"Господ секого наградил со слободна воља.Ние често ја пречекоруваме нашата слободна воља и стануваме неумерени. Тие кои се умерени во исхраната живеат подолги и поздрави се. Исто така е и со духовното, едните користат мирни, тивки, благи и кротки мисли, а другите никако не се мирни, гледаат дека тоа не им служи на добро и повторно до тоа се држат. Нам не ни пречат другите, си пречиме ние сами на себе.

Ние мислие дека злото е надвор, дека кружи околу нас, но ако ние не би имале зло во себе, тоа не би можело да се закачи за нас.
Сета природа е таинствена, од билките па се до птиците и до човекот, бидејќи Бог е во се присутен.
Бог е несфатлива Енергија и човекот ја носи во себе таа несфатлива Енергија. Бог е во центарот на секој живот, Он е во нашето срце, без оглед дали ние го почитуваме или не ! Тој не се одвојува од нас бидејќи е животодавец. Он е двигател на животот на секоја твар.
Да не лутаме со мислите и да не гледаме што другите прават, туку да гледаме што ние самите правиме, дали тешиме или осдуваме, дали простуваме или љубиме. Подобро да не гледаме што другите прават за да не ги осудиме.

Да се занимаваме со себе самите и со сопствената душа. Ако се држиме до добрите помисли и животот ќе ни биде добар.
Какви ни се мислите , таков ни е и животот.
Господ секогаш чека да се поправиме, сите да ги љубиме бидејќи сите ни се род во Господ, сите вери, сите нации, сите бои на кожа, баш сите човечки битија.“

Подготви: Сузана Стефановска