Се изработи икона за слепи луѓе

27 декември 2015 лето Господово

Необичната икона беше осветена во Михаило-Архангелскиот храм на Новочеркаскinformation_items_33995.jpgИзработена е во техника на висок релјеф, за да им овозможи на слепите луѓе да го „видат“ ликот на покрстителот на Русија Св. кнез Владимир.

Предавањето на иконата од Св. Владимир на Новочеркаската парохија при Ростовската епархија, се случи благодарение на Владата на Москва, зографската работилница „Зон“, Синодалниот оддел за работа со млади, Програмата на Центарот за православна младина, наречен Св. Георгиј Победоносец, во соработка со Синодалниот оддел за црковна добротворна дејност и социјална служба. Ликот беше изработен од уметници на Московската работилница „Зон“ и донесен во Новочеркаск од страна на претставникот на работилницата Константин Елисеев. Иконите изработени со техника на висок релјеф, се неопходни за луѓето со нарушен вид за тие да можат потполно да го осознаат ликот.

Осветувањето на иконата на Св. кнез Владимир, чијшто илјадалетен јубилеј се одбележа оваа година, го изврши парохискиот свештеник на Новочеркаскиот округ протојереј Олег Добрински. На богослужбата во тој ден присуствуваа школата – интернат за слепи и лица со оштетен вид, како и претставници на регионалниот оддел на серуското здружение на слепите.

Извор: Приход

Преземено од: Бигорски манастир