Да мислиш дека имаш свој став, а да не ја знаеш вистината е себеизмама... тоа е како да зборуваш колку е страшно во бура, а ја гледаш од брегот... како да зборуваш како е да леташ со авион, а никогаш не си летал... како да зборуваш колку е убаво да планинариш, а никогаш не си се обидел да се качиш на планина ... или да зборуваш дека е убаво да се плива, а не знаеш да пливаш...

Вистината е живот во Христа... не се ни осудувај да зборуваш за нешто до кое не си дошол... влези во "морето", почни да пливаш, па кажи си за своето искуство, до тогаш не е потребно твоето мислење, бидејќи нема опит, нема допир со вистината, додека седиш на брегот и ги гледаш брановите од далеку, нема живот во Христа...

Да одиш покрај патот и да одиш на патот не е исто... да живееш со Христа е едно, да не си стигнал до Христа и кога те донел некој на вистинскиот пат, да одбиваш и да бираш некој друг пат, секако дека можеш и смееш, но, барајќи ја слободата, само ќе талкаш , ќе губиш време, и на крајот кога повторно ќе дојдеш на вистинскиот пат, ќе видиш дека Христос е Тој што ослободува, и никој друг... Христос е Тој што треба да не води, а не нашето слепо Јас...
„Се' е дозволено, но не е се' полезно...“
Патот кон вистината е еден - Христос... до таму не се стигнува лесно, и не се оди овој пат, како што ти си наумил, за тоа треба духовен отец, духовен раководител со чија помош ќе почнеш да разликуваш добро од лошо... колку многу работи сме мислеле дека се добри, и станале наше секојдневие, а се толку опасни за нашата душа, за нашето спасение...

Излезот од бездната во која пропаднала нашата душа е покајание, исповед кај духовник , пост, молитва и како круна на сето тоа - причест - соединување со Крвта и Телото Христови... многу работи, да не речам животот, се учи низ Литургијата и проповедите во црквите и манастирите...

Неодејќи во црква на Литургија и на Богослуженија, не одиме со Христос, не одиме по патот на вистината, а тоа е единствениот пат кој води кон спасение... без Христос нема живот, без Христос нема спасение...

Избор од ФБ на Радмила Јанчевска

 

4-ти мај 2017 лето Господово