212331.b.jpg




2 септември 2015 лето Господово

На 21 август 2015 год., на Филипините се изврши масовно православно крштение. Во Православие премина целата заедница на Аглипајанската Црква (исто така позната како Филипинска независна Католичка Црква), во областа Ладол општина Алабел при Филипинската провинција Саранган.

Во тој ден, во Тихиот океан беа крстени 239 Филипинци, вклучително и 2 поранешни Аглипајански епископи, 4 поранешни Аглипајански свештеници и мноштво мирјани.

Поранешниот Аглипајански епископ Естебан Валмера во православното крштение го доби името „Стефан“, поранешниот епископ Рохелие Рингор го доби името „Григориј“, поранешниот свештеник Елизер Делфин го доби името „Елеазар“, поранешниот свештеник Диоскоро Бергадо го доби името „Алексиј“, поранешниот свештеник Џон Колјадо во светото крштение беше наречен со името „Тимотеј“, и поранешниот клирик Ренато Буниел беше наречен со името „Роман“.

Меѓу крстените во тој ден имаше и 5 кандидати од Духовната Семинарија во Русија. Масовната крштевка ја изврши свештеникот Георгиј Максимов и ереј Кирил Шкарбул. На Светото Таинство Крштение му претходеше период од цели две години катехизација.

Локалната парохија до примањето на нивното крштение беше под Аглипајанската црква со епископската катедра. Отсега таа ќе стане веќе четврта парохија на Руската Православна Црква на Филипините, а нејзин небесен покровител ќе биде Св. Јован Крстител.

Овој настан е пресуден момент на Руската Православна мисија на Филипините. Во следните недели се очекува масовна православна крштевка во различни делови на Филипинското острво Минданао, во кое се наоѓаат 29 локални општини.

Многаја лета на новокрстените православни христијани.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир