Од денеска, па се до петок во Културниот центар Точка ќе се одржи првиот Граѓански видео фест. Отворањето на фестивалот вечерва (20,30 ч.) ќе помине со проекциите на документарните филмови "Приказна за пронаоѓањето" и "30 Скопски лета". Во петте вечери на фестивалот, преку 10 видео остварувања ќе се претстават постигнувањата на граѓанскиот сектор во неколку области, како што се културата и уметноста, зачувувањето на животната средина и културно-историските богатства на Македонија, помошта на најранливите групи во општеството, волонтерството и младинските иницијативи. Филмовите и видео сториите се реализирани во соработка со реномирани продукциски и телевизиски куќи од земјава.

Граѓанскиот филм фест го реализираат Културниот центар Точка и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од страна на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а имплементиран од партнерски конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).