224664.b.jpg

   Митрополит Гортински Еремиј: Нашата славна нација доживеа пад оти се одвративме

од Бога на нашите татковци

30 декември 2015 лето Господово

Отакао отслужи Божествена Литургија,224664.b.jpg четири дена по озаконувањето на еднополовите заедници од страна на грчкиот парламент, Митрополит Еремиј им се обрати на верниците со проповед. Најпрво тој се обрати со утешен збор до православните грчки семејства.

Потоа тој кажа за „големото прегрешение“ што се случи во Грција, а имено за тоа дека гревот и распуштеноста се издигнати на ниво на закон. Митрополитот беше вознемирен поради однесувањето на пратениците од неговата епархија, кои гласаа за овој „одбивен закон“.

Тој ги повика христијаните да им ја изразат на пратениците својата нажаленост поради нивната постапка која тој ја нарече „срам“. „Одете во судот“, им рече владиката, „ќе слушнете што ќе им кажам“.

„Но не оставајте ме, мои христијани, не оставајте ме сам да се борам. Ова не е само моја вера и не е само моја Татковина. Туку ова е нашата заедничка вера Православна и нашата заедничка родина Грција. Нашата славна нација, прославена со илјадолетија, доживеа пад затоа што се одвративме од Бога на нашите татковци. Ќе дојде до тоа Господ да ја одземе од нас Својата благодат, кога ние го газиме Неговиот закон и на секакви гнасотии им даваме статус на закон“, заклучи тој на крајот од проповедта.

Верниците, судејќи според нивните лица, беа вдахновени од повикот на владиката Еремиј да бидат негови соборци во борбата на Црквата за верата и вистинската моралност во Грција.

„Јас сега неизоставно ќе му се јавам на пратеникот“, рече една од парохјанките.

„Нема да го оставиме владиката сам да се бори, бидејќи и ние го пазиме она што ни го заповедале нашите предци, и ние си ја љубиме Татковината“, велат христијаните.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир