Средба со љубовта

Час по Македонски јазик. Сите возбудено го очекуваме доаѓањето на професорот, ќе се прави писмена по македонски јазик, а темата непозната ... Влегува професорот така строг, веднаш се фаќа за кредата и ја запишува ненајавената тема:
"За оној кој сака да пишува секогаш постои тема"
Ненајавеното стана објавено. Се нурнав длабоко во мислите ... 

    Гледајќи во овој бесконечен наслов кој опфаќа сè што може уметноста во срцето на човекот да искаже, ја здогледав љубовта како една нежна самовила која седи некаде во бескрајноста на човековите чувства т.е. мисли. Гледајќи ја така радосно, бев воодушевен од нејзината магична појава и неискажливото чувство на совршенство. Таа ме повика да отидам до неа, но јас, сиот збунет од преубавата рајска глетка, бев како неподвижен камен. Наеднаш почуствував како некое посебно чувство одвнатре ми зборуваше да пријдам без страв и сомневање во љубовта, дека таа е кралица на радоста и благодата, дека нема да зграшам ако Ѝ станам верен пријател.

    Така охрабрен со сета моја сила и разум, тргнав накај неа која стоеше некаде внатре во бескрајноста на моите чувства како да ми се насмевнуваше и повикуваше. Јас, инспириран од нејзината благодат и совршенство, Ѝ пријдев и Ѝ реков да ме извини за сиот овој период кој го бев изгубил заедно со нејзиниот непријател. Таа ми се насмевна и ми рече да не жалам, бидејќи и од лошото се збира мудрост и искуство. Таа беше толку љубезна и мила што јас почуствував како да сум во рајот. Ми кажа дека има пријатели со кои сака да ме запознае, тие чекале на мене од неодамна. Јас се израдував многу, и Ѝ се заблагодарив за сета нејзина грижа за мене. Таа ми рече дека се грижи за сите оние кои ја сакаат и почитуваат.

    Почнавме да се движиме низ нејзиниот бесконечен замок. Одеднаш здогледав еден стар човек со бела коса и брада, толку многу блескаше од сјајност што дури морав да ги покријам очите. Таа ми рече дека овој е мудрецот, а нему му рече дека јас сум човекот кој се обратил на неа. Мудрецот ми кажа дека блажен сум што се обратив овде во право место и време. Тој ми кажа дека секогаш ќе ми е на помош кога и да го побарам. Јас му се заблагодарив и му реков дека никогаш нема да го заборавам.

    Потоа се прошетавме малку наоколу и таа ме запозна со многу други нејзини пријатели меѓу кои беа и верата, надежта, другарството. Сите ми дадоа подршка и ми рекоа дека ќе ми помагаат кога и да ги побарам.

    Така радосен од целиот поминат ден во домот на љубовта смирено заспав. Престојував уште еден ден кај неа. Почестен од сите нејзини благодати, таа ме испрати до портата кој беше граница меѓу апстракното и реалноста. Пред да одам, таа ми кажа една мудра реченица: "Размислувај како што луѓето размислуваат околу тебе, на таа основа сè е можно". Јас го задржав тоа на ум и така ја преминав портата која ме одведе на столот во мојата училница каде што ја довршував писмената по македонски јазик.

Молитва:
Господи, прати им ја Твојата милост на сите деца на земјата што ги љубиш, и дај им да Те познаат Тебе преку Светиот Дух. Со солзи те молам: услиши ја мојата молитва за Твоите деца, и дај им на сите да ја познаат Твојата слава преку Светиот Дух.

Мојата душа жеднее по Живиот Бог. Мојата душа повторно бара до ситост да се наслади од Господа. Господ го создаде човекот од прав и му го вдахна здивот на животот. И човечката душа се сроди со Бога. Господ така го возљуби своето создание, што му Го даде Светиот Дух на човекот, и тој Го позна својот Создател, и Го возљуби.

Светиот Дух е љубов и сладост за душата, за умот и за телото. Но, кога душата ќе ја загуби благодатта, или кога таа се намалува, тогаш душата повторно со солзи Го бара Светиот Дух, и тагува по Бога, и вели:
„Тагува душата моја по Господа, и со солзи Го барам. Како да не Те барам, Господи? Ти Самиот прв ме побара мене и ми даде да се насладам од Светиот Дух. И сега мојата душа тагува по Тебе. Моето срце Те возљуби, и Те молам: Дај ми до крај да пребивам во Твојата љубов. Дај ми заради Твојата љубов да ги поднесувам сите неволји и болести”. Свети Силуан Атонски
Спаси го, Господи, и помилувај го мојот духовен отец,
не осудувај го и не измачувај го заради мојот гревовен живот.

Умножи ги во него духовните дарови, откриј му ги сите мои прегрешенија, исполни го со мудрост, со милост и со љубов, и заради неговите молитви дарувај му простување на гревовите, исправање на животот, преуспевање во добродетелите, и испрати му ја Твојата богата милост.
Запази го, Господи, во овој ден (во оваа ноќ) да го избегне гревот, совладај ги неговите телесни и бестелесни непријатели, избави го од видливи и невидливи непријатели и запази го од лукави и неправедни луѓе. Спомни го, посети го и зајакни го на многу години, заради нас грешните. О, Пресладок Исусе!

Господи, Ти си безмерно Свет, безмерно Праведен, безмерно Милостив! Господи, освети го со Твојата Светост мојот духовен отец, оправдај го со Твојата праведност, закрили го со Твоето милосрдие, и по неговите свети молитви прости ми мене, големиот грешник, и на сите негови духовни чеда прости им, зашто си Благ и Човекољубив.

"Словото на духовниот отец допира до длабочината на срцето на духовното чедо и однатре го преобразува: му носи светлина на верата, му носи сила за подвигот, му влева надеж во духовната борба. Духовно го раѓа и го гради, преку взаемниот личносен однос, новиот, во Христа, човек. Односот „духовен отец – духовно чедо“ е Света Тајна на взаемно проникнување и растење во Христа."

  Ова го посветувам на мојот духовен отец, затоа што духовно ме води, неговите зборови ме креваат кога сум паднат и ми даваат сила за да продолжам понатаму.......Отец, ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!

На сите верници - од сè срце - им го честитам најголемиот празник Воскресение ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН!
Да дари БОГ од ДУХОТ Негов во изобилие, та Мир, Љубов, Радост ...
и сите останати полодови Негови, видно да се умножат!
АМИН.


Подготви:
Ѓорги Стојанов ученик втора година гимназија при СОУ "Јане Сандански" Струмица