Отец Виргилиј Георгиу, по потекло молдавец, запишува во неговиот календар, дека кога имал 15 години, му се пожалил на својот татко – свештеник, за своето име Виргилиј, дека нема ниту еден светител закрилник со тоа име.

Татко му му објаснил дека Виргилиј бил познат поет, и дека ако сака, може тој самиот да стане светител, па идните генерации да го имаат како светител Виргилиј.

Тој со радост истрчал во својата соба, имајќи ја светоста како цел на својот живот. Но, вечерта не можел да заспие, затоа што не можел да сфати како може да станеш светител. Отишол, го разбудил татко си и го прашал. А тој грубо му одговорил:
Отец Виргилиј

– Да ги љубиш твоите непријатели.

Пак си отишол во креветот, но по малку време дошол неговиот татко, затоа што чул плачење.

– Што ти е, дете мое?

– Тато, јас немам непријател… значи не можам да станам светител…

И таткото му одговорил:

– Уште си мал… во твојот живот ќе се појави некој непријател…

Така животот го носи и тогаш на 60 години открива кој бил убиец на татко му.

И тогаш се сетил… Еве прилика… Да му прости, за да ги искачи првите скалила од светоста!

*

Иако сето ова изгледа како бајка, но не е.

Повеќе личи на бајка нашата перспектива за да најдеме сила да им простиме на пријателите и на непријателите.



Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Православна светлина 58