30 октомври 2010

Дваесет и четирите личности ги обединува нивната идеја за за­ед­ниш­тво и соживот на Балканот. Ре­но­ми­ра­ни гости од балканските земји му се заблагодарија на Се­ра­фи­мов­ски за големите дела

Со многу академици, уметници, гости и пријатели од Хрватска, Австрија, Бу­га­ри­ја, Србија, од Црна Гора, во свечена и пријатна атмосфера помина зав­че­раш­на­та промоција на монографијата на академик Томе Серафимовски "Бал­кан­ско соѕвездие" и отворањето на истоимената изложба во Ма­ке­дон­ска­та академија на науките и уметностите.
Иде­ја­та за изложбата со скулптури и цртежи, како што рече Се­ра­фи­мов­ски, кому оваа му е 35. по ред, ја добил пред 40-ина години, кога почнал да ги разгледува личностите од македонската преродба, почнувајќи од Ѓор­ѓи­ја Пулевски, стасувајќи до средниот век, па до денес.
"До­бив појасна слика за врските на Балканот. Сфатив дека нашите предци уш­те пред десет столетија биле докажани дејци во Европа. Бидејќи го чувс­тву­вам Балканот како моја татковина, пред седум години почнав да ги ове­ко­ве­чу­вам во бронза, во мермер, гипс видни личности од балканскиот прос­тор", рече Серафимовски.
Цик­лу­сот содржи 24 личности од различни историски епохи, почнувајќи од Ли­ди­ја од Македонија, преку Ѓерѓ Кастриот Скендербег, Рига од Фере, Вук Ка­ра­џиќ, Људевит Гај, Јосип Јурај Штросмаер, Мустафа Кемал Ататурк, Ми­рос­лав Крлежа, сe до Мајка Тереза.
За значењето на творештвото на Серафимовски зборуваа претседателот на Хрватската академија на науките и уметностите Милан Могуш и ав­то­рот на воведниот текст во монографијата академик Јосип Братулиќ.
Бу­гар­ски­от амбасадор во Македонија Раковски Лашев на Серафимовски му врачи медал од Министерството за култура на Бугарија за придонесот во развојот на културата меѓу двете земји, а зборуваше и бугарскиот поет Љу­бо­мир Левчев, годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките ве­че­ри на поезијата.
Пос­ла­ни­е­то од францускиот поет Адонис до Серафимовски го про­чи­та Никола Ристановски, а поеми од различни автори читаа Кирил Ристовски, Висар Вишка и Бедија Беговска.
(Б.Н.)
Фо­то: Б.Грданоски

Извор: http://www.vest.com.mk/?ItemID=A448CE45ED98E74ABC4246EB7B6C42A7