Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 октомври 2015 година (сабота), во 20 часот ќе се отвори изложба на Јасминка Новковска со наслов Во кој свет живееме?.
На изложбата ќе бидат изложени стотина дела и е психолошко и психијатриско истражување. Делата се поделени во неколку циклуси:

1. Филмска уметност
  (,,Психо“, ,,Птици“, ,,Лудило“)
2. Портрети на многу душевно болни луѓе
3. Портрети на многу луди луѓе
4. Луѓе од вселената, луѓе-инсекти
5. Човек - луѓе - животни - праисториски животни
6. Борба на змеј со животно - душевно болни и луди луѓе
7. Портрети на познати уметници,(Ван Гог, Фрида Кало, Енди Ворхол, Анри Матис, Пол Гоген, Салвадор Дали, Френсис Бејкон, Жан Мишел Баскијат, Кеит Харинг, Рене Магрит, Пикасо, Едвард Мунх, Пол Кле).
8. Два автопортрета
9. Пoртрети на најноторни убијци - сериски убијци на сите времиња, (Денис Радер, Андреј Чикатило, Ричард Трентон Чеис, Аилин Вурнос, Хенри Ли Лукас, Ед Геин, Гери Рајвеј, Тед Банди, Џон Вeин Гејси, Џефри Дамер)

    Изложбата е во состав на манифестацијата Бели ноќи. Кустос на изложбата е Љупчо Маленков.

    Со почит,

    Национална галерија на Македонија.



Aвтобиографија
Јасминка Новковска е родена на 22.06.1975 г. во Скопје, Македонија. Во 1993 година завршува во средното уметничко училиште ,,Лазар Личеноски“. Во 1998 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од март 1999 година до март 2000 година специјализира на Националната художествена академија во Софија. Од октомври 2001година до јуни 2003 година магистрира на Националната художествена академија во Софија. Има две студиски патувања во Париз и Рим 1995 година и во 1998 година. Во јуни 2001 година беше избрана како учесник од Македонија на Франкофонските игри во Отава, Канада. Двомесечен студиски престој во Cite, International des Arts, Париз, Франција. Ликовен перформанс за денот на жената во Музеј на град Скопје во 2009 година. Ликовен перформанс пред галеријата ,,ОКО“ на улица Македонија, 2011 година, септември, на тема ,,Еротика на улица Македонија“. Од октомври е член на  ДЛУМ. Добитник е на втората награда  „Борко Лазески“ од Факултетот за ликовни уметности. Добитник е на наградата „Љубомир Белогаски“ за најуспешен млад автор за изложбата „ЕРА“ во октомври 2000 година, во Музејот на град Скопје. Добит ник на наградата за најдобро дело за делото „Еротика“ доделено од галерија „ОКО“ и од град Скопје, 2011 година. Нејзиното дело „Слепците“ е откупено во 2014 година и е во колекцијата на Националната галерија „Даут-пашин амам“. Учествува на ликовни колонии во Бакау во Романија во 2000 година, во Струмица во 2000 година и на многу други колонии.    

Самостојни изложби:

2013 г. - Скопје, Културно-информативен центар - Секспресија и портрети -„Гревот стана мода“ - старец Пајсиј
2012 г. - Скопје, Кафе „Ли“ - Фотографии
2011 г. - Скопје, кафе „Ли“- „Психијатриски портрети“
2011 г. - Скопје, кафе-галерија „Осум“- „Пејсажи“
2011 г. - Скопје, Музеј на  град Скопје - „Портрети“
2011 г. - Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“- „Изгубени души“
2009 г.- Њујорк, галерија „МЦ“- ,,Психијатриски портерети“
2009 г. - Скопје, Национална галерија „Чифте-амам“ - „Животинска планета“
2008 г. - Скопје, Бугарски културен центар, слики
2006 г. - Скопје, Мултимедијален центар „Мала станица“- „Современа машина“
2005 г.- Берлин, галерија „Прима центар Берлин“ и „Голд“ - „Изгубени души“
2005г. - Њујорк, галерија „МЦ“ - „Изгубени души“
2003 г. - Скопје, Музеј на современата уметност - „Изгубени души“
2003г. - Софија, Национална галерија за чуждестрано искуство - „Изгубени души“
2000 г. - Скопје, Музеј на град Скопје - „ЕРА“
2000 г. - Софија, Национален музеј Земјата и хората - „Духот на времето“

Има реализирано 50 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Ро-      
манија, Франција, Канада и Америка.  


Веб-страницаа: www.jasminkanovkovska.vestel.com.mk
Веб-страница на ДЛУМ: http://www.dlum.org.mk