arh.Karelin.jpg

Прашањето упатено на ценетиот  духовник  од Грузија , архимандритот Рафаел Карелин :


Како да живее  лицето  кое страда од ментална болест?

Одговор:

 

  • Менталната болест не претставува  пречка за вечниот  живот, нервниот систем е оној кој боледува а  не бесмртниот дух. Доколку особата  со трпение ја носи својата болест, таа ќе му послужи за спасение.

Понекогаш со ментална болест се поврзуваат и демонските сили.

  • Во овој случај потребно е да се прибегне кон молитвите на Црквата,  често да  се исповеда и да се причестува, а исто така да се труди  да се изговара Исусовата молитва, не  напрегнувајќи се  премногу.

Исто така би советувал секојдневно да се чита Евангелието- тоа е најдобриот лек за душата.

Господ нека  ви помогне.


Архимандрит Рафаил Карелин