cid:image001.png@01CCB6B7.905F0B00 Скопје, 9-ти и 10-ти март  2012 ТРЕТ ПОВИК ЗА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „ЛИЦАТА НА КРИЗАТА“  Се чини дека живееме во време на нестабилност и вознемиреност кои ја зафаќаат не само индивидуата, туку и цели гру­пи и нации или општеството во це­лост. Еден призрак кружи над Европа: призракот на КРИЗАТА. Кои се нејзи­ните мно­гу ЛИЦА? Кој е патот НАД­ВОР од неа? Кои се нејзините многу-образни појави во економијата, поли­тич­киот живот, криминалистиката, безбедноста, инфор­ма­ти­ката, медицината и психо­логијата? Кој лик ù го даваат уме­тни­ците во нив­ни­от вечен стремеж кон квинтесенцијата на емоцијата, перцепцијата и интелектот? Ве повикуваме заеднички да размислуваме за сите овие предизвикувачки пра­ша­­ња на Втората меѓународна - научна конференција: „ЛИЦАТА НА КРИ­ЗАТА“ која­што ќе се одржи на Европскиот Универзитет  Република Македонија во Скопје на 9-ти и 10-ти март 2012. година.  Во фокусот на нашето внимание ќе бидат следниве теми на кои што ќе се работи по сесии: ·         Слушни го глобалниот шепот·         Кризата и предизвиците во безбедносниот сектор·         Глобализацијата – Либералната демократија – Новите политички идеи·         Новото право како инструмент на модерниот човек·         Злоупотреба и заштита од злоупотреби на информатичко-комуни­кациски­те технологии·         Креирање на дизајн стратегија во услови на криза·         Актуелните релации и специфики на глобално, регионално и локално ниво во дизајнот·         Лицата на кризата во маркетингот·         Лицата на кризата во менаџментот·         Лицата на кризата во финансиите  Пленарни предавања за сите учесници ќе одржат еминентни научници од областите што Ви ги предложивме како предизвик и размисла. Воведно предавање ќе одржи д-р Густав Фог­хамар од Стокхолм, Шведска, на тема: „На­сил­ност и агресија – Радосна лекција за тем­на­та страна на човековиот ум“ (G. Foghammar: Violence and Aggression – Joyful Lecture Of The Dark Side Of Human Mind“).  Тој ќе ни покаже дека лицето на кризата, иако мрачно, има ра­дос­на страна како прилика за растеж. Информациите за Конференцијата се наоѓаат на следната интернет адреса:http://www.eurm.edu.mk/nastani/nastan/povik-za-megjunarodna-nauchna-konferencija-licata-na-krizata.html 

Покровител на Конференцијата

Европски Универзитет - Република Македонија во Скопје

Почесен одбор:

Проф. д-р Бојо Андрески (Претседател на ЕУРМ);Доц. д-р Билјана Андреска  - Богдановска (Директор на ЕУРМ). 

Програмски одбор:

 Претседател:Проф. д-р Лидија Наумовска (Ректор на ЕУРМ)  Проф. д-р Рамо Маслеша (Декан на Факултетот за криминалистика, крими­но­ло­ги­ја и сигурносни студии во Сараево, Босна);Доц. д-р Здравко Скакавац (Факултет за правни и деловни студии во Нови Сад, Србија);Проф. д-р Стефан Симеонов (Академија на Министерство за внатрешни работи на Република Бугарија);Д-р Густав Фогхамар (Шведска);Д-р Мајкл Енедува (Нигерија);М-р Драган Триван (Србија);Проф. д-р Алекса Стаменковски (Проректор на ЕУРМ);Проф. д-р Биљана Перчинкова (Проректор на ЕУРМ);Доц. д-р Стојан Славески (Декан на Факултетот за детективи и криминалистика);Проф. д-р Живко Андревски (Декан на Факултетот за правни науки);Проф. д-р Славјанка Оџаклиевска (Декан на Факултетот за стоматологија);Проф. д-р Ристо Христов (Декан на Факултетот за информатика);Проф. д-р Љупчо Стојчески (Факултет за економски науки);Доц. д-р Савица Димитриеска (Декан на Факултетот за економски науки);Доц. д-р Слободан Шајноски (Декан на Факултетот за политички науки);Доц. м-р Јана Манева – Чупоска (Декан на Факултетот за арт и дизајн); Проф. д-р Виолета Наумовска (Факултет за економски науки);Доц. Д-р Јован Пехчевски (Факултетот за информатика);Доц. д-р Атанас Козарев (Факултет за детективи и крими­на­ли­стика);Доц. д-р Јован Лозановски (Факултет за политички науки);  

Организационен одбор:

 Претседател:Проф. Д-р Биљана Перчинкова Членови:Проф. д-р Алекса Стаменковски;Проф. д-р Стојан Славевски;Доц. д-р Атанас Козарев;Асистент м-р Славко Гавриловски;Асистент м-р Васко Богдановски;Самоил Крстевски. 

Распоред на активности:

Пријавување на кандидатите

Пријавувањето е во електронска форма и пријавата треба да се испрати на e-mail на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..Краен рок на пријавување е 10.01.2012 година. Пријавата треба да содржи:
  •  
    • Име и презиме на кандидатот, контакт e-mail адреса и телефон;
    • научно звање (ако го има);
    • Назив на Институцијата во која што работи;
    • Наслов на трудот;
    • Апстракт на трудот во електронска форма.
 

Поднесување на трудот (во електронска форма)

Kраен рок: 15.02.2012 година.

 

Котизација:

20 евра во денарска противвредност се плаќа на:Трансакциска с/ка: 300000002914983Депонент на Комерцијална банка, со назнака „Котизација за конференција“;Учесниците од странство плаќаат 20 евра на:IBAN  COD    MK  07300701002444367 KBKOBSMK2X. 

Белешка за авторите:

 ·         Насловите на статиите се пишуваат на македонски или англиски јазик со големи букви со 12 pt, Bold тип и центрирани. Под името на авторите треба да стои името на институцијата напишано во Italic со 10 pt. и центрирано.·         Воведот, главниот текст и заклучокот на статијата треба да бидат напишани во Times New Roman 10 pt, индексите со 7 pt, под-индексите со 6 pt., подредени со Justify. Проредот е од типот Single.·         Апстрактот и Клучните зборови се само на англиски јазик, 9 pt., Single и лево центрирани. ·         Формулите и другите симболи треба да бидат напишани со Equation Editor 3 Italic 10 pt.  cid:image002.png@01CCB6B7.905F0B00    Доц.Јана Манева-ЧупоскаДеканФакултет за Арт и дизајн-Европски Универзитеткабинет 209бул Климент Охридски 68Скопје, Република МакедонијаЕмаил: jana.manevacuposka@eurm.edu.mkwww.eurm.edu.mkтел.3202-091моб.078/482-018