Господово

 +++

7.Vselenski.sobor