Korica.Kelija6.jpg


 Korica.Kelija.jpg

ЗА ИКОНОСТАСОТ

Навистина, големата чест и задоволството, во уметничката биографија да биде впишано името на Воведението на Пресвета Богородица, им го должам на Бога, на отец Стефан Санџакоски и на господин Илија Илоски.
Мојот првенец, првиот иконостас.
Црквата на Пресвета Богородица е мала по димензиите, но величествена е како скапоцен камен. Таа е парадигма како треба да изгледа црква со помали димензии.
Богата е со зачуван, автентичен живопис, сугерира на заедница малечки, но одбрани, заедница на оние што имаат уши да слушнат.
Според моето чувство, црквата би требало секогаш да има две мерки - да биде по мерка на Бога и по мерка на човека, се разбира, Боголикиот човек. Дури тоа и ги дава на црквата опсегот на бесконечноста и димензијата над просторноста. Таква е и црквичката посветена на Пресвета Богородица во селото Велмеј.
Изработката на икоконостасот во оваа црква за мене е воведување (Воведение) во светот на камената пластика и преданост на православната камена резба. Работа, која се надевам, ќе ми го одреди останатиот од живот.
Иконостасот на ова црква, по својот распоред е асиметричен, со два отвора. Освен отворот за царските двери, постои и отвор за проскомидијата. Тоа е честа практика во црквите со помали димензии од тоа време - иконостасот да биде без трета, ѓаконска врата.
Преградата се состои од две парапетни плочи, од кои едната е двојна. Ист е и распоредот на иконите, на двојната парапетна плоча има две икони. На парапетните плочи се наоѓаат столпчиња, кои преку капителите ја носат архитравната греда и, еден самостоен столб што има иста функција како носач на гредата.
Во парапетите се издлабени мотиви по примерот на светогорската, византиска камена пластика. Конкретно, примерот за некои од мотивите е иконостасот од Протатон и камената пластика од Св. Софија Охридска.
Освен основната функција, да го одвои олтарот од наосот (да го одвои, не да го скрие), олтарската преграда е и носач за иконите. Иконите се символ на невидливиот свет, невидлив за нашето ограничено око. Тие се своевиден патоказ дека освен овој, постои еден подобар, почист, за нас подготвен свет.
Секако дека декоративниот момент во постоењето на преградата има значајна улога. Во црквата се треба да ја изразува атмосферата на Небото и Царството на Идниот век. Нашиот труд да не ја нарушиме атмосферата и веќ е постојниот поредок на оваа древна светиња, беше основна интенција при иработката и проектирањето на иконостасот, а токму во тоа имавме несебична помош и поддршка од отец Стефан Санџакоски.
Да даде Господ, во оваа прекрасна црквичка, што почесто да се служат Свети литургии. И да се причестува верниот народ.


Милан П. Ракочевиќ

 

 Повеќе:

Излезе од печат монографијата: „Св. Богородица Пречиста - Ќелија“