Постои гледнa точkа, според која само несогласувањето на православието со „духот на овој век“ може да го направи православието попривлечно. Ние ќе го земеме како пример, проблемот на мисионерската технологија.Современата цивилизација е технолошка. И човекот, воспитан со неа, исто така насекаде ја бара технологијата.  „Како да научите англиски јазик за 20 часа?“.  „Како најбрзо да се избавите од алкохолизмот со само 5 сеанси?“. „Како сам да си изградиш викендица за еден месец?“.  „Како да се најдеш во Царствто Божјо во пет чекори“. А православието е нетехнолошко. За разлика од современите секти, ние немаме готова технологија која би можеле да им ја предложиме на „клиентите“. Затоа, ние губиме од тие што ја имаат таа технологија. Окултизмот е технолошки. „Сакаш да достигнеш просветлување? – Еве ти мантра, еве ти гуру: оди и пеј!Неопротенстантизмот исто така е многу технолошки. „Ти го прифаќаш Христос како личен Спасител? Алилуја! Ти си спасен! Потпиши се овде и напиши го датумот!“.  Неопротестантот се сеќава како го обратиле. Тој се сеќава како му пристапиле, како му се обратиле, по кој редослед му ги поставувале прашањата и кои библиски цитати или аргументи му ги давале како одговор... Заради тоа преобратениот протестант и самиот е во состојба да ја произведува таа мисионерска технологија во контактот со другите луѓе. Но, во православието не постои таква мисионерска технологија. Самиот се губам, кога од теориски прашања моите соговорници преминуваат на практични. Еднаш ме збуни наједноставно прашање: „Што треба да направам за да станам православен?“. Тоа прашање ми го постави едно младо момче после едно мое предавање во сибирскиот град Нојабрск. И јас се збунив. Да ми поставеше прашање за карактеристиките на богословието во третото столетие, ќе му одговорев... Да ме прашаше што да прочита, ќе му препорачав... А тој ме праша за најважното. Во евангелието постои одоговор на ваквото прашање. Младичот, кој прашал, што да прави, (да прави, а не да чита) за да наследам живот вечен, Христос му предлага да остави се  и да оди по Него. Но, јас не сум Христос... Сепак, му предложив нешто слично. Тие денови немав ни половина час за да поразговарам насамо со него. Но, беше доволно и само една минута, да разберам дека тој сега завршил факултет и дошол на север да бара работа. „Ако бара работа значи дека сега ја нема?“ – „Да“. – „Ако не си вработен значи дека имаш слободно време?“ – „Да“. – „Тогаш држи се за мојата мантија и дојди на моите предвања кои ќе ги држам наредниве три дена... Можеби ќе слушнеш нешто добро за себе, нешто што го бараш...“. Третиот ден, се збогувавме во студената ноќ видов дека тој плаче... Замислете, пред мене стои човек што плаче. Значи нешто се сменило во неговата душа, го слушнал тоа што го барал. Но, што? – и ден денес незнам.Православната проповед е навистина нетехнолошка. Во неа нема маркетинг, ниту пак свесно пресметано дејство на потсвеста. Нема „обработка“ на умовите на новодојдените како на движечка трака. Се е индивидуално и непредвидено, незагарантирано... Но токму поради тоа таа може да привлче луѓе кои се плашат од технологијата. Бидејќи во друштвото, кое ја преживеало деценијата на тоталитаризмот, природно, има многу луѓе во кои живее стравот. Таа внимателност од светот на технологијата и броевите ги принудува луѓето да се оддалечуваат  од религиозните проповеди кои се отворено технолошки. Православието молчи. Не бара и не наговара. И тоа тивко православие проповеда со самата своја нечујност, неагресивност.  Да, масовната свест бара едноставни одговори. А православието не може да се смести во едноставен рецепт. Во православието има многу сложености, противречности, нејасни прашања, спорови... Тоа, што е тешко и нејасно, може да го одвикне човекот кој не е навикнат на самостоен интелектуален труд. Но тоа ги привлекува луѓето кои размислуваат. Тоа што ги плаши едните, предизвикува доверба кај другите. А како разултат на тоа, во големите градови православието се претвара во религија на интелектуалците. Тоа е привлечно за луѓето, кои имаат интерес за историјата, детали, сложеност.Еднаш, додека сеуште бев во богословијата, се запознав со еден младич, кој се спремаше да се запише во католичка школа и дури ги имаше предадено докуметите за упис. Се дружевме половина година, и како разултат на тоа, тој си ги зема документите од таму и премина во православие. Некаде околу една година подоцна, кога се утвди во православието, го прашав: „Слушај, сега можеш ли да ми кажеш, точно во кој момент дозна дека вистината е во православието?“ Му го поставувам тоа прошање, а во себе суетно си мислев дека ќе ми каже: „Се сеќаваш,  ти ми наведе таков аргумент?“, или пак„ми даде некоја книга да прочитам“ ...Ништо слично.  „Еднаш дојдов кај тебе на гости во богословијата, ми вели тој, шетавме низ градината, и се сретнавме со твоите пријатели од твојот клас. Тој ден заврна снег, и одеднаш ти се наведна и почна да правиш топки од снегот и да ги фрлаш во лицето на твојот пријател. Тој ти врати на истиот начин. Во тој момент се се смени во мене и само си помислив: „Еве ја вистинската слобода! Еве ја онаа вистинска љубов!“ Луѓето со право се плашат да не станат жртва на перењето на мозоци.  Затоа во лексиконот на мисионерите  не треба да постојат зборови од типот „работење со младината.“  Не смее да се маниполира со луѓето. Не треба да постојат никакви „антрополошки’ технологии, во тој смисол и технологија на воцрквовување.

Од книгата на протоѓаконот Андреј Кураев  „Перестројка во Црквата“

Симеон