Епархиите на Донецк и Горловскиј прогласија строг пост
41.jpg

03 јуни 2014

Верниците се повикани да ги засилат нивните молитви за мир и за запирање на41.jpg воениот судир. Според една древна црковна традиција верните во Донецк ќе постат строго и ќе се молат за мир во Украина.

Митрополитот Иларион на Донецк и Мариупол, потсетувајќи се на црковната традиција за засилен пост и молитва во бурни времиња, благослови оваа следна недела да биде прогласена за строг пост. Ова го изјави прес службата на Донецката епархија. Неговото преосвештенство особено благослови:

-Да се објави на епископатот, клирот, монаштвото и на сите верници на Донецката епархија апелот на Неговото преосвештенство за прекин на насилството во Донецкиот регион;

-Од понеделник 02 јуни до сабота 07 јуни, пред празникот на Света Троица (Педесетница), да се пости строго и да се моли засилено за мир и прекин на воениот судир.
Оваа добра иницијатива доби одзив и во епархијата на Горловскиј, бидејќи неговиот град Славјанск е мета на напад веќе еден и пол месец. Архиепископот Митрофан на Горлиска и Славјанск исто така ги замоли свештенството и парохјаните на оваа епархија, кој има сила и волја да пости и да ги засили своите молитви за мир на украинската територија.

Извор: the orthodox church info  

Преземено од: Бигорски манастир