Параболата за богатиот и Лазар се наоѓа само во Евангелието според Лука (16,19-31). Во приказната имаме три дејствија. Првото дејствие ни го прикажува контрастот помеѓу богатиот човек и сиромавиот Лазар (како богатиот се предавал на различни сетилни задоволства, без да го забележува сиромавиот Лазар). Вториот дел ни говори за нивната различна судбина по смртта (богатиот се мачел во пеколот, а сиромавиот се утешувал и насладувал во рајот). Третото дејствие ни ја опишува молбата на богатиот кон отецот Авраам да отиде и да им каже на сè уште живите, за тие да ја избегнат маката, но тоа барање било одбиено.
Зошто Бог не му дозволил на богатиот во адот да ги извести своите браќа и да ги предупреди да се покајат? Затоа што би немало никаква разлика. Бог во Своето предзнаење знаел дека тие нема да реагираат. Штом тие не им поверувале на најголемите луѓе меѓу нивниот народ, Мојсеј и пророците, зошто тие би му поверувале на сопствениот брат кој водел таков бесплоден и површен живот. Пророчки, Христос во Евангелието вели дека тие не би му поверувале ниту на човек, ако воскресне од мртвите. И навистина, знаеме дека така и се случило, бидејќи Христос го зборувал ова откако го воскреснал од мртвите синот на вдовицата од Наин.Освен тоа, тој пред време знаел дека Неговата смрт на Крстот и Неговото Воскресение нема да ги убедат сите. И навистина, би можеле да кажеме, ако Христос се врати и го повтори она што веќе го направи за нас, умирајќи и воскреснувајќи од мртвите, сепак сè уште ќе има такви кои нема да го прифатат тоа.
Нека Бог ни помогне да водиме внимателен живот. Господ ни дава многу можности. Го имаме Светото писмо за читање. Ги имаме богослуженијата кои, да бидеме искрени, честопати се слабо посетени. Мораме да најдеме начин со кој постојано ќе се убедуваме и ќе го следиме Евангелието. Ако не го направиме тоа, тогаш површно ќе бидеме христијани, но во суштина нема да се промениме. Сепак, Господ ни ги дава овиe можности.
Нека Бог ни помогне да водиме внимателен живот. Амин.
20.ноември летоГосподово 2016 2016