Руската Црква  ја пренела иконата на  Богородица над Волгоград
·          
ПОСТОИ ЛЕГЕНДА ДЕКА  АВИОН СО ИКОНАТА НА  БОГОРОДИЦА  ЛЕТАЛ НАД ГРАДОТ  И ВООЧИ  КРИТИЧНИОТ  ДЕН   НА СТАЛИНГРАДСКАТА  БИТКА
           Над  ВОЛГОГРАД,  во кој од октомври се извршени три терористички напади, денес надлетуваше  хеликоптер во кој што беа свештеници со иконата на Пресвета Богородица   „Омекнување на злите срца“.
        Таа акција е одржана на заедничка иницијатива  на Волоградската епархија и градоначалничката на Волоград  Ирена Гусева.      

„Градската власт и свештениците одлучија дека иконата на Пресвета Богородица ќе помогне, пред се,` во исцелувањето на душевните рани на луѓето повредени во терористичкиот напад,  за утеха и за омекнување на срцата на роднините на жртвите  загинати на железничката и тролејбуската постројка  во Волоград“ - истакна претседателката на одборот за информативна политика на градот Волоград - Марина Кригер.
        Таа напомена дека постои легенда според  која во есента 1942. година, кога во Сталинград се воделе  најтешките борби,  после  тајниот Сталинов налог,  градот ноќта го надлетал авион со Казанската икона на Мајката Божја.  Тоа набрзо го разбрале војниците,  им се засилил моралот и ги победиле фашистите.
        Претходно во катедралната  Казанска соборна црква  во Волоград,   пред оваа икона на Пресвета Богородица е отслужен молебен за умножување на љубовта и  за искоренување на омразата и секоја  злоба.
Во Волоград на 29.  декември е извршен терористички напад на железничката станица, а на 30. декември се случила  експлозија  во тролејбус.
Спрема последните информации во тие терористички напади загинале 34 луѓе, додека 66  се наоѓаат во болниците во Волоград и Москва.
 
Категорије:

02.01.2014 год.

  • Подготви. МИна Даниловска